27 јануари
Изглед
Предлошка:Јануари 2026 27 јануари — 27-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 338 денови до крајот на годината (339 во престапна).
Настани:
| 1916 | Во Берлин е формирана социјалистичка револуционерна организација „Сојуз на спартаковците“, на чие чело се наоѓаа Роза Луксембург и Карл Либкнехт. |
| 1945 | Црвената армија го ослободи Аушвиц, најголемиот и најстраотниот логор во Втората светска војна. |
| 1995 | Република Молдавија и Република Македонија воспоставиле дипломатски односи. |
Родени:
| 1585 | Хендрик Аверкамп — пејзажист од златното време на холандското сликарство |
| 1687 | Балтазар Нојман — германски барокен архитект. |
| 1756 | Волфганг Амадеус Моцарт — австриски композитор. |
| 1775 | Вилхелм Шелинг — германски филозоф, последен претставник на германската класична филозофија. |
| 1826 | Михаил Салтиков-Шчедрин — руски писател и новинар. |
| 1910 | Едвард Кардељ — словенски политичар, министер за надворешни работи на СФР Југославија. |
| 1918 | Елмор Џејмс — американски блуз-музичар. |
| 1922 | Дона Рид — американска глумица. |
| 1926 | Ингрид Тулин — шведска глумица. |
| 1932 | Рима Казакова — советска и руска поетеса. |
| 1944 | Ник Мејсон — англиски рок-музичар, член на групата Пинк флојд (Pink Floyd). |
| 1948 | Михаил Баришников — советски, руски и американски балетан. |
| 1954 | Маринко Роквиќ — српски фолк-пејач. |
| 1964 | Бриџит Фонда — американска глумица. |
| 1978 | Александар Митевски — македонски поп-пејач и композитор. |
| 1979 | Розамунд Пајк — американска глумица. |
| 1980 | Марат Сафин — руски тенисер. |
| 1984 | Јури Бережко — руски одбојкар. |
| 1985 | Рубен Аморим — португалски фудбалер и тренер. |
| 1987 | Денис Глушаков — руски фудбалер. |
| 1987 | Антон Шунин — руски фудбалски голман. |
| 1993 | Јаја Саного — француски фудбалер. |
| 2000 | Орелијан Чуамени — француски фудбалер. |
Починале:
| 1814 | Јохан Готлиб Фихте — германски идеалистички филозоф. |
| 1901 | Џузепе Верди — италијански композитор. |
| 1919 | Ендре Ади — унгарски поет. |
| 1860 | Јанош Бојаи — унгарски математичар. |
| 1940 | Исак Бабел — руски писател. |
| 1972 | Махалија Џексон — американска пејачка, позната како „кралица на госпелот“. |
| 2006 | Никица Калоѓера — хрватски композитор. |
| 2009 | Џон Апдајк — американски писател. |
Празници:
| * | Меѓународен ден на комеморација на жртвите на холокаустот. |