Прејди на содржината

Балтазар Нојман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Балтазар Нојман
Balthasar Neumann
Портрет на Балтазар Нојман од Маркус Фридрих Клајнерт (1727)
Роден(а)27 јануари 1687(1687-01-27)
Егер, Чешко кралство
Починал(а)19 август 1753(1753-08-19) (возр. 66)
Вирцбург, Долна Франконија
ЗданијаВирцбуршки дворец,
Базилика на Четиринаесетте Свети Помошници

Јохан Балтазар Нојман (германски: Johann Balthasar Neumann; 27 јануари 1687 - 19 август 1753) — германски воен инженер и архитект со свој карактеристичен стил на барокна архитектура, сплотувајќи австриски, чешки, италијански и француски елементи во своите проекти, создавајќи едни од најимпресивните зданија на своето време, меѓу кои се Вирцбуршкиот дворец и Базиликата на Четиринаесетте Свети Помошници („Фирценхајлинген“).

Животопис

[уреди | уреди извор]
Внатрешноста на Базиликата на Четиринаесетте Свети Помошници

Нојман е роден во Егер (Хеб) во областа Чешка. Во 1711 г. се преселил во Вирцбург, додека во 1717 нашол покровителство кај семејството Шенборн. Тој бил одговорен за сите градежни потфати на шенборнскиот кнез и епископ на Вирцбург. Нојман починал во Вирцбург, Германија.

Најпознатото дело на Нојман е Вирцбуршкиот дворец, кој се смета за еден од најубавите и најускладени палати во Европа, а базиликата Фирценхајлинген некои ја сметаат за бисер на тој период.

Неговото последно дело е црквата на Посетата на Богородица, барокно ремек-дело кое се наоѓа близу Елтман на Мајна.

Паметници

[уреди | уреди извор]

Неговиот лик може да се види на банкнота од поранешни 50 германски марки заедно со прочуеното скалиште во Вирцбуршкиот дворец. Нојман е овековечен на еден од фреските на Џовани Батиста Тјеполо во истиот дворец, прикажан во псевдовоена униформа, како се потпира врз топ. Тој се фалел дека таванот е така добро конструиран, што дури ни топ не може да го сруши.

Вирцбуршкиот дворец со градините

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]