28 јануари
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Шаблон:Јануари 2019 28 јануари е 28-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 337 денови до крајот на годината (338 во престапна).
Настани:
| 1821 | Прогласена е независноста на Перу, со што, сепак, не било дефинитивно завршено речиси 300-годишното колонијално владеење на Шпанија во таа латиноамериканска земја. Шпанија се обидувала уште три години да ја наметне својата власт во Перу. |
| 1871 | Франција капитулираше во војната со Прусија и го предаде Париз. |
| 1878 | Во Њу Хевн, САД пуштена е во употреба првата телефонска централа, по две години откако Александар Грејам Бел го патентираше телефонот. |
| 1918 | Владимир Илич Ленин, од името на Советот на народните комесари на Советска Русија, потпиша Декрет за формирање на Црвената армија. |
| 1945 | Во Скопје е отворена првата градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа. |
| 1986 | Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод „Челенџер“, експлодира над Кејп Канаверал и во парчиња се урна во водите на Атлантикот. Тоа беше најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинаа сите седум членови на екипажот. |
Родени:
| 1457 | Хенри VII — англиски крал |
| 1540 | Лудолф ван Цојлен — германски математичар, познат по своите пресметки на бројот π |
| 1600 | Папа Климент IX — римски папа. |
| 1717 | Мустафа III — 26. султан на Отоманската империја. |
| 1887 | Артур Рубинштајн — полско-американски пијанист. |
| 1912 | Џексон Полок — американски сликар. |
| 1928 | Славко Милосавлевски — македонски социолог. |
| 1936 | Исмаил Кадаре — албански писател. |
| 1949 | Грег Попович — американски кошаркарски тренер. |
| 1955 | Никола Саркози — француски политичар, 23. претседател на Франција |
| 1957 | Мирјана Карановиќ — српска и југословенска глумица. |
| 1959 | Патрицио Олива — италијански боксер. |
| 1975 | Тим Монтгомери — американски атлетичар. |
| 1978 | Џанлујџи Буфон — италијански фудбалер. |
| 1978 | Џејми Карагер — англиски фудбалер. |
| 1982 | Михаел Гигу — француски ракометар. |
| 1988 | Адријано Малори — италијански велосипедист. |
Починале:
| 592 | Гунтрам — крал на Франките. |
| 1547 | Хенри VIII — славен крал на Англија. |
| 1919 | Франц Меринг — германски социолог и историчар, еден од водачите на левото крило на германската социјалдемократија и еден од основачите на Комунистичката партија на Германија. |
| 1972 | Дино Буцати — италијански писател. |
| 1996 | Јосиф Бродски — руски поет, добитник на Нобеловата награда за литература и „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. |
| 1997 | Антонио Каладо — бразилски писател и новинар. |
| 2006 | Душко Трифуновиќ — српски поет. |
| 2016 | Пол Кантнер — американски рок-музичар, член на групата „Џеферсон ерплејн“ (Jefferson Airplane). |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |