8 јануари
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
8 јануари е 8-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 357 денови до крајот на годината (358 во престапна).
Настани:
| 1198 | Инокентиј III станува папа. |
| 1679 | Францускиот истражувач Рене-Робер Кавелје де ла Сал ги откри величенствените Нијагарини Водопади, една од најубавите природни реткости на светот. Во следните три години го помина целиот тек на реката Мисисипи, и во чест на Луј XIV сливот го прогласил за француски посед наречен „Луизијана“. Убиен e во 1687 година во бунт на членовите на неговата експедиција. |
| 1991 | Во Скопје е конституирано првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија. За прв претседател беше избран Стојан Андов, пратеник на Сојузот на реформиските сили. |
| 1993 | На пат кон Сараевскиот аеродром, во конвој под заштита на силите на УНПРОФОР, од страна на српските сили е убиен заменик-премиерот на Босна и Херцеговина, Хакија Тураљиќ. |
Родени:
Починале:
| 1198 | Целестин III — римски папа. |
| 1324 | Марко Поло — венецијански трговец и истражувач. |
| 1642 | Галилео Галилеј — италијански астроном и физичар. |
| 1713 | Арканџело Корели — италијански композитор и виолинист, претставник на италијанската класична музика. |
| 1896 | Пол Верлен — истакнат француски симболистички поет. |
| 1951 | Војдан Чернодрински — македонски драматург, основоположник на македонскиот театар. |
| 1965 | Борис Барнет — советски филмски режисер и глумец. |
| 1980 | Џон Мокли — aмерикански физичар. |
| 2007 | Ѓорѓи Здравев — македонски етнолог и костимограф. |
| 2010 | Славка Манева — македонска писателка. |
| 2016 | Отис Клеј — американски соул-пејач. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |