Евровизија 2008
Евровизија 2008 | |
---|---|
Датум | 20 мај (1ПФ) 22 мај 2008(2ПФ) 24 мај 2008 (Финале) |
Домаќин | Србија РТС |
Локација | Белградска Арена,[1]Белград, Србија |
Презентери | Јована Јанковиќ Жељко Јоксимовиќ |
Победничка песна | Русија "Believe" |
Гласачки систем | Гласањето се врши во секој земја учесник преку телевотинг или смс. Секоја земја доделува бодови од 1-8, 10 и 12.[2] |
Број на земји | 43, 19 во секое полуфинале, 25 во финале, по 10 од секое полуфинале, |
Земји кои прв пат настапуваат | Азербејџан Сан Марино |
Земји кои се вратиле | нема |
Земји кои се откажале | Австрија |
Нула бодови | нема |
Настап во интермецо | Горан Бреговиќ, (финале) Метропол Оркестар, Слободан Тркулја, Балконополис (1ПФ) Национален Театар во Белград (2ПФ) |
Настап кој го отвора натпреварот | Марија Шерифовиќ со „Молитва“ (финале) Video Killed a Radio Star (1ПФ) Serbia for beginners заедно со Константин Костјуков (2ПФ) |
Евровизија 2008 беше 53-тиот натпревар за најдобра песна на Евровизија, чиј домаќин беше Србија. Двете полуфинални вечери беа одржани на 20 мај и 22 мај 2008, а финалната вечер на 24 мај во главниот град на Србија, Белград. На овој натпревар оваа година се натпреваруваа 43 земји, од кои за првпат имаа чест Азербејџан и Сан Марино. Натпреварувањето беше одржано во Белградска Арена, која има капацитет од 20.000 седишта. Србија доби право на организирање на натпреварот со победата на Марија Шерифовиќ на Евровизија 2007, во финскиот град Хелсинки. Одговорна телевизија на овој натпревар беше Радиотелевизија Србија (РТС). Победник на манифестацијата беше Русија, со пејачот Дима Билан и насловната нумера "Believe" која освои 272 бодови. На второ место се пласира Украина додека на трето Грција.
На 15 јануари 2008 беше официјално отворена мрежната страница за оваа Евровизија, и за првпат Eurovision.tv преку ESCTV посетителите ќе имаат можност да ги следат сите национални избори во живо како и главните вечери. На 30 јануари 2008 беше претставено логото и слоганот за Евровизија 2008 кој гласи „Мешавина од звук“ или „Confluence of Sound“.
Поради протестите во Белград, поради прогласувањето независност на Косово, на 22 февруари 2008 беше најавено дека е можно преместување на манифестацијата во друга земја. Украина беше земена како опција, поради тоа што таа минатата година го зазема второто место. Финска и Грција исто така се понудија да ја организираат манифестацијата. Но, на крајот беше одлучено манифестацијата да се одржи во Белград, со поддршка на ЕБУ.
Подготовки
[уреди | уреди извор]Првата проба на натпреварувачите се случи на 11 мај на површина од 27 со 25 квадратни метри голема сцена. Натпреварувачите од 43 земји имаа проби 2 пати дневно во само 8 дена.
2.000 луѓе работеа во Белградска Арена да ја подготват за Евровизија. Тежината на целокупната тејничка опрема спрема предвидувањата тежи околу 72 тони. Конструкторите се погрижија да ја направат инспиративна сцената. 20 камери ќе бидат употребени, да ни дадат најдобра можна слика и пренос на телевизија.
Учесници
[уреди | уреди извор]Земји учесници директно пласирани во финалето
[уреди | уреди извор]Финале
[уреди | уреди извор]Финалето ќе биде одржано на 24 мај.
