24 јануари
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
24 јануари е 24-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 341 денови до крајот на годината (342 во престапна).
Настани:
| 41 | Римскиот цар Калигула, познат по својата ексцентричност и суров деспотизам, е убиен од неговата незадоволна Преторијанска гарда. |
| 1848 | Започнува Калифорниската златна треска во Сакраменто. |
| 1946 | Со решение на Министерството за народна просвета на Македонија првата македонска граматика е одобрена за учебник во средните училишта. Нејзин автор беше професорот Круме Кепески. |
| 1991 | Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија, излезе првиот број на независниот македонски неделник „Пулс“. |
Родени:
| 1444 | Галеацо Марија Сфорца — војвода на Милано. |
| 1712 | Фридрих II Велики — крал на Прусија. |
| 1752 | Муцио Клементи — англиски композитор. |
| 1776 | Ернест Теодор Хофман — германски писател, композитор, цртач, судија и професор по музика. |
| 1799 | Пјер Огистен Карон де Бомарше — француски писател. |
| 1915 | Роберт Мадервел — американски сликар. |
| 1922 | Ава Гарднер — холивудска глумица. |
| 1922 | Блага Алексова — македонски археолог и академик. |
| 1941 | Нил Дајмонд — американски музичар. |
| 1949 | Џон Белуши — американски глумец. |
| 1957 | Влатко Стефановски — македонски рок-музичар, член на групата „Леб и сол“. |
| 1961 | Настасја Кински — германска глумица. |
| 1967 | Џон Мјанг — басист на американската прогресивна метал група „Dream Theater“. |
| 1977 | Андрија Гериќ — српски одбојкар. |
| 1987 | Луис Сузарез — уругвајски фудбалер. |
| 1994 | Даниел Андре Танде — норвешки скокач со скии. |
Починале:
| 41 | Калигула — римски цар. |
| 1920 | Амедео Модилјани — италијански сликар. |
| 1929 | Васил Главинов — еден од првите организатори на социјалистичките идеи и организатор на работничкото движење во Македонија, поборник за Балканска Федерација. |
| 1965 | Винстон Черчил — британски политичар, државник и писател. |
| 2004 | Леонидас — бразилски фудбалер. |
| 2006 | Марија Мирчов - Скаловска — македонска оперска и концертна пејачка. |
| 2018 | Марк Е. Смит — англиски рок-музичар, член на групата „Фол“. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |