Кански филмски фестивал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Канскиот фестивал, основан во 1946 година е еден од најстарите и најпрестижните филмски фестивали на светско ниво. Фестивалот се одржува еднаш годишно (вообичаено во Мај) во Палатата на фестивалите и конгресмените во туристичкиот град Кан, во Јужна Франција . Од 12 до 23 Мај , 2010 година одржано е шеесет и третото изадние на Канскиот филмски фестивал. Претседател на жирито беше американскиот, филмски режисер Тим Бартон. Од 11 до 22 мај 2011 година беше одржано шеесет и четвртото издание на Канскиот филмски фестивал.Претседател на жирито беше американскиот актер Роберт де Ниро.

Фестивал

Програми

Канскиот филмски фестивал опфаќа повеќе програми.

* Официјална селекција – Главниот настан на фестивалот * Во конкуренција за златна палма Дваесет филмови влегуваат во конкуренција освојување за Златната палма. Овие филмови се прикажуваат во Театарот Лумијер(Théâtre Lumière).

Програмата Извесен поглед (Un Certain Regard )
во оваа програма учествуваат 20 филмови кои се избираат од блиски и далечни култури; филмовите треба да бидат оригинални и различни . Тие се прикажуваат во театарот Сал Дебиси .

  • Надвор од конкуренција за Златна Палма

Филмовите кои влегуваат во оваа категорија истотака се прикажуваат во театарот Лумијер меѓутоа овие филмови не се натпреваруваат за главната награда.

  • Специјални ефекти(специјални слајдови )

Oколу 15 кратко и среднометражни филмови од училиштата за филмски уметности ширум светот се прикажуваат во театарот Сал Буњел.

  • Краткометражни филмови

Kраткометражните филмови кои влегуваат во конкуренција за добивање на златна палма за краткометражен филм се прикажуваат во во театрите Сал Буњел и Сал Дебиси. За добивање на оваа награда се натпреваруваат околу 10 филмови. Придружни програми Овие програми се неконкурентски и се посветени на откривање на другите аспекти на филмот .

  • Кански класики

Со оваа програма се слави наследството на филмот со цел да се потенцираат работи од минатото, претставени во сосема нови или подновени копии.

  • Ту ле синема ди монд

Ја покажува виталноста и разновидноста на филмовите ширум светот. Секој ден една од земјите е поканета да ја претсатви својата палета на долгометражни и краткометражни филмови во славењето на својата единствена култура ,идентитет и последните филмски дела.

Оваа награда се доделува на најдобриот прв филм на фестивалот кој се избира од дебитантските филмови , Официјалната селекција , Кензен програмата и селекцијата од недела на критиката

  • Цинема де ла Плаг

По програмата посветена на филмската музика на филмското платно кое беше поставено за широката публика на плажата Маке беа прикажувани Канските Класици како и филмовите кои не се натпреваруваа за добивање на главната награда. Други програми

Настани

Најголемиот пазар на филмови во светот

  • Masterclasses

Oбјавени од страна на светски познатите режисери

  • Признанија

Со овие признанија меѓународно- реномирани уметници имаат можност да прикажат еден од своите филмови на фестивалот Тропе.

  • Мрежа на продукции

Mожност за склучување на договор за меѓународна копродукција.

  • Изложби

Секоја година еден уметник, филм или кинематографска шема станува фокус на изложбата која ја диверзифицира или илустрира програмата на настанот.

  • 60-годишнина

Настани организирани во 2007 година, посветени на 60-годишнината од фестивалот.

Жири[уреди]

Пред почетокот на секој настан управниот одбор на фестивалот ги назначува членовите на жирито кои треба самостојно да одлучат кој филм треба да ја добие главната награда на Канскиот филмски фестивал. Членовите на жирито се избираат од широкиот спектар на меѓународни уметници врз основа на нивната досегашна работа и стекнатата почит од страна на своите колеги.

  • Играни филмови

Интернационалното жири кое е составено од претседател и различни уметници или филмски личности треба да одлучи кој ќе ја добие наградата за најдобар игран филм во конкуренција за добивање на златна палма .

