30 јануари
Изглед
Предлошка:Јануари 2026 30 јануари — 30-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 335 денови до крајот на годината (336 во престапна).
Настани:
| 1889 | Австроунгарскиот престолонаследник, надвојводата Франц Карл Јосиф Рудолф Хабсбург и неговата седумнаесетгодишна љубовница, баронесата Марија извршиле самоубиство во царската ловечка куќа во Мајерлинг. |
| 1944 | На планината Кожуф генералштабот на НОВ и партизанските одреди на Македонија и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ одржуваат советување. Одлучено е што поскоро да се изберат делегати од сите народни одбори од Македонија и да се забрза со подготовките за свикување на АСНОМ. |
| 1945 | Руска подморница го торпедирала и потопила германскиот брод „Вилхелм Густлов“, преполн со бегалци при што загинале над 9.000 лица. Тоа се смета за најголема поморска катастрофа во историјата. |
| 1948 | Во Њу Делхи е извршен атентат врз Махатма Ганди, водач на индиското ослободително движење. |
| 1996 | Како прилог на весникот „Вечер“ излегол првиот број на весникот „Занаетчија“, гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град Скопје — Стопанска комора на Македонија. |
Родени:
| 133 | Дидиј Јулијан — римски цар. |
| 1491 | Франческо Марија Сфорца — син на Џан Галеацо Сфорца. |
| 1781 | Аделберт фон Шамисо — германски писател. |
| 1830 | Григор Прличев — македонски поет. |
| 1848 | Фердинанд Манлихер — австриски конструктор на оружје, изумител на Манлихерката. |
| 1875 | Климент Шапкарев — македонски револуционер. |
| 1878 | Дончо Лазаров — македонски револуционер. |
| 1882 | Франклин Делано Рузвелт — американски претседател. |
| 1883 | Јарослав Хашек — чешки писател. |
| 1894 | Борис III — цар на Бугарија. |
| 1909 | Харалампие Поленаковиќ — еден од основоположниците на историјата на македонската книжевност. |
| 1925 | Даглас Енгелбарт — американски пронаоѓач. |
| 1930 | Џин Хекман — американски глумец. |
| 1937 | Ванеса Редгрејв — британска театарска и филмска глумица. |
| 1937 | Борис Спаски — руски и советски шахист, светски првак од 1969 до 1972 година. |
| 1951 | Фил Колинс — англиски рок и поп-музичар. |
| 1954 | Чак Свирски — кошаркарски коментатор. |
| 1954 | Хусеин Хасанефендиќ — хрватски и југословенски рок-музичар, член на групата Парни валјак. |
| 1956 | Дарко Рундек — хрватски и југословенски рок-музичар, член на групата „Хаустор“. |
| 1970 | Васил Шишков — македонски глумец. |
| 1974 | Кристијан Бејл — англиски глумец. |
| 1975 | Жунињо — бразилски фудбалер. |
| 1976 | Ѓорѓи Христов — македонски фудбалер. |
| 1981 | Димитар Бербатов — бугарски фудбалер. |
| 1981 | Питер Крауч — англиски фудбалер. |
| 1983 | Влатко Грозданоски — македонски фудбалер. |
| 1983 | Стив Морабито — швајцарски велосипедист. |
| 1985 | Ричи Порт — австралиски велосипедист. |
| 1987 | Арда Туран — турски фудбалер. |
| 1988 | Рамунас Навардаускас — литвански велосипедист. |
| 1989 | Џакомо Ницоло — италијански велосипедист. |
| 1995 | Маркос Љоренте — шпански фудбалер. |
Починале:
| 1948 | Махатма Ганди — водач на индиското ослободително движење. |
| 2024 | Чита Ривера — американска танчерка и глумица. |
| 2025 | Мериен Фејтфул — англиска пејачка и глумица. |