Козаци (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Козаци
Портрет на козак од Александар Литовченко
АвторЛав Толстој
Изворен насловКазаки
ЗемјаРусија
ЈазикРуски
ЖанрФикција
ИздавачРуски Весник
Издадена
1863
МедиумПечатена
Страници161
ISBN0-679-64291-9

Козаци (руски: Казаки) — роман од Лав Толстој, објавен во 1863 г. во популарното книжевно списание Руски весник. Делото било пофалено од Иван Тургењев и рускиот нобеловец Иван Бунин, а Тургењев го нарекол омилено дело од Толстој.[1] Толстој почнал да работи на романот во август 1853 година.[2] Во август 1857 година, откако ќе ја препрочита Илијада, Толстој почнал комплетно да го преработува Козаци. [3] Во февруари 1862 г., откако на карти изгубил многу пари, го довршил романот за може да си ги отплати долговите.[4] Романот е објавен во јануари 1863 година, а истата година се родило и неговото прво дете.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Младиот идеалист Дмитри Андрејх Оленин ја напушта Москва, со надеж да започне нов живот на Кавказ. Оди во една станица и полека се заљубува во опкружувањето, презирајќи го своето претходно постоење. Таму се спријателува со стариот Козак Ерошка, со кого одат заедно на лов и во него наоѓа добар другар поради неговата склоност кон пиење. Во меѓувреме, младиот Козак Лука убива некој Чеченец кој сакал да ја премине реката и да дојде во селото за да ги извидува Козаците. Оленин се вљубува во слугинката Марјанка, која требало да се мажи за Лука. Тој сака да го потисне ова чувство и конечно си се убедува дека ги сака и Лука и Марјанка поради едноставноста и заклучува среќен може да биде само оној човек кој постојано дава на другите без да размислува за своите задоволства.

Прво му дава уште еден коњ на Лука, кој го прифаќа подарокот, но не му се јасни мотивите на Оленин. Како што одминувало времето, ја стекнал довербата од мештаните. Но доаѓа Белецки, друг Русин, и делумно ги руши идеалите на Оленин, убедувајќи го да се обиде да ја освои Марјанка. Откако Оленин се обидел неколку пати, од еден Козак за тоа дознава Лука и затоа Оленин не е поканет на веридбата. Оленин една вечер е заедно со Ерошка, но одлучува да не се откажува од девојката и се обидува повторно да ѝ го освои срцето. На крајот, во страствен момент, ја бара за жена, а таа му вели дека ќе добие одговор наскоро.

Лука е тешко ранет во една борба со група чеченци кои сакале да го нападнат селото, меѓу кои и братот на чеченецот што претходно убил. Братот на чеченецот успева да го застрела Лука во стомакот. Лука се чини дека е на смртна постела и за него се грижат селаните. Оленин повторно ја прашува Марјанка дали ќе се омажи за него; таа одбива налутено. Тој сфаќа дека „првиот негов впечаток дека не може да ја има жената бил исправен“. Бара од командантот на четата да си замине и да се приклучи на штабот. Се збогува со Ерошка, кој е единствен селанец што го испраќа. Ерошка е емотивен кон Оленин, но откако Оленин на заминувањето ќе погледне наназад, ќе види дека Ерошка очигледно веќе заборавил на него и му се вратил на нормалниот живот.

Филмски адаптации[уреди | уреди извор]

Од романот се направени две филмски адаптации: нем филм во 1928 година, во продукција на Метро-Голдвин-Мајер и режиран од Џорџ Хил и Кларенс Браун; и друга верзија во 1961 година од советскиот режисер Васили Пронин, која е премиерно прикажана на Канскиот филмски фестивал.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Библиографијата на Лав Толстој

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Orwin (2002), 29
  2. Orwin (2002), 21
  3. Orwin (2002), 24
  4. Orwin (2002), 27