Севастополски раскази

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Севастополски раскази  
William Simpson - Crimean War - Huts and Warm Clothing for the Army.jpg
Севастопол во декември за време на Кримската војна
Автор Лав Толстој
Наслов на
оригиналот
Севастопольские рассказы
Земја Русија
Јазик руски
Предмет(и) Кримска војна, филозофија на војната
Издадена 1855
Страници 133

Севастополски раскази (руски: Севастопольские рассказы) – три кратки раскази од рускиот писател Лав Толстој, издадени во 1855 година. Во овие раскази Толстој ги забележал своите искуство од опсадата на Севастопол (1854-1855). Името доаѓа од Севастопол, град на Крим. Овие кратки раскази ја чинат основата за многу епизоди од Толстоевото ремек-дело „Војна и мир“. Книгата на македонски првпат е издадена во 1947 година од Државното книгоиздателство на Македонија[1].

Раскази[уреди | уреди извор]

Севастопол во декември[уреди | уреди извор]

Во „Севастопол во декември, Толстој користи раскажување во второ лице (со заменката „вие“) во воведот за животот во Севастопол. Деталниот вовед веројатно е базиран на Толстоевото искуство од неговото пристигнување во Севастопол во ноември 1854 година. Раскажувачот го води читателов (вас) низ привремената болница. Во неа се сместени многу ранети војници со ампутирани делови од телото, некои сместени на полски кревети, но најчесто легнати на подот.[2] Таму читателот води разговори со ранетите, ги прашува за нивните страдања и маки во војната. Потоа ќе го посети местото каде офицерите и војниците јадат и слушаат фантастични приказни за четвртиот бастион, поради што е неопходно да се посети истиот. Толстој го води читателот во четвртиот бастион каде што седи и разговара со тогашниот командант на бастионот неколку метри од непријателските позиции. Убедени во моќта на градот, војниците чувствуваат љубов кон својата земја, ја осознаваат својата непоколеблива волја за борба и го принудуваат читателот да се врати во градот. Толстој го користи расказот „Севастопол во декември“ да го поттикне читателот да ги прочита расказите „Севастопол во мај“ и „Севастопол во август 1855 година“.

Севастопол во мај[уреди | уреди извор]

Во „Севастопол во мај“, Толстој ја истражува бесмисленоста и суетата на војната. Расказот истражува многу аспекти на психологијата на војната, хероизмот и привидното присуство на хуманизмот во склучениот мир (привидно затоа што државите постојано водат војни една против друга покрај многубројните договори за мир во минатото). Толстој заклучува дека единствен херој на неговата приказна е вистината.

Севастопол во август[уреди | уреди извор]

Толстој за време на Кримската војна (1854)

„Севастопол во август“ го слика крајот на опсадата на Севастопол и можниот пораз и отцепување на руските сили. Расказот ги следи Михаил и Владимир Козелцов, браќа кои се борат и загинуваат на руската страна на конфликтот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Каталог на издадените книги, Државно книгоиздателство на Македонија
  2. Tolstoy, Leo. The Cossacks and Other Stories. London, New York. Penguin, 2006. 188. Print.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]