Козаци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Козачки единици маршираат на парадата на победата над фашизмот во Москва, 1945

Козаците (руски: каза́ки; украински: козаки́) се традиционална заедница на луѓе кои главно ги населуваат Украина и јужна Русија. Познати се како големи воини и јавачи на коњи. Жевееле во специфични населби познати како станици.

Кратка историја[уреди]

Создавање[уреди]

За прв пат во историјата се среќаваат во XVII век во украинската буна против унијата Полска-Литванија, во која тие одиграле значајна улога. Со цел да создадат специјални јуришни одреди а и штитеници на границите на Руското царство, царот ги ослободил Козаците, со што ги задолжил да му служат. Така всушност и биле создадени Козаците. Тие имале свои примања за разлика од другите т.н. закрепостени селани. Поради тоа, многу селани пребегувале во козачките населби и се бореле за царот за да уживаат во некаква слобода, па нивните броеви многу пораснале во наредните два века. Но цената на слободата била да се наоѓаат во првите борбени редови во воените походи, а и да ја штитат границата на Русија. Така, тие живееле специфични војнички животи, со генерации. Затоа и се одликуваат со храброст, воинственост, лојалност, култ кон семејството итн. Нивните познавања во областа на јавањето биле огромни, така што се сметаат за едни од најдобрите јавачи во светот.

Учество во војни[уреди]

Во XIX век тие станале препознатлив знак за руската армија. Во секоја битка најголем проблем на противникот им претставувале брзите коњаници кои безглаво јуришеле директно кон нив. Учествувале во многу од војните во XVIII и XIX век. За време на граѓанската војна, голем број се бореле на страната на белоградејците, зашто се сметале за должни кон царот, но имало и такви кои се бореле за Црвената армија.

Козаците од Донската област биле главните противници на болшевиците и главно оружје на белоградејците.

За време на Втората Светска војна, голем број на Козаци се бореле на фронтот на страната на советските сили. Но значајно е тоа што во германската СС имало и козачки одред составен од Козаци кои се бореле против комунистичките војски, на страна на оската. Поради тоа, а и поради историското противење на комунизмот, Козаците биле угнетувани од страна на Сталин.