  • Cinéfondation и кратки филмови

Жирито е составено од Претседател и четири филмски личности . Ова жири ја доделува наградата Златна палма за краткометражен филм , како и наградите за трите најдобри филмови на Cinéfondation.

  • Програмата извесен поглед

Жирито е составено од претседател, новинари, студенти на филмски уметности и индустриски професионалци. Ова жири ја доделува наградата за извесен поглед за најдобар филм а покрај тоа дава почести и на други два филма .

  • Camera d'Or

Жирито е составена од претседател, филмските режисери, техничари и француски и странски критичари. Тие ја доделуваат наградата за најдобар дебитански филм во која било програма.

Награди[уреди]

Најпрестижната награда која се доделува Канскиот фестивал е Златна палма за најдобар филм Во конкуренција за златна палма:

Други награди

  • Prix Un Certain Regard – Награда која се доделува на младите таленти , нови и смели работи
  • Cinéfondation награда која се доделува за најдобрите филмови направени од страна на студентите на филмски уметности студентите
  • Caméra d'Or Златна камера за - награда за најдобар дебитански долгометражен филм .

Награди кои се доделуваат од страна на независни субјекти

ИСТОРИЈА[уреди]

Кон крајот на 1930 година , неможејќи повеќе да го поднесе мешањето на фашистичките влади на Германија и Италија во изборот на филмовите за Венецијанскиот филмски фестивал , Францускиот министер за образование , Жан Зеј на предлог на Филип Ерланжер и со подршка од Британците и Американците одлучува да создаде меѓународен кинематографски фестивал во Франција. Многу француски градови како Виши , Бријац и Алжир беа предложени како домаќини на фестивалот, но на крајот градот Кан беше избран да биде домаќин на фестивалот , и со тоа Меѓународниот кански филмски фестивал беше создаден.

Во Јуни 1939 година , Луис Лумије се согласи да биде претседател на првото издание на фестивалот кое требаше да се одржи од 1 до 30 септември 1939 година .Нападот на Германија врз Полска на 1 септември 1939 година и објавата на војна против Германија од страна на Франција и Велика Британија на 3 септември придонесоа првото издание на фестивалот да заврши пред тоа да биде започнато. Фестивалот повторно е отворен по завршувањето на Втората светска војна во 1946 година.Финансиран од Министерството за надворешни работи и Градот Кан,канскиот филмски фестивал се одржува во старото казино на градот Кан.Иако првичната намена на фестивалот беше да се натпреварува со италијанскиот филмски фестивал , двете држави потпишаа договор да ги одржуваат своите интернационални фестивали наизменично. Првиот Кански фестивал постигнал значаен успех и кога француско-италијанскиот договор бил објавен во јавноста тој бил остро критикуван и со овој договор Франција ја потпишала својата капитулација.

Следната година (1947) фестивалот беше повторно одржан под името Кански филмски фестивал , иако во името не постоеше меѓународен , филмови од 16 различни земји беа презентирани на фестивалот.Освен тоа воведен е принципот на еднаквост со што секоја земја треба да има по еден претсавник во жирито. Исто така оваа година и покрај тоа Што палатата не беше целосно завршена фрестивалот е одржан во Палатата на фестивалите, кој е изградена само за оваа намена.

Поради финансиски проблеми фестивалот не се одржа во 1948 и 1950 година и овие две години канскиот фестивал не претставуваше закана за венецијанскиот филмски фестивал. Во 1951 година односите помеѓу Франција и Италија се подобруваат и како резултат на тоа одлучено е дека Канскиот филмски фестивал ќе се одржува на Пролет додека Венецијанската Мостара останува да се одржува на Есен . Во 1955 година создадена е Златната палма која ја замени Гран-при наградата на фестивалот која се доделуваше се до 1955 година како главна награда. Во 1957 година Долорес дел Рио стана првиот женски член на жирито на официјалната селекција.Во 1959 година основан е пазарот на филмот (Marché du film ) давајќи му на фестивалот комерцијален карактер и со помош на овој пазар олеснета е соработката помеѓу продавачите и купувачите во филмската индустрија . Денес овој пазар претставува прва меѓународна платформа за филмска трговија.

