4 јануари
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
4 јануари е 4-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 361 денови до крајот на годината (362 во престапна).
Настани:
| 1992 | Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 јануари - првиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е прв пат во Македонија верски празник и официјално да биде прогласен за неработен. |
| 1996 | Република Македонија и Република Таџикистан воспоставија дипломатски односи. |
Родени:
| 1643 | Исак Њутн — англиски физичар и математичар. |
| 1710 | Џовани Батиста Перголези — италијански композитор. |
| 1785 | Јакоб Грим — германски филолог и фолклорист. |
| 1809 | Луј Брај — француски учител, пронаоѓач на азбуката за слепи, наречена Брајова азбука. |
| 1883 | Макс Истмен — американски политичар. |
| 1909 | Тодор Ангеловски — македонски комунист, учесник во НОБ. |
| 1922 | Френк Вес — американски џез-музичар. |
| 1932 | Фабијан Шоваговиќ — хрватски и југословенски глумец. |
| 1935 | Флојд Патерсон — американски боксер. |
| 1942 | Џон Меклафлин — англиски џез-гитарист. |
| 1957 | Весна Змијанац — српска пејачка. |
| 1960 | Мајк Стајп — американски пејач, член на групата „РЕМ“ (REM). |
| 1964 | Александар Фадеев — руски и советски спортист, европски и светски шампион во уметничко лизгање. |
| 1973 | Јозеф Кабањ — словачки автоконструктор. |
| 1974 | Данило Хондо — германски велосипедист. |
| 1980 | Јарослав Попович — украински велосипедист. |
| 1986 | Џејмс Милнер — англиски фудбалер. |
| 1990 | Алберто Палоски — италијански фудбалер. |
| 1990 | Тони Крос — германски фудбалер. |
Починале:
| 1752 | Габриел Крамер — швајцарски математичар. |
| 1782 | Анж Жак Габриел — француски архитект, еден основоположниците на неокласичната архитектура. |
| 1941 | Анри Бергсон — француски филозоф. |
| 1942 | Орце Николов — Народен херој на Македонија. |
| 1943 | Мирче Ацев — Народен херој на Македонија. |
| 1943 | Страшо Пинџур — Народен херој на Македонија. |
| 1954 | Димитар Андонов Папрадишки — последниот македонски зограф и првиот профан сликар и основач на „западното“ сликарство во Македонија. |
| 1960 | Албер Ками — француски писател. |
| 1961 | Ервин Шредингер — австриски теоретски физичар. Eден од основоположниците на квантната механика и добитник на Нобеловата награда за физика во 1933 година. |
| 1965 | Томас Стернс Елиот — англиски поет од американско потекло. |
| 1969 | Пол Чејмберс — американски џез-музичар. |
| 1991 | Звонимир Лепетиќ — хрватски и југословенски глумец. |
| 2011 | Мик Карн — британски рок-музичар. |
| 2016 | Лонг Џон Хантер — американски блуз-гитарист. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |