Влатко Илиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Не е исто со Владо Илиевски.
Влатко Илиевски
Влатко Илиевски на настап на Евровизија 2011
Животописни податоци
Родено имеВлатко Илиевски
Роден(а)2 јули 1985(1985-07-02)
Скопје, Македонија
Починал(а)6 јули 2018(2018-07-06) (возр. 33)
Скопје, Македонија
Жанровипоп, рок
Занимањапејач, глумец
Период на активност2000 – 2018
ИздавачиPlan B Production

Влатко Илиевски (2 јули 1985 - 6 јули 2018) — македонски пејач на поп и рок-музика. Својата кариера ја започнал на почетокот на 2000-те и се стекнал со голема популарност ширум македонската публика. Изведувал музички композиции со поп и рок елементи. Во 2011 година Влатко Илиевски ја претставуваше Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“.[1] Пред да ја почне својата соло кариера, тој бил дел од музичката група „Морал“.[2] Завршил на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а дипломирал со претставата „Гнев“ на Стивен Кинг.

Детство[уреди | уреди извор]

Илиевски е роден на 2 јули 1985 година во Скопје. Со неговата 12 годишна возраст тој започнал да свири на гитара во локалните скопски бендови. Првите посериозни почетоци му биле со групата „Made in Macedonia“ во 2000 година кога освоиле две награди.

Кариера[уреди | уреди извор]

„Морал“[уреди | уреди извор]

Во 2001 година, македонскиот рок бенд „Морал“ го повикува Влатко Илиевски на аудиција. Истата 2001 година тие ги снимиле своите први песни, а во почетокот на 2002 година пошироката јавност го запознава Влатко како пејач на бендот со инстант успешниот видео спот "Мора да е кошмар". Веќе наредниот видео спот на "Морал" со големиот хит "Кога патувам" го етаблира Влатко како следна голема музичка звезда на македонското небо, и групата и Влатко ја добиваат Златната бубамара за најдобар нов пејач. Во 2003 година го завршиле својот албум „Кога патувам“. Албумот бил составен од песните: „Панично те сакам“, „Скопје“, „Ти си“, „Ова е Македонија“ и „А ти ме убиваш“. Во тој период тие се едни од најпопуларните изведувачи во Македонија иако свиреа хард рок, музички жанр кој никогаш не бил добро прифаќан од македонските медиуми. Во 2004 година по издавањето на албумот Морал ја добива наградата "12 величествени" на МРТ за група на годината во Македонија. Во 2005 година „Морал“ биле предгрупа на концертот на „Дип Прпл“ (Deep Purple) во Скопје. После неколкугодишна пауза во нивната работа поради сопствената соло кариера, со "Moрал" Влатко Илиевски го снима и албумот "Кофеин Блуз". При крај на 2017 година тие го издаваат албумот, а на почетокот на 2018 го прават нивниот последен заеднички концерт.

Соло кариера[уреди | уреди извор]

Влатко ја започнал својата соло кариера во 2007 година. Неговите попознати песни се „Небо“, „Уште си ми ти“, „Со Други Зборови“, „Не те можам“,[2] „Taка требало да биде“, „Се што сакав после тебе“, „Сите ми се криви“, „Гушни ме“ , „Скитник“, „Најбогат на свет“, „Роза сина“, „Исцеление“, „Пак на старо“, „За љубов се пее до крај“, „Работнички шампионе“, „Среќа“ и „Есен“. Влатко Илиевски беше и првиот македонски пејач кој ја наполни арената "Борис Tрајковски" со свој концерт.

Албуми[уреди | уреди извор]

Првиот албум на Влатко Илиевски бил „Со други зборови“ и имал 10 песни: „Со други зборови“, „И премногу добро“, „Сите ми се криви“, „Така требало да биде“, „Уште си ми ти“, „Не те можам“, „Гушни ме“ , „Од утре не“, „Небо“, „Скитник“.[3]

Неговиот втор албум е „Најбогат на свет“ и имал исто така 10 песни: „Среќа“, „Пред да те знам“, „И ти и јас“, „Се што сакав по тебе“, „Пак на старо“, „Најбогат на свет“, „Есен“, „За љубов се пее до крај“, „Не плачи“, „Извини“ и „Небо“.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филмографија на глумецот Влатко Илиевски
Год. Назив Улога
2000-ти
2002 Наше маало ТВ-серија Дејан
2010-ти
2010 Од денес за утре ТВ-серија Бојан
2014 Кум ТВ-серија Маик
2016 Златна петорка ТВ-филм Тони
2017 Љубов и Предавство ТВ-серија Тони
2017 Преспав ТВ-серија Гостинот

Смрт[уреди | уреди извор]

Илиевски починал вечерта на 6 јули 2018 г. Иако се појавија шпекулации од страна на извесни портали во врска со причината за смрт, официјално соопштение сè уште нема. Во тек е истражна постапка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Popovski, Aleksandar (19 February 2010). „Познати имињата на осумте финалисти за Евросонг / Goko Taneski will represent Macedonia in Oslo“. MacFax. Посетено на 18 June 2010.[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 „Влатко Илиевски наскоро во голем тв-проект“. RadioMK. 2008. Архивирано од изворникот 2011-07-15. Посетено на 18 June 2010.
  3. "Со други зборови" првенче на Влатко Илиевски“. RadioMK. Архивирано од изворникот 2011-07-15. Посетено на 18 June 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]