Во 1962 година од страна на француската унија на филмски критичари основана е програмата Недела на критиката (La Semaine Internationale de la Critique) како прва придружна програма на Канскиот фестивал. Таа имаше за цел да ја прикаже работата на режисерите од целиот свет, притоа не подлегнувајќи на комерцијалните притисоци. 1965 година е година посветена на Жан Коктео, кој по неговата смрт е прогласен за доживотен почесен претседател. Следната година Оливија де Хавиленд е прогласена за прва жена претседател на фестивалот . На 19 мај 1968 прекинат е фестивалот од 1968 година . Некои режисери : Карлос Саура и Милош Форман ги повлекле своите филмови од фестивалот . На 18 мај режисерот Луј Мале заедно со една група режисери презеле голема просторија во Палатата на Фестивалите и го прекинале прикажувањето на филмовите во знак на солидарност на штрајкот на работниците и студентите во Франција, и во знак на протест за иселување на тогашниот претседател на Француската кинематографија. Истата година режисерите успеаја да го вратат претседастелот на функција и да ја основаат Организацијата на филмски режисери. Во 1969 година Организацијата на филмски режисери предводена од Пјер-Анри Делуа ја создаваат програмата Кензен , нова не конкурентна програма која опфаќа селектирање на филмови од целиот свет кои се бираат независно од прикажаниот избор на филмови.

За време на 1970 година важни промени беа воведени во рамките на Фестивалот . Во 1972 година Роберт Фавре ла Бре е именуван за нов претседател на фестивалот , додека пак Морис Беси е именуван за управен директор.Тој веднаш ја воведе важната промена за изборот на филмови од земјите учеснички . Се дотогаш одредени земји сами си избираа кој филм ќе ги претставува на фестивалот . Беси создава една комисија која ќе ги избира Француските филмови и друга која ги бира странските филмови .Во 1978 година претседател на фестивалот станува Жил Жакоб кој ги вовдува наградата Златна камера и програмата Извесен поглед . Други поважни промени беа: намалување на траењето на фестивалот на 13 дена и со тоа намалување на бројот на филмовите , истотака се дотогаш жирито беше составено од Филмски Акадмци, но Жакоб почна да воведува познати личности и професионалци од филмската индустрија.

Во 1983 година создадена е новата и поголема Палата на фестивалите и Конгересмените како домаќин на фестивалот .Изградбата на оваа палата т.н. Бункер предизвика многу бурни реакции во јавноста .Во 1984 година Пјер Вјот стана претседател на фестивалот заменувајќи го Роберт Фавре ла Бре.

Пред 1995 година Жил Жакоб ја создава последната програма од официјалната селекција Цинефондасион . Нејзината цел е да го поттикнува создавањето на филмови низ целиот свет и да им овоможи влез на младите таленти од областа на кинематографијата во кругот на познати личности. Програмата Цинефондатион е надополнета во 2002 година со програмата La Résidence и во 2005 година со програмата L'Atelier. Во меѓувреме, во 2000 и 2002 година тогашниот претседател Жил Жакоб официјално го присвоил името Фестивал де Кан .

Влијание на фестивалот[уреди]

Фестивалот игра важна улога во прикажувањето на Европскиот филм . Џил Форбс и Сара Стрит расправат во Киното на Европа : Вовед : Кан стана исклучително важен за критичките и комерцијалните интереси и за европските обиди да ги продадат своите филмови врз основа на нивниот артистички квалитет . Форбс и Стрит истакнуваат дека Канскиот заедно со другите фестивали како Венцискиот и Берлинскиот им нудат можност да прикажат одредена слика од својата земја преку филмот и им укажува на нациите дека Европското кино е Кино на уметноста. Како надололнување на претходно кажаното , присуството на голем број медиуми и познати личности на фестивалот им овозможуваат на филмските продуценти да ја прикажат својата работа и да се обидат да ја продадат на дистрибутерите од целиот свет .