Метафизика

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Платон (лево) и Аристотел (десно), од Рафаел.


Метафизиката (грчки - μεταφυσικά) е дeл од философијата коjшто се занимава сo објаснување на природата и потеклото на овој свет. Метафизиката претставува идеалистичка философија за прапочетоците на постоењето, за суштината на светот, за предметите што се непристапни за сетилното искуство, како на пример Бог, душата и др.[1] Метафизиката е метод на мислење спротивен на дијалектиката. Таа не ги набљудува работите во нивниот развиток и во нивната заемна врска, туку поединечно, изолирано, во состојба на мир и неподвижност, на застој и непроменливост.

Прашања со кои се занимава метафизиката[уреди]

  • „Кое е потеклото на стварноста?“
  • „Кое е местото на човекот во универзумот?“
  • „Дали се боите објективни или субјективни?“
  • „Дали светот постои надвор од нашиот ум?“
  • „Кои се потеклото и природата на предметите, случувањата и местата?“

Централен дел на метафизиката е онтологијата, којашто ги истражува категориите на работите во светот и кои врски ги имаат тие меѓусебно. Метафизичарот исто така се обидува да го избистри начинот на кој луѓето го гледаат светот, вклучувајќи го постоењето, материјалноста, имањето, просторот, времето, случајноста и веројатноста.

Во последно време, поимот „метафизика“ се употребува и со значење „она што е вон/над физичкиот свет“. На пр., метафизичка книжарница може да значи и книжарница што не продава книги за онтологија, туку за духовни работи, духовно исцелување, окултизам и други слични теми.

Пред развивањето на модерната наука, метафизиката требало да одговара на строго научни прашања како да е природна философска наука. Ова траело се до времето на Исак Њутн (кој бил и философ), во 18 век (кога поимот „наука“ значел едноставно - „знаење“). Од 19 век, философијата станала наука, а метафизиката вклучувала само проблеми што се вон/над физичкиот свет (и повеќе на била природна наука поткрепена од емпириски докази и експерименти). Философијата и науката сѐ уште може да се сметаат за предмет на метафизиката, во зависност од тоа дали во дефиницијата на овој поим спаѓаат емпириски објаснувања.

Потеклото и природата на материјата биле проблем уште во времето на раната философија. Уште Аристотел и неговите современици дале некакво објаснување за материјата, на разни начини. Денес, се разбира, философите работат само со емпириски истражувања за природата на материјата.

Историја на метафизиката[уреди]

Еден од првите метафизичари е Парменидес од Елеа. Тој сметал дека разновидноста на сè што постои, променливите форми и движењето се само појавност на едно вечно Битие, а со тоа го уважувал принципот дека „сè е едно“. Заради ваквиот концепт за Битието, тој се смета за еден од основачите на метафизиката.[2]

Аристотел е првиот кој го употребил зборот „метафизика“, и се смета за наслов на негова книга. Претходната негова книга била наречена „Физика“, а наредната ја нарекол „τὰ μετὰ τὰ φυσικὰ βιβλία“ (ta meta ta physika biblia) или „книгата која доаѓа после (книгата за) физиката“. Ова латинските коментатори на старите текстови погрешно го прочитале како „науката за она што е зад физичкото“. Како и да е, откако еднаш е употребен, зборот останал до денес со такво значење.

Книгата „Метафизика“ на Аристотел е поделена во три дела:

Онтологија 
Учење за Битието и постоењето.
Природна теологија 
Учење за Господ.
Универзална наука 
Учење за „првиот принцип“ за кој Аристотел сметал дека е основа на сите потраги.

Метафизиката како дисциплина била сметана за „Кралица на науките“, и не помалку важна од другите науки како што се медицината, математиката, поезијата и музиката.


Фусноти[уреди]

  1. Geisler, Norman L. "Baker Encyclopedia of Christian Apologetics" page 446. Baker Books, 1999
  2. Encyclopedia Britannica Online