Лав Николаевич Толстој
Лав Толстој | |
---|---|
Лав Толстој Фотографија на Сергеј Михајлович Прокудин-Горски. | |
Занимање | Романописец |
Период | 1852 — 1910 |
Жанр | Роман, новела, есеј |
Значајни дела | Војна и мир Ана Каренина Воскресение |
Потпис |
Лав Толстој, целосно Лав Николаевич Толстој (руски: Лев Николаевич Толстой), (9 септември 1828 (28 август, Јулијански календар) 20 ноември 1828 (7 ноември по Јулијански календар) 1910) — руски писател, најпознат по неговите романи и новели, богати со психолошка анализа и морално-филозофски белези.
Толстој се смета за еден од најголемите романописци на сите времиња, во прв ред поради неговите најпознати дела, Војна и мир, историска и реална реконструкција на Наполеоновите војни и Кримската војна и Ана Каренина, трагична љубовна приказна. Како морален филозоф, Толстој е познат по своите идеи за ненасилниот отпор, искажани во неговото дело Царството Божје е во тебе. Овие идеи извршиле големо влијание врз Махатма Ганди, Ромен Ролан и Мартин Лутер Кинг. Покрај писател, Толстој е познат и како морален мислител и реформатор, кој извршил огромно влијание на христијанскиот анархизам. Во тој поглед било создадено Толстојското општествено движење, а самиот Толстој, иако бил воодушевен од создавањето на вакво движење, никогаш не ги охрабрувал луѓето да се приклучат кон него, сметајќи дека секој треба да има своја свест.
Животопис
[уреди | уреди извор]Толстој е роден во Јасна Полјана, на дворјанскиот имот од родителите кои потекнувале од благороднички семејства. Тој ја носел титулата гроф и живеел мирен, богат и спокоен живот. Речиси целиот живот го поминал на имотот во Јасна Полјана, освен четири години поминати на школување во Москва, а потоа извесен период поминал во Казањ, каде студирал на Филолошкиот, а потоа на Правниот факултет, кој не го завршил.
Кога се вратил во Јасна Полјана, тој ја започнал својата писателска дејност. Активно учествувал во Кримската војна, каде бил награден за пројавената храброст во битките. Толстој го посетил Париз, ја прошетал Швајцарија, но се разочарал од Западот и се повлекол засегаш на својот имот во Јасна Полјана. Се оженил со ќерката на еден московски доктор, која му родила 13 деца.
Толстој зборувал многу јазици – англиски, француски, германски, италијански; ги знаел и: грчкиот, латинскиот, украинскиот и татарскиот; а ги изучувал и: турскиот, холандскиот и бугарскиот.
Творештво
[уреди | уреди извор]- „Детство“ (1852)
- „Момчештво“ (1854)
- „Младост“ (1856)
- „Севастополски раскази“ (1855-1856)
- „Козаци“ (1863)
- „Војна и мир“ (1864-1869)
- „Ана Каренина“ (1873-1877)
- „Смртта на Иван Илич“ (1884-1886)
- „Власта на темнината“ (1886)
- „Кројцерова соната“ (1888)
- „Воскресение“ (1889-1899)
- „Царството Божје е во тебе“ (1894)
- „Господар и слуга“ (1895)
- „Хаџи Мурат“ (1896-1904)
Значење и влијание
[уреди | уреди извор]Според српскиот поет Јован Дучиќ, заедно со Достоевски, Толстој е најголемиот пророк меѓу писателите во нашето време.[1] Францускиот писател Албер Ками во младоста бил голем љубител на творештвото на Толстој.[2] Еден прозен текст на македонскиот писател Блаже Конески од 1988 година, насловен „Толстоисти“, го опишува неславниот обид на група струмички студенти да ја го применат учењето на Толстој.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Лав Толстој, „Раскази“ (аудио-книга)
- Лав Толстој, „Вразумете се!“ (антивоен манифест)
- Гане Тодоровски, „Лев Николаевич Толстој И Македонија“
|
- Родени во 1828 година
- Починати во 1828 година
- Никулци за руски писатели
- Анархисти
- Руски писатели
- Пацифисти
- Личности од Кримската војна
- Дописни членови на Петербуршката академија на науките
- Почесни членови на Петербуршката академија на науките
- Академици на САНУ
- Странски членови на Српската академија на науките и уметностите
- Христијани од 19 век
- Христијани од 20 век
- Христијански анархизам
- Починати во 1910 година