Прејди на содржината

Адријан Гаџа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Адријан Гаџа
Адријан Гаџа (десно) претставувајќи ја Македонија на Евровизијата 2008
Животописни податоци
Родено имеAdrian Gaxha
Роден(а)13 февруари 1984(1984-02-13)(40 г.)
Скопје, Македонија
ЖанровиПоп
ЗанимањаПејач, текстописец, продуцент
Период на активност2003- до сега
ИздавачиOn Air
СоработнициТамара Тодевска, Врчак, Флоријан Беќири

Адријан Гаџа (роден на 13 февруари 1984) - македонски пејач, текстописец и продуцент од албанска националност.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ран живот

[уреди | уреди извор]

Адријан Гаџа е роден на 13 февруари во Скопје од татко Албанец и мајка Македонка. Започна да свири на виола уште како мало дете и заврши средно музичко училиште. Моментално студира англиски јазик во Скопје.

Kaриера 2001-2008

[уреди | уреди извор]

Гаџа започна со пеење во 2001 година на албанскиот музички фестивал Nota Fest. Таму, тој ја освои првата награда, каде за првпат дебитант освојува прва награда од жирито и публиката. За кратко време, Адријан стана популарен пејач во Македонија, Албанија и Косово. До денес има снимено четири албуми, три на албански и еден на македонски јазик.

Неговите настапи најчесто вклучуваат танцувачки вештини во кореографијата. Исто така, има учествувано и на фестивали како Videofest во Приштина, Макфест во Штип, и ја освои првата награда на Охрид Фест. Во 2006, заврши втор на скопскиот фестивал за песна на Евровизија со песната Љубов е, заедно со Есма Реџепова.

2008: Евросонг 2008

[уреди | уреди извор]

Toj ja претставуваше Македонија[1] на Евровизија 2008, изведувајќи ја песната "Let Me Love You" заедно со Тамара Тодевска и Врчак. Песната не успеа да се пласира во финале, завршувајќи 10-та со 64 бода.

2008 до сега

[уреди | уреди извор]

Од 2008, Адријан се фокусира со пеење на албански јазик и албански пазар.[2] Учествуваше на Kënga Magjike 2012,[3] со Флоријан Беќири и на "Ngjyra e kuqe" (Црвена боја) и се плариа 10-ти. Песната беше голем хит на радио и на друштвените мрежи, особено на Јутјуб каде има над 8 милиони прегледи.[4][5] После фестивалот, ја објави песната "Kjo zemër" (Ова срце), која стана исто популарна.[6]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Thuaj Mamit
  • 300 Години (2008)
  • E Brenduar (2010)
  • "Во име на љубовта" (Тамара Тодевска, Врчак & Адријан Гаџа)
  • "Sa Sexy"
  • "Недопирлива" (со Врчак)
  • "Токсична" (со Врчак & Роберт Билбилов)
  • "Ti Tani" (со Snow Black)
  • "Skandali"
  • "Заробена" (Охридфест 2009)
  • "Ngjyra e Kuqe"
  • "Kjo zemër"
  • "Oj ti cike"
  1. Participating member Архивирано на 18 јуни 2012 г. of EBU
  2. „Adrian Gaxha: Me Florianin janë dyshja më e suksesshme“. Архивирано од изворникот на 2013-09-10. Посетено на 2015-02-16.
  3. „Adrian Gaxha: Të dielën në "Kënga Magjike 2012". Архивирано од изворникот на 2013-11-04. Посетено на 2015-02-16.
  4. „Adrian Gaxha: Xhiron videon e këngës "Ngjyra E Kuqe". Архивирано од изворникот на 2013-11-04. Посетено на 2015-02-16.
  5. „Adrian Gaxha: 3 milion shikime Në Youtube“. Архивирано од изворникот на 2013-11-04. Посетено на 2015-02-16.
  6. „Adrian Gaxha: Përsëri një duet me Florianin“. Архивирано од изворникот на 2013-09-10. Посетено на 2015-02-16.