Момчештво (роман)
![]() Толстој во малдоста | |
Автор | Лав Толстој |
---|---|
Изворен наслов | Отрочество |
Земја | Русија |
Јазик | Руски |
Жанр | Автобиографија |
Издавач | Современик |
Издадена | 1854 |
Претходна | Детство |
Следна | Младост |
Момчештво (руски: Отрочество) — втор роман од псевдо-автобиографската трилогија од Лав Толстој, за прв пат објавена во 1854 г во списанието „Современик“. Во книгата се опишуваат настаните што му се случуваат на едно момче за време на младоста: првото разочарување, промена на моралните вредности итн.
Во подоцнежниот живот, Толстој истакнал дека не е задоволен со книгата.[1]
Ликови[уреди | уреди извор]
- Николенка Иртењев - главниот лик, тој е нараторот.
- Влодја - брат на Николенка
- Љубочка - сестра на Николенка.
- Соњечка - симпатијата на Николенка
- Сент Жером - старател на Николенка и Влодја.
- Таткото на Николенка, Љубочка и Влодја
- Карл Иванович - учител на Николенка и Влодја.
- Маша - слугинка
Сиже[уреди | уреди извор]
Во романот се опишува младоста на едно обично руско момче од 19 век „Николенка“ како што нагалено го викаат. Се раскажува за неговата преселба во Москва, како бил привлечен кон книгите и филозофијата, а на крајот и за неговото семејство. Читателот ќе воочи бавна промена на системот на вредности на главниот лик, неговиот карактер, како и продолжение на приказната од првиот дел од трилогијата.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Hruska, Anne (Spring 2000). „Loneliness and Social Class in Tolstoy's Trilogy Childhood, Boyhood, Youth“. The Slavic and East European Journal. 44 (1): 64–78. doi:10.2307/309628. JSTOR 309628.
|
|