Ролинг стоунс
![]() |
Оваа статија за е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
The Rolling Stones | ||
---|---|---|
![]() The Rolling Stones, 2005. Од лево кон десно - Чарли Вотс, Кит Ричардс, Мик Џегер, Рон Вуд. | ||
Основни податоци | ||
Потекло | Лондон, Англија | |
Жанр(ови) | Рокенрол Ритам и блуз Блуз Кантри Реге | |
Години активност | 1962 — денес | |
Прод. куќа/ќи | Дека Рекордс, Ролинг Стоунс Рекордс | |
Веб-место | RollingStones.com | |
Членови | ||
Мик Џегер Кит Ричардс Рон Вуд Чарли Вотс | ||
Некогашни членови | ||
Брајан Џонс (1962–1969) (починат) Бил Вајман (1962–1993) Мик Тејлор (1969–1974) Јан Стјуарт (признат член 1962–1963) (починат) |
Ролинг стоунс (англ. The Rolling Stones) — британски рокенрол бенд кој станал познат во 60-тите години. Тие се оригинални во мешањето на разни правци од американските композиции во нова форма на популарна музика. На почетокот на нивната кариера тие свиреле преработки на блуз, ритам и блуз, кантри и рокенрол музика. Нивните први нумери биле преработки на песни Чак Бери, Роберт Џонсон, Скримин Џеј Хокинс, Мади Вотерс и Хенк Вилијамс, меѓу другите. Иако основачите на бендот Мик Џегер и Кит Ричардс се сметаат за едни од најголемите текстописци во популарната музика, бендот никогаш не престанал да биде инспириран и од другите жанрови. Реге, панк, и денс музика, сите жанрови наоѓаат место на нивните плочи.
Гитаристот (и првичниот фронтмен) Брајан Џонс, иако популарен и харизматичен, бил избркан од групата во 1969 и умрел со таинствена смрт подоцна во таа година, претпоставена несреќа во тоа време, иако постојат обвинувања дека тој бил убиен. Џегер и Ричардс ќе го преземат пишувањето на текстови и изведбата. Џонс претпочитал да се остане блиску до блуз звукот, иако експериментирал со ситара, но Џегер и Ричардс го прошириле музичкиот пристап на Ролинг Стоунс.[1]
Дискографија[уреди | уреди извор]
|