Ти си сон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Македонија Ти си сон
Евровизија 2005
земјаМакедонија
изведувачМартин Вучиќ
јазикмакедонски
јазицианглиски
композиторДраган Вучиќ
текстОгнен Неделковски, Бранка Костиќ
пласман
позиција во полуфинале9
поени во полуфинале97
финален пласман17
поени во финале52
хронологија на учество
◄ Ангел си ти (2004)   
Нинанајна (2006) ►

Ти си сон (англиски: Make my day) била македонска песна претставничка на Евровизија 2005 во Киев, Украина, изведена на англиски јазик од Мартин Вучиќ. Композитор на песната бил Драган Вучиќ (татко на Мартин), македонскиот текст го напишал Огнен Неделковски, а англискиот Бранка Костиќ[1].

Опис[уреди | уреди извор]

Ова е брза песна во која Вучиќ на својата љубена ѝ кажува дека е уморен од нејзиното неразбирање („You just try to make me cry" - „Ти само се обидуваш да ме расплачеш") и дека е подготвен да ја прекине врската поради тоа. Тој ѝ кажува дека таа треба да „се однесува поинаку / Или јас ќе најдам друга љубов" („Try to play another way/Or I will find another love") и дека таа може да „Земи сè" („Take it all") ако врската заврши.

Домашен избор[уреди | уреди извор]

На домашниот избор за песна на Евровизија и покрај убедливото водство на Александра Пилева со песната Сонце и месечина, по сумирање на резултатите, добиени по телефонско гласање, мислењето на публиката во Универзална сала, како и од гласовите на жири-комисијата, триумфирал Мартин Вучиќ.

Песната на Пилева, која при телефонското гласање добила петпати повеќе гласови, воопшто не била рангирана меѓу шесте најдобри од претставниците на жирито, чии гласови биле пресудни. Ова предизвикало големо незадоволство меѓу публиката која сметала дека изборот е нерегуларен бидејќи наводно на публиката ѝ биле делени бесплатни влезни билети[2][3] на кои веќе била заокружена песната Ти си сон, и дека морален победник е Александра Пилева.

Настап на Евровизија 2005[уреди | уреди извор]

Невообичаено за една таква песна, настапот бил доста статичен. Вучиќ и неговите двајца машки придружни вокали носеле јакни, маици и фармерки, а само малку танцувале за време на рефренот - мрдајќи со своите прсти во ритамот на музиката. Трите танчарки носеле кратки цветни фустани и биле малку повеќе разиграни.

Бидејќи Македонија не се нашла меѓу првите 10 на Евровизија 2004, Ти си сон била изведена во полуфиналето. Вучиќ настапил седумнаесетти по ред и освоил 97 поени, пласирајќи се на 9 место во конкуренција на 25 исполнители, и се квалификувал за финалето.

Во финалето, песната била изведена петнаесетта по ред, а на крајот од гласањето добила 52 поени, освојувајќи го 17 место од вкупно 24 песни. Тоа значело повторно учество на Македонија во полуфиналето за следниот евровизиски настап.

Текст на песната[уреди | уреди извор]

македонски

Леј лала леј ла... лала леј лала леј ла...
Лала леј лала леј ла... лала леј лалала...
Леј лала леј ла... лала леј лала леј ла...
Лала леј лала леј ла... лала леј лалала...

Преполн локал, туѓа за жал
Цела си ко од порцелан
Песни без нас, раце ко мраз
Морам да те имам јас

Од ѕвездите збунети
Го земам твојот број
Пишувам порака
Влези во животот мој

Ти си сон, сонот мој
Гледам како те гали
Не сум бог ни херој
На срце фитил запали

Леј лала леј ла... лала леј лала леј ла...
Лала леј лала леј ла... лала леј лалала...

Преполн локал, туѓа за жал
Цела си ко од порцелан
Никаде не брзам
Можам и сакам и знам

Ти си сон, сонот мој
Гледам како те гали
Не сум бог ни херој
На срце фитил запали
Shake it now, baby

Ти си сон, сонот мој
Гледам како те гали
Не сум бог ни херој
На срце фитил запали

Ти си сон, сонот мој
Гледам како те гали
Не сум бог ни херој
На срце фитил запали

Ти си сонот мој

англиски

Ley lala ley la... lala ley lala ley la...
Lala ley lala ley la... lala ley lalala...
Ley lala ley la... lala ley lala ley la...
Lala ley lala ley la... lala ley lalala...

Day after day, time after time
You just try to make me cry
Hand in your hand, tears in my eyes
I pretend you make me fly

But honestly, it's plain to see
I'm not the man to be
Your cuddly toy, I am the boy
Who will break up with you to be free

Make my day, get away
Take it all, baby, please go
Try to play another way
Or I will find another love

Ley lala ley la... lala ley lala ley la...
Lala ley lala ley la... lala ley lalala...

Day after day, time after time
You just try to make me cry
But don't you see that I am the boy
Who will break up with you to be free?

Make my day, get away
Take it all, baby, please go
Try to play another way
Or I will find another love
(Make my day) Shake it now, baby

Make my day, get away
Take it all, baby, please go
Try to play another way
Or I will find another love

Make my day, get away
Take it all, baby, please go
Try to play another way
Or I will find another love

Make my day

Наводи[уреди | уреди извор]