Идеализам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Идеализмот е еден од двата основни правци во филозофијата кој, наспроти материјализмот, смета дека идејата, свеста, духот е првобитното нешто, а природата, постоењето, материјата е нешто второстепено.

Објективен идеализам или конкретен идеализам е учење кое тврди дека темелот на се што постои е апсолутната идеја, светскиот дух, во крајна линија Бог.

Субјективен идеализам е учење што го одрекува објективното постоење на материјалниот свет, признавајќи ги како единствена реалност само индивидуалната свест и субјективните чувства.