Коњ
Домашен коњ | |
---|---|
Кобила со своето ждребе. | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Непарнокопитни |
Семејство: | Коњи |
Род: | Коњ |
Вид: | Коњ |
Научен назив | |
Equus caballus Лине, 1758 |
Коњот (науч. Equus ferus caballus)[1] — голем копнен цицач кој се одликува со брзина, сила и издржливост. Коњите се членови на семејството коњ (Equidae) која ги вклучува и зебрите и магарињата. Како и сите еквиди, коњот е извонредно добро адаптиран на патувања на долги релации, преживувајќи со исхрана која се состои од треви. Коњот е социјално животно, формирајќи силни здруженија со членовите на своето стадо.
Влијанието на коњите на човечката историја и цивилизација ги прави едни од најважните домашни животни. Коњите биле припитомени во Евроазија пред околу 6,000 години. Тие низ историјата им служеле на луѓето во земјоделството, војните и спортот. Денес питомите коњи се распространети насекаде низ светот, со вкупна проценета популација од околу 60 милиони единки. Дивите коњи, како оние на американскиот запад, се всушност слободни предци на домашните коњи кои не се припитомиле.
Дивите предци на денешните коњи еволуирале милиони години во Северна Америка. Тие се рашириле во другите делови од светот со патување на југ во Јужна Америка и со преминување на копнените мостови кои ја поврзувале Северна Америка со Европа и Азија за време на леденото доба. Коњите исчезнале од Северна и Јужна Америка во еден бран на изумирање кој се случил при крајот на плеистоценската епоха, пред околу 15,000 години. Тие не се забележани во Америка сѐ до 1494, кога италијанскиот истражувач Кристофер Колумбо ги транспортирал со бродови од Шпанија на неговото второ патување за Новиот Свет.
Пржевалскиевиот коњ, именуван по рускиот истражувач Николај Пржевалски, се верува дека е единствениот вистински див коњ кој живее и денес. Веројатно изумрел во дивината на Монголија во 1960-тите, но со помош на европската програма за одгледување на овој коњ, популацијата е обновена. Околу 1,100 коњи преживеале до денес како резултат на нивното вдомување во зоолошките градини и парковите на дивината. Пржевалскиевиот коњ бил повратен во националните паркови во Монголија во 1992, каде сега живеат неколку илјади единки.
Физички опис
[уреди | уреди извор]Како резултат на намерното одгледување и припитомување од страна на луѓето, коњите имаат изразени варијации во големината, телесната форма и бојата на покривката. Висината на коњот традиционално се мери со раце; една рака е околу 10 cm. Типичните коњи за јавање се околу 14 до 16 раце високи и тежат околу 400 до 500 кг. Најголемиот забележан коњ бил од Белгија, висок 1,8 m и тежок 1.450 кг. Најмалиот коњ е „Палешка“, родена на 1 мај 2001 година, а живее на фармата во близина на Сент Луис, во државата Мисури, САД. Таа е тешка 25 килограми и висока само 45 сантиметри и во 2006 година влегла во Гинисовата книга на рекорди, како најмал коњ на светот. Таа е родена со ретко заболување (дворфизам) и бидејќи имала проблеми со одењето, морало да ѝ се направат специјални копита.[2]
Коњот има влакнеста покривка и долга грива и опашка. Тешката зимска покривка расте наесен и се митари на пролет. Типични бои на покривката се црна, кафеава, сива, кремаста, златна и бела. Гривата и опашката може да се исто или различно обоени од бојата на телото. Најразличните варијации во бојата можат да настанат од наследни црти кои предизвикуваат дамки, разредување на основната телесна боја или пробивање на бели влакна во покривката. Многу телесни бои имаат специфични имиња, како што е „беж“ (кафеав коњ со црна грива и опашка), „костен“ (црвенкасто кафена со грива и опашка во иста или нешто посветла боја) и „паломино“ (златна со кремасто бела грива и опашка).
Главата на коњот се состои од череп, кој го затвора големиот комплексен мозок, и лице. Очите на коњот се доволно оддалечени од устата, така што тој може да пасе и да внимава на опасноста во исто време.
Внатрешни органи
[уреди | уреди извор]Коњот има многу ефикасен респираторен и циркулаторен систем кои му овозможуваат да се трка со големи брзини, а притоа да нема недостаток од кислород. Додека се движи, коњот конзумира само еден литар кислород во минута, но при трка, неговиот капацитет за примање на кислород може да наближи до 60 литри во минута. При трка, главата и вратот на коњот се движат горе-долу заедно со секој чекор. Ова движење ги стеснува и шири белите дробови, така што тркачкиот коњ автоматски зема точно еден здив за еден чекор.
Коњот има единечен желудник и голем дигестивен орган наречен цекум, кој формира слепа алеја во делот каде се спојуваат тенкото и дебелото црево. Микроорганизмите кои живеат во цекумот ја разложуваат целулозата, со што овозможуваат таа да се дигерира. Цекумот има споредлива улога со руменот, специјализирана желудочна комора кај преживарите. Коњите неможат да екстрахираат толку енергија како преживарите, но тие се способни за побрза дигестија на храната. Така, еден коњ може да изеде повеќе храна секој ден отколку крава со иста големина. Како резултат на ова, коњите можат да преживеат само со тревестостеблеста храна, која не е доволна за кравите.
Коњот во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Коњот често се јавува како тема или лик во литературата, сликарството и во популарната култура.
Коњот како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]Во народните приказни, коњот е чест придружник на главниот јунак (вообичаено, принцот или кралот) при што му дава совети и му помага во опасностите. Притоа, коњот има необични својства - знае да зборува, трча со огромна брзина или лета на небото итн.[3][4][5] На пример, во епската песна „Женидбата на кралот Волкашин“ се споменува коњот Јабучило кој имал крилја кои му излегувале наутро, кога пееле првите петли. Со нив, коњот лесно можел да прелета каде што сакал.[6] Слично, коњот на војводата Пријезда можел да прескокне и по два бедема.[7] Прославениот коњ на Крале Марко, Шарец, живеел дури 160 години.[8]
- „Старче, коњче и цар“ — македонска народна приказна.[9]
- „Коњот Лурџа“ — кавкаска народна приказна.[10]
- „Коњот на воденичарот“ — унгарска народна приказна.[11]
- „Лисицата и коњот“ — сказна на браќата Грим.[12]
- „Што му е најтешко на коњот“ (српски: Шта је коњу најтеже) — српска народна песна.[13]
- „Девојката побрза од коњ“ (српски: Дјевојка бржа од коња) — српска народна приказна.[14][15]
- „Халил го бара Мујовиот бел коњ“ (српскохрватски: Halil traži Mujova đogata) — босанска епска песна.[16]
- „Приказна за еден коњ“ — кус расказ на рускиот писател Исак Бабел од збирката „Црвената коњица“.[17]
- „Продолжение на приказната за еден коњ“ — кус расказ на Исак Бабел од збирката „Црвената коњица“.[18]
- „Полицаецот Артур и неговиот коњ Хари“ — кус расказ за деца на ангискиот писател Доналд Басет од 1967 година.[19]
- „Коњче од благородна раса“ - песна на францускиот поет Шарл Бодлер.[20]
- „Дрвени коњи“ - песна на францускиот поет Пол Верлен.[21]
- „Бела грива“ - роман за деца на францускиот писател Рене Гијо.[22]
- „Желба“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[23]
- „Коњот и магарето“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[24]
- „Магарето и офицерскиот коњ“ - басна на Езоп.[25]
- „Волкот и коњот“ - басна на Езоп.[26]
- „Белиот коњ“ - расказ на канадската писателка Маргарет Етвуд.[27]
- „Сивиот коњ“ - песна на рускиот поет Леонид Губанов од 1964 година.[28]
- „Лицето на коњот“ - песна на рускиот поет Николај Заболоцки од 1926 година.[29]
- „Коњите на мојот вујко Димитрије“ (српски: Коњи мог ујака Димитрија) - расказ на српскиот писател Мирослав Јосиќ Вишњиќ.[30]
- „Шугата, вистинска љубов“ (српски: Шуга, права љубав) - расказ на српскиот писател Мирослав Јосиќ Вишњиќ.[31]
- „Побеснети коњи“ - песна на полскиот поет Тимотеуш Карпович.[32]
- „Коњи пред гостилницата“ (хрватски: Konji pred krčmom) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[33]
- „Убаво однесување со коњите“ (руски: Хорошее отношение к лошадям) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1918 година.[34]
- „Коњите на свети Марко“ (српски: Коњи светога Марка) - збирка раскази на српскиот писател Милорад Павиќ од 1976 година.[35]
- „Ние, коњите“ - песна на полската поетеса Марија Павликовска-Јасножевска.[36]
- „Коњ“ — песна на српскиот поет Васко Попа.[37]
- „Коњ“ — песна на Пушкин од 1834 година.[38]
- „Летото на убавиот белец“ — расказ на американскиот писател Вилијам Саројан.[39]
- „Со два ата по два пата“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[40]
- „Смоки, шарениот коњ“ (англиски: Smoky, the Cowhorse) — роман на американскиот писател Вил Џејмс (Will James) од 1926 година.[41]
- „Ждребе“ - кус расказ на рускиот писател Михаил Шолохов од збирката „Донски раскази“.[42]
Коњот како тема во музиката
[уреди | уреди извор]- „Си играле коњи врани“ (српски: Играли се коњи врани) — црногорска народна песна.[43]
- „Побрзајте, коњи мои“ (српско-хрватски: Požurite konji moji) — песна на босанската рок-група Бијело дугме од 1975 година.[44]
- „Црвен коњ“ (англиски: Ruby horse) — песна на британската рок-група Вандер стаф (The Wonder Stuff) од 1988.[45]
- „Коњи“ — песна од истоимениот албум на босанската рок-група Дивље јагоде од 1988 година.[46]
- „Кој ќе ги јава твоите диви коњи“ (англиски: Who's gonna ride your wild horses) — песна на ирската рок-група У2 (U2) од 1991 година.[47]
- „Коњот-крал“ (англиски: King horse) — песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1980 година.[48]
- „Темен коњ“ (англиски: Dark horse) — песна на американската пејачка Кети Пери.[49]
- „Диви коњи“ (англиски: Wild horses) — песна на британската рок-група Ролинг стоунс (Rolling stones) од 1971 година.[50]
- „Коњи“ (англиски: Horses) — албум на американската рок-пејачка Пати Смит (Patty Smith) од 1975 година.[51]
- „Сакам да бидам коњ“ (англиски: I like to be a Horse) — песна на македонската група Фолтин од 2003 година.[52]
Коњот како тема во филмот
[уреди | уреди извор]- „Црвениот коњ — македонски филм, во режија на Столе Попов.[53]
- „Смоки“ (англиски: Smoky) — филм на режисерот Џорџ Шерман (George Sherman) од 1966 година.[54]
- „Пастувот Вајтстар“ — филм на режисерот Џамел Аташ (Jamel Aattache) од 2019 година.[55]
Коњот како тема во сликарството
[уреди | уреди извор]- „Коњ исплашен од молња“ — слика на францускиот сликар Ежен Делакроа од 1824 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ International Commission on Zoological Nomenclature (2003). „Usage of 17 specific names based on wild species which are pre-dated by or contemporary with those based on domestic animals (Lepidoptera, Osteichthyes, Mammalia): conserved. Opinion 2027 (Case 3010)“. Bull.Zool.Nomencl. 60 (1): 81–84.
- ↑ „Палешка е најмалиот коњ на светот“, Дневник, година XIX, број 5731, среда, 1 април 2015, стр. 24.
- ↑ „Сунчана девојка“, во: Турске бајке. Београд, Народна књига, 1978, стр. 49-68.
- ↑ „Див Рузгјар“, во: Турске бајке. Београд, Народна књига, 1978, стр. 69-85.
- ↑ „Лепота света“, во: Турске бајке. Београд, Народна књига, 1978, стр. 116-126.
- ↑ „Женидба краља Вукашина“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 65-67.
- ↑ „Смрт Воводе Пријезде“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 234-237.
- ↑ „Смрт Марка Краљевића“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 229-233.
- ↑ Томе Саздов (избор), Македонски народни приказни. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 10-15.
- ↑ Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 26-33.
- ↑ Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 59-60.
- ↑ Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.
- ↑ Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 42-43.
- ↑ Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 103-104.
- ↑ Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 162-163.
- ↑ Muslimanske junačke pjesme. Sarajevo: Stvarnost, 1969, стр. 165-173.
- ↑ I. E. Babelj, Crvena konjica. Beograd: Rad, 1969, стр. 53-55.
- ↑ I. E. Babelj, Crvena konjica. Beograd: Rad, 1969, стр. 88-89.
- ↑ Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 27-28.
- ↑ Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 122-123.
- ↑ Pol Verlen, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 50-51.
- ↑ Рене Гијо, Бела грива. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 26.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 57.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 87-88.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 81.
- ↑ Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 237-259.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 162-163.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 203-204.
- ↑ Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 113-121.
- ↑ Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 192-196.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 200-201.
- ↑ Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 64.
- ↑ Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 101-102.
- ↑ „Белешка о писцу“, во: Милорад Павић, Кутија за писање. Београд: Народна библиотека Србије, 2012, стр. 121.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 68.
- ↑ Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 8.
- ↑ A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 280.
- ↑ Вилијам Саројан, Се викам Арам. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 5-14.
- ↑ Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 21.
- ↑ HRT, Smoky, američki film (1966.) - ciklus klasičnog vesterna (пристапено на 30.5.2023)
- ↑ „Бостанџија“, во: Михаил Шолохов, Донски раскази. Култура, Скопје, 1965, стр. 73-83.
- ↑ Охридски хорски фестивал – Ohrid Choir Festival 2005, стр. 33.
- ↑ YouTube, Bijelo Dugme ♥ Pozurite konji moji (пристапено на 24.11.2019)
- ↑ Discogs, The Wonder Stuff – The Eight Legged Groove Machine (пристапено на 18.3.2021)
- ↑ YouTube, KONJI - DIVLJE JAGODE (1988) (пристапено на 24.11.2019)
- ↑ ALL MUSIC U2, Achtung Baby (пристапено на 6.12.2015)
- ↑ YouTube, Elvis Costello and The Attractions "King Horse" (пристапено на 27.3.2018)
- ↑ YouTube, Katy Perry - Dark Horse (Official) ft. Juicy J (пристапено на 12.2.2017)
- ↑ ALL MUSIC Rolling Stones, Sticky Fingers (пристапено на 6.12.2015)
- ↑ YouTube, Patti Smith Group - Horses (full album) 1975 (пристапено на 5.7.2017)
- ↑ Foltin, Donkey Hot, Kukuzel IX002, 2003.
- ↑ Антена, број 824, 11.4.2014, стр. 15.
- ↑ HRT, Smoky, američki film (1966.) - ciklus klasičnog vesterna (пристапено на 30.5.2023)
- ↑ Pastuh Whitestar, nizozemski film (2019.) (пристапено на 17.4.2023)
|