# | Држава | Изведувач | Песна | Место во финалето | Бодови |
---|---|---|---|---|---|
1 | Романија | Nico & Vlad Mirita | Pe-o margine de lume | 20 | 45 |
2 | Обединето Кралство | Andy Abraham | Even If | 25 | 14 |
3 | Албанија | Olta Boka | Zemrën lamë peng | 17 | 55 |
4 | Германија | No Angels | Disappear | 23 | 14 |
5 | Ерменија | Sirusho | Qele, Qele | 4 | 199 |
6 | Босна и Херцеговина | Elvir Lakovic Laka | Pokusaj | 10 | 110 |
7 | Израел | Bo'az Ma'uda | The Fire in Your Eyes | 9 | 124 |
8 | Финска | Teräsbetoni | Missa miehet ratsastaa | 22 | 35 |
9 | Хрватска | Kraljevi ulice ft. 75 cents | Romanca | 21 | 44 |
10 | Полска | Isis Gee | For Life | 24 | 14 |
11 | Исланд | Eurobandid | This is my life | 14 | 64 |
12 | Турција | Mor ve Ötesi | Deli | 7 | 138 |
13 | Португалија | Vania Fernandes | Senhora do mar | 13 | 69 |
14 | Латвија | Pirates of the Sea | Wolves of the Sea | 12 | 83 |
15 | Шведска | Шарлот Перели | Hero | 18 | 47 |
16 | Данска | Simon Mathew | All Night Long | 15 | 60 |
17 | Грузија | Diana Ghurtskaia | Piece Will Come | 11 | 83 |
18 | Украина | Ани Лорак | Shady Lady | 2 | 230 |
19 | Франција | Sébastien Tellier | Divine | 19 | 47 |
20 | Азербејџан | Elnur Hüseynov & Samir Javadzadeh | Day After Day | 8 | 132 |
21 | Грција | Каломира | Secret Combination | 3 | 218 |
22 | Шпанија | Rodolfo Chiquilicuatre | Baila el Chiki Chiki | 16 | 55 |
23 | Србија | Јелена Томашевиќ | Oro | 6 | 160 |
24 | Русија | Дима Билан | Believe | 1 | 272 |
25 | Норвешка | Maria Haukaas Storeng | Hold On Be Strong | 5 | 182 |
Уште 20 земји ќе влезат во финалето од двете полуфинални вечери.
Земји учеснички во полуфинале
[уреди | уреди извор]Прво полуфинале
[уреди | уреди извор]Првото полуфинале беше одржано на 20 мај.
# | Држава | Изведувач | Песна | Место во полуфиналето | Бодови |
---|---|---|---|---|---|
1 | Црна Гора | Stefan Filipović | Zauvijek volim te | 14 | 23 |
2 | Израел | Bo'az Ma'uda | The Fire in Your Eyes | 5 | 104 |
3 | Естонија | Kreisiraadio | Leto svet | 18 | 8 |
4 | Молдавија | Geta Burlacu | A Century of Love | 12 | 36 |
5 | Сан Марино | Miodio | Complice | 19 | 5 |
6 | Белгија | Ishtar | O Julissi na Jalini | 17 | 16 |
7 | Азербејџан | Elnur Hüseynov & Samir Javadzadeh | Day After Day | 6 | 96 |
8 | Словенија | Rebeka Dremelj | Vrag naj vzame | 11 | 36 |
9 | Норвешка | Maria Haukaas Storeng | Hold On Be Strong | 4 | 106 |
10 | Полска | Isis Gee | For Life | 10 | 42 |
11 | Ирска | Dastin the Turkey | Irlande, douze pointe | 15 | 22 |
12 | Андора | Gisela | Casanova | 16 | 22 |
13 | Босна и Херцеговина | Elvir Lakovic Laka | Pokusaj | 9 | 72 |
14 | Ерменија | Sirusho | Qele, Qele | 2 | 139 |
15 | Холандија | Hind | Your heart belongs to me | 13 | 27 |
16 | Финска | Teräsbetoni | Missa miehet ratsastaa | 8 | 79 |
17 | Романија | Nico & Vlad Mirita | Pe-o margine de lume | 7 | 94 |
18 | Русија | Дима Билан | Believe | 3 | 135 |
19 | Грција | Kalomira | Secret Combination | 1 | 156 |
Второ полуфинале
[уреди | уреди извор]Второто полуфинале ќе биде одржано на 22 мај.
