Македонија на Евровизија 2009

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Македонија учествуваше на Евровизија 2009 во Москва, Русија, со песната Нешто што ќе остане отпеана од групата Next Time. Го освои 10. место во првото полуфинале, неуспевајќи да влезе во финалето.

Скопје Фест 2009[уреди | уреди извор]

Македонската радио телевизија бараше нов метод на селекција на претставникот за Евровизија 2009. Седмични дебатни програми беа одржувани од МРТ на телевизија, кои беа користени како платформа за дискусија меѓу МРТ и македонската публика за тоа како процесот на избор на македонскиот претставник да биде фер и успешен.