Кројцерова соната (новела)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кројцерова соната
Title page of the 1901 Geneve edition in Russian
АвторЛав Толстој
Изворен насловКрейцерова соната, Kreitzerova Sonata
ПреведувачФредерик Листер (1890)
Дејвид Мекдаф & Пол Фут (2008)
ЗемјаРусија
Јазикруски, француски,англиски, германски
Жанрроман
ИздавачБиблиографска канцеларија, Берлин
Издадена
1889
Страници118 (Издание Полард од 1889)
ISBN978-0-14-044960-0
ТекстКројцерова соната на Викиизвор

Кројцерова соната (руски: Крейцерова соната) — новела на Лав Толстој, именувана по Кројцеровата соната на Бетовен. Новелата била објавена во 1889 година и била цензурирана од руските власти. Делото е осврт, и поглед за неуспешноста на бракот како заедница во која љубовта изумира, а хармонијата меѓу партнерите се претвора најчесто во едно големо недоразбирање и оттуѓување[1].

Содржина[уреди | уреди извор]

За време на возење со воз, Позднишев слуша разговор за брак, развод и љубов. Кога жената тврди дека бракот не треба да се договори туку да се заснова на вистинска љубов, таа прашува „Што е љубов?“ и посочува дека, ако се сфати како ексклузивна предност за една личност, таа често поминува брзо. Конвенцијата налага паровите да останат заедно, а почетната љубов може брзо да се претвори во омраза. Потоа раскажува како кога бил млад посетувал проститутки и се жали дека женските фустани се дизајнирани да ги разбудат машките желби. Тој понатаму наведува дека жените никогаш нема да уживаат еднакви права со мажите сè додека мажите ги гледаат како предмет на желба, но сепак ја опишува нивната ситуација како форма на моќ над мажите, спомнувајќи колку од општеството е насочено кон нивното задоволство и благосостојба и колкаво влијание имаат врз постапките на мажите. Откако ја запознл и се оженил со својата сопруга, наизменично им менуваат периоди на страсна љубов и жестоки тепачки. Таа раѓа пет деца, а потоа добива контрацептивни средства: „Последниот изговор за нашиот свиреп живот – децата – потоа беше одземен, а животот стана погрозен од кога било“. Неговата сопруга го сака виолинистот Трухатчевски и двајцата заедно ја изведуваат Бетовеновата „Кројцерова соната“ (соната бр. 9 во А-мол за пијано и виолина, оп. 47). Позднишев се жали дека некоја музика е доволно моќна да ја смени внатрешната емотивна состојба. Ја крие својата бесна љубомора и оди на пат, се враќа рано, ги наоѓа Трухатчевски и неговата сопруга заедно и ја убива сопругата со нож. Виолинистот бега: „Сакав да трчам по него, но се сетив дека е смешно да се трча по љубовникот на својата жена во чорапи; и не сакав да бидам смешен, туку страшен“.[2].

Новелата на Толстој ја инспирирала сликата „Кројцеровата соната“ од 1901 година од Рене Франсоа Ксавиер Прине

Цензура[уреди | уреди извор]

Откако делото било забрането во Русија од страна на цензорите, нашироко била распространета самизадска верзија. Во 1890 година, Одделот за пошта на Соединетите Држави го забранил испраќањето на весници што содржеле продолженија од Кројцерова соната. Тоа го потврдил и државниот обвинител на САД во истата година. Теодор Рузвелт го нарекол Толстој „сексуален морален перверзник“. Забраната за неговата продажба била укината во судовите во Њујорк и Пенсилванија во 1890 година[3].

Концептот и идејата на авторот[уреди | уреди извор]

Толстој, сите несогласувања и негирања за ова дело ги објаснил пишувајќи од позиција на длабока религиозност (која ја објаснил во Исповедта во 1882 година), тој истакнува дека не Христос, туку Црквата (која тој ја презирал) го воспоставила бракот. „Идеалот на христијанинот е љубов кон Бога и ближниот, одрекување од себе за да му служи на Бога и на својот ближен; телесната љубов, бракот, значи служење на себеси, и затоа е, во секој случај, пречка во службата на Бога и на луѓето.

„Кројцерова соната“, во режија на Харисон Греј Фиске беше премиерно изведена во театарот Лирик во Њујорк на 10 септември 1906 година..
Берта Калич ја портретира Миријам Фридлендер во Кројцерова соната (1906 година) на Лангдон Мичел, адаптирана од претходната адаптација на јидиш на Џејкоб Гордин.

[4].

Адаптации[уреди | уреди извор]

Театар[уреди | уреди извор]

  • Новелата била адаптирана во јидиш-драма во 1902 година од руско-еврејскиот драмски писател Џејкоб Гордин. Американскиот драмски писател Ленгдон Мичел подоцна ја адаптирал верзијата на Гордин на англиски, која дебитирала на Бродвеј на 10 септември 1906 година
  • Во 2007 година во Велингтон, Нов Зеланд, било премиерно изведено новоосмисленото театарско дело „Кројцер“, кое комбинирало танц, музика, театар и мултимедијални проекции со двете музички дела (Бетовен и Јаначек) свирени во живо. Сара Броди ја обезбедила адаптацијата, режијата и кореографијата. Преработената верзија била претставена во Окленд во март 2009 година на фестивалот во Окленд.
  • Новелата била адаптирана за сцената од Дарко Спасов во 2008 година, а како едночинка е продуцирана во 2009 година за Народниот театар од Штип, Република Македонија, во режија на Љупчо Бреслиски, во изведба на Милорад Ангелов.
  • Кројцер на Лора Вејд против. Кројцер е инспириран и од Толстој.
  • Новела била адаптирана за сцената од Тед Дикстра и продуцирана како едночинка за ансамблот „Уметност на времето“ од Торонто во 2008 година, и повторно за театарската дружина Soulpepper во 2011 година.
  • Ненси Харис го адаптирала романот во монолог во еден чин за театарот Гејт во Лондон во 2009 година, во режија на Натали Абрахами и со Хилтон Мекреј во главната улога. Продукцијата била оживеана во 2012 година во театарот Гејт, а исто така и во Ла МаМа во Њујорк.
  • Новелата била адаптирана од Сју Смит за Државната театарска дружина од Јужна Австралија како дел од фестивалот Аделаида во 2013 година. Ја режирал Џорди Брукман, а го играл Ренато Мусолино.
  • Адаптација во еден чин од драматургот од Јута, Ерик Самуелсон, била продуцирана од Театар компанијата План-Б и серијата камерна музика НОВА во 2015 година. Се одржувала од 18 октомври до 9 ноември во Центарот за изведувачкиуметности Роуз Вагнер во Солт Лејк Сити, Јута. Режисер бил Џери Рапиер, а играле Роберт Скот Смит, Кетрин Еберле и Џејсон Хардник. Еберле и Хардник биле музичари во симфонијата на Јута во тоа време.

Филм[уреди | уреди извор]

Музика[уреди | уреди извор]

Новелата, инспирирана од музиката на Бетовен, била и инспирација за гудачки квартет на Леош Јаначек.

Балет[уреди | уреди извор]

Во 2000 година, Балетот Каролина, со оригинална кореографија на Роберт Вајс и комбинирање на музиката на Бетовен, Јаначек и балетски сегменти

Сликарство[уреди | уреди извор]

Романот бил инспирација за сликата „Кројцерова соната“ од 1901 година на [[Рене Франсоа Ксавиер Прине, која покажува страстен бакнеж помеѓу виолинистот и пијанистката. Сликата се користела со години во рекламите за парфеми на Табу.

Романи[уреди | уреди извор]

Романот „Второ лице еднина“ на арапскиот израелски автор Сајед Кашуа од 2010 година ја одгласува „Кројцеровата соната“ сместена во денешен Израел.

Холандската авторка Маргриет де Мур напишала книга наречена „Kreutzersonate“ по гудачкиот квартет на Јаначек, инспирирана од новелата и Бетовен.

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Rayfield, Donald (1999). Understanding Chekhov: A Critical Study of Chekhov's Prose and Drama. Univ of Wisconsin Press. ISBN 978-0-299-16314-3.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Hamilton, Richard F. (2011). President McKinley, War and Empire: President McKinley and America's New Empire. Београд: Transaction Publishers. ISBN 978-1-4128-0962-7.CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]