19 јануари
Изглед
Предлошка:Јануари 2026 19 јануари — 19-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 346 денови до крајот на годината (347 во престапна).
Настани:
| 1419 | Стогодишна војна: Градот Руан, а со тоа и сета Нормандија влегува во составот на Англија. |
| 1806 | Велика Британија го окупирала ’Рт на Добра Надеж. |
| 1853 | Операта „Трубадур“ од Џузепе Верди премиерно е прикажана во Рим. |
| 1861 | Џорџија станала петтата држава која се оделила од САД. |
| 1899 | Судан станал кондоминиум на Велика Британија и Египет. |
| 1915 | Францускиот пронаоѓач Жорж Клод ја патентирал неонската светилка за примена во рекламирањето. |
| 1945 | Втора светска војна: Советската војска го ослободила Варшавското гето. Од вкупно 230.000 жители во 1940, нацистичката окупација ја преживеале помалку од 900. |
| 1966 | Индира Ганди станала премиер на Индија. |
| 1969 | Студентот Јан Палах починал од повредите здобиени 3 дена претходно кога се запалил на Вацлавскиот плоштад во знак на протест поради задушувањето на Прашката пролет. |
Родени:
| 1544 | Франсоа II — крал на Франција. |
| 1736 | Џејмс Ват — англиски физичар и пронаоѓач. |
| 1798 | Огист Конт — француски филозоф. |
| 1809 | Едгар Алан По — северноамерикански поет и писател. |
| 1839 | Пол Сезан — француски сликар. |
| 1847 | Милован Глишиќ — српски писател. |
| 1868 | Густав Мајринк — австриски писател. |
| 1871 | Дамјан Груев — македонски револуционер, еден од основачите на ТМОРО. |
| 1879 | Симеон Радев — публицист и новинар. |
| 1912 | Леонид Канторович — советски математичар и економист, добитник на Нобеловата награда. |
| 1921 | Јанез Врховец — српски и југословенски глумец. |
| 1925 | Кирил Македонски — македонски композитор. |
| 1936 | Радован Радовиќ — српски и југословенски кошаркар. |
| 1941 | Климе Савин — македонски пливачки маратонец и спортски работник. |
| 1943 | Џенис Џоплин — американска рок-пејачка. |
| 1945 | Драган Холцер — југословенски фудбалер. |
| 1949 | Роберт Палмер — англиски поп-рок музичар. |
| 1952 | Ирфан Менсур — босански и српски глумец. |
| 1960 | Момчило Грошев — македонски фудбалер. |
| 1960 | Ал Џојнер — американски атлетичар. |
| 1960 | Жарко Лаушевиќ — југословенски и српски глумец. |
| 1962 | Џеф ван Ганди — американски кошаркарски тренер. |
| 1966 | Стефан Едберг — шведски тенисер. |
| 1969 | Лук Лонгли — американски кошаркар. |
| 1969 | Предраг Мијатовиќ — црногорски и југословенски фудбалер. |
| 1979 | Светлана Хоркина — руска гимнастичарка. |
| 1980 | Влатко Илиевски — македонски кошаркар. |
| 1980 | Џенсон Батон — британски возач, светски првак во „Формула 1“. |
| 1986 | Клаудио Маркизио — италијански фудбалер. |
| 1990 | Начо — шпански фудбалер. |
| 1998 | Александер Шмит — австриски фудбалер. |
Починале:
| 1526 | Изабела — данска кралица. |
| 1576 | Ханс Закс — германски поет, мајстор-пејач, драматург и деец на реформацијата |
| 1938 | Бранислав Нушиќ — српски комедиограф, сатиричар и критичар. |
| 1998 | Карл Перкинс — американски кантри-пејач. |
| 2000 | Хеди Ламар — австриско-американска глумица. |
| 2002 | Вава — бразилски фудбалер. |
| 2004 | Мирослав Павловиќ — српски и југословенски фудбалер. |
| 2006 | Вилсон Пикет — американски соул-пејач. |
| 2016 | Еторе Скола — италијански режисер. |
| 2026 | Валентино Гаравани — италијански моден дизајнер. |
Празници:
| * | Водици (Богојавление). |