# | Држава | Изведувач | Песна | Место во полуфиналето | Бодови |
---|---|---|---|---|---|
1 | Исланд | Eurobandid | This is my life | 8 | 68 |
2 | Шведска | Шарлот Перели | Hero | 12 | 54 |
3 | Турција | Mor ve Ötesi | Deli | 7 | 85 |
4 | Украина | Ani Lorak | Shady Lady | 1 | 152 |
5 | Литванија | Jeronimas Milius | Nomads In The Night | 16 | 30 |
6 | Албанија | Olta Boka | Zemrën lamë peng | 9 | 67 |
7 | Швајцарија | Paolo Meneguzzi | Era stupendo | 13 | 47 |
8 | Чешка | Tereza Kerndlová | Have Some Fun | 18 | 9 |
9 | Белорусија | Ruslan Alekhno | Hasta la Vista | 17 | 27 |
10 | Латвија | Pirates of the Sea | Wolves of the Sea | 6 | 86 |
11 | Хрватска | Kraljevi ulice ft. 75 cents | Romanca | 4 | 112 |
12 | Бугарија | Deep Zone & Balthazar | DJ, Take Me Away | 11 | 56 |
13 | Данска | Simon Mathew | All Night Long | 3 | 112 |
14 | Грузија | Diana Ghurtskaia | Piece Will Come | 5 | 107 |
15 | Унгарија | Csézy | Candlelight | 19 | 6 |
16 | Малта | Morena | Vodka | 14 | 38 |
17 | Кипар | Evdokia Kadi | Fatal woman | 15 | 36 |
18 | Македонија | Тамара Тодевска, Раде Врчаковски Врчак, Адријан Гаџа | Let Me Love You | 10 | 64 |
19 | Португалија | Vania Fernandes | Senhora do mar | 2 | 120 |
Презентери на гласови
[уреди | уреди извор]Презентер на гласови за Македонија на Евровизија 2008 беше Презентерот на Вести од Македонската радио-телевизија - Огнен Јанески.
Редослед на гласање
[уреди | уреди извор]Редослед на гласање | ||||
---|---|---|---|---|
1. Обединето Кралство 2. Македонија 3. Украина 4. Германија 5. Естонија 6. Босна и Херцеговина 7. Албанија 8. Белгија 9. Сан Марино 10. Латвија 11. Бугарија |
12. Србија 13. Израел 14. Кипар 15. Молдавија 16. Исланд 17. Франција 18. Романија 19. Португалија 20. Норвешка 21. Унгарија 22. Андора |
23. Полска 24. Словенија 25. Ерменија 26. Чешка 27. Шпанија 28. Холандија 29. Турција 30. Малта 31. Ирска 32. Швајцарија 33. Азербејџан |
34. Грција 35. Финска 36. Хрватска 37. Шведска 38. Белорусија 39. Литванија 40. Русија 41. Црна Гора 42. Грузија 43. Данска |
Емитувања на полуфиналињата
[уреди | уреди извор]Како што беше објавено, државите мора да го пренесуваат финалето и полуфиналето во кое учествуваат. Велика Британија,[3] Сан Марино, Грција, Хрватска,[4] Ирска, Германија,[5] Холандија,[6] Норвешка,[7] Малта,[8] Србија,[9] Финска,[10] Босна и Херцеговина,[11] Данска,[12] Португалија,[13] Кипар[14] Израел,[15] Естонија,[16] Турција,[17] Латвија,[18] Словенија[19] Русија,[20] Украина,[21] Литванија, Чешката Република,[22] Андора,[23] Албанија,[24] Бугарија, Исланд,[25] Шведска,[26] Романија[27] и Австралија потврдија дека ќе ги емитуваат двете полуфиналиња (некаде како снимки, а некаде во живо).
Меѓународни емитувања
[уреди | уреди извор]- Австралија
- Иако Австралија не може да учествува, изборот беше емитуван на телевизискиот канал Ес-би-ес (SBS). Првото и второто полуфинале како и финалето беа емитувани во петок сабота и недела (23, 24 и 25 мај 2008) во 19:30 по месно време,[28] низ викендска евровизиско-тематска програма.[29] Локалната водителка, Џулија Земиро, само се појави во уводниот и завршниот дел на емитувањето, додека целиот дел беше преземен од Бибиси.[30] Овие години, Изборот за песна на Евровизија е еден од највисоко рангираните телевизиски програми на Есбиес во смисла на гледаност[31] Финалето на Есбиес го гледале 427,000 гледачи, додека 421,000 го гледале второто и 272,000 првото полуфинале[32]
- Австрија
- Во Австрија, државната телевизија ОРФ го емитуваше фестивалот во живо и доби многу високи телевизиски рејтинзи, и покрај тоа што Австрија не учествуваше на натпреварот. Но сепак, ОРФ не ги емитуваше полуфиналињата на 20 и 22 мај, па Австријците можеа да ги гледаат двете полуфиналиња на германската телевизија (ARD).[33]
- Италија
- Ниту една италијанска телевизија од Италија не го емитуваше натпреварот но Санмаринската телевизија (SMRTV), која го емитуваше целиот фестивал и на радио и на телевизија, може да се гледа во некои делови на Италија: Ромања (и мал дел од регионот Емилија вклучувