Патриотизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Одбраната на татковината е дел од патриотизмот: статуа во Париз, споменик за студентското вмешување во одбраната на Франција во 1814 година.

Патриотизам е поим со кој се означува позитивно чувство и поддржувачки став спрема „татковината“ (латински: patria) од страна на поединци или групи. „Татковината“ (или домовина, родбина) може да биде една област или град, но патриотизмот вообичаено се однесува на народ или нација или држава. Патриотизмот подразбира ставови како: гордост за достигнувањата и културата, желбата за зачувување на карактерот и основата на културата и себепронаоѓање со другите членови на нацијата. Патриотизмот е блиску поврзан со национализмот и често се користи како негов синоним. Строго кажано, национализмот е идеологија, но често се разбира како посакуван и соодветен патриотски став (и националистичките политички движења и патриотизмот можат да бидат непријателски настроени спрема туѓите татковини).

Патриотизмот има етичка конотација: кажува дека татковината (било како и да се дефинира тој поим) е морален стандард или самиот е морална вредност. Патриотизмот исто така кажува дека поединецот треба да ги стави интересите на нацијата пред личните интереси или интересите на одредена група или партија. За време на војна, жртвата може да прерасне и до пожртвување на сопствениот живот. Смрт во битка за татковината е коренит тип на краен патриотизам.

Види исто така[уреди]

Wikiquote-logo-en.png
(англиски)
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
патриотизам, на англиски јазик