Исак Бабел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Исак Бабел

Исак Емануилович Бабел - (руски: Исак Эммануилович Бабель) (13 јули 1894, Одеса27 јануари 1941) — руски и советски писател.

Животопис[уреди | уреди извор]

Исак Бабел во 1908 година

Бабел е роден на 13 јули 1894 година, во Одеса. Татко му бил трговец чиј дуќан се наоѓал во квартот Молдаванка, така што уште како дете морал да му помага на својот татко во работата, а паралелно со тоа и учел. На возраст од шеснаесет години Бабел започнал да ги проучува еврејскиот јазик, Библијата и Талмудот. Во Одеса, Бабел учел во Трговското училиште на императорот Николај I, каде се дружел со децата на странските трговци, на еврејските посредници, на богатите Полаци и, како што самиот зборува во својата автобиографија, „со староверците и со многу играчи на билијар“. Во тој период, Бабел поминувал многу време по пристанишните кафеани, пиејќи пиво, играјќи билијар и слушајќи различни приказни. Посебен впечаток во училиштето му оставил наставникот по француски јазик, господинот Вадон родум од Бретања, кој му давал да чита книги и ги оценувал првите негови книжевни текстови. Во периодот од 1917 до 1924 година бил војник на романскиот фронт; бил службеник во тајната полиција Чека и во Наркомпрос; учествувал во експедиците за снабдување во 1918 година; се борел во состав на Северната армија во борбите против единиците на Јуденич, како и во Првата коњичка армија; бил член на Комитетот во Одеса; работел во седмата советска типографија во Одеса; некое време бил репортер во Петроград, Тифлис итн.[1] Исак Бабел умрел на 27 јануари 1940 година.

Творештво[уреди | уреди извор]

За почеток на творештвото на Бабел се смета 1924 година, кога во четвртата тетратка на списанието „Леф“ се појавиле неговите раскази „Сол“, „Писмо“, „Смртта на Долгушов“, „Крал“ и неколку други. Самиот Бабел ја сметал средбата со Максим Горки за пресуден миг во неговата книжевна кариера, зашто тој го поучил за најважните елементи на писателскиот занает. Бабел претставува посебна страница во советската книжевност, зашто во неговите дела се наоѓа сè што е општочовечко и длабоко руско. Тој е најпознат како писател чии дела се посветени на Јужна Русија и Октомвриската револуција, кои ги опишал со смеса на горчлив реализам и највозвишена поезија. Бабел е совршен толкувач на луѓето со фантазија кои немале доволно способност или храброст да се изразат себеси. Исто така, голем дел од неговото творештво заземаат расказите со тематика ос еврејскиот живот. Тој напишал неколку дела поврзани со Црвената коњица, како што се „Црвената коњица“ (1924-1926) и „Одески раскази“ (1928), како и поголем број новели за идеализираниот јунак на еврејската сиромаштија, бандитот Бења Крик. Од еврејскиот живот се инспириани и драмите „Залезот на сонцето“ (1928) и „Марија“ (1935).[2]

Фотографија на Бабел по неговото апсење.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nada Marinković, „Isak Babelj“, во I. E. Babelj, Crvena konjica. Beograd: Rad, 1969, стр. 123-124.
  2. Nada Marinković, „Isak Babelj“, во I. E. Babelj, Crvena konjica. Beograd: Rad, 1969, стр. 123-126.