Васко Попа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Васко Попа (Гребенац, 29 јуни 1922Белград, 5 јануари 1991) бил српски поет.

Васко Попа

Биографија[уреди | уреди извор]

Спомен-плоча на зградата во Белград во која живеел Васко Попа

Творештво[уреди | уреди извор]

Првата поетска збирка на Попа, со наслов „Кора“, излегла во 1953 година. Во неа, тој го прикажал човекот во близок однос со космосот, прикажувајќи ја љубовта како животворна сила и творечки принцип на светот. Во 1956 година се појавила неговата втора збирка „Непочин поле“ (Непочин поље), посветена на разните видови игри, својствени за човекот како биолошко и општествено суштество. Во неа, Попа прикажува доследни слики на „алогизмот на обичното“ при што го поместува значењето на разни идиоми поврзани со игрите и со голема доза на хумор во поетскиот јазик, тој отвора нови митски претстави и слики. Збирката „Споредно небо“ од 1968 година е посветена на шегата која го опфаќа целиот свет при што во седумте циклуси Попа со голема доза на хумор пее за разни теми: настанувањето на светот, условите на човечкото постоење, неговиот однос кон тие услови, обидите на луѓето да пронајдат спасител и спасувањето. Во збирките „Исправена земја“ (Усправна земља) од 1972 и „Волчја сол“ (Вучја со) од 1975 година, Попа се потпира врз српската претхристијанска традиција. Во 1975 година, Попа ја објавил и збирката „Куќа на средината од патот“ (Кућа насред друма), која била создавана речиси четврт век. Во неа, митската симболика, карактеристична за претходните две збирки, се вкрстува со историското при што историските настани се прикажуваат во контекст на митот и добиваат митска димензија. Во збирката „Живо месо“, исто така од 1975 година, Попа за првпат проговорил со гласот на своето идентификувано „Јас“. Оваа збирка е метафора од обој груб, суров материјал од којшто се создава модерната поезија: емпириското „Јас“ на поетот, секојдневниот говор, кокнретните личности и настаните од стварноста.[1]

Денес, Попа се смета за еден од најголемите српски поети. Напишана со современ јазик во кој се препознаваат мелодичноста и метафоричноста на народните умотворби, со слободен и ритмички извонредно организиран стих, елиптична и идиоматска во изразот, лексички многу богата, поезијата на Васко Попа му гради траен споменик на човечкиот дух, иако секогаш се движи по самата граница на нихилизмот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Aleksandar Petrov, „Vasko Popa“, во: Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 195-199.
  2. Aleksandar Petrov, „Vasko Popa“, во: Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 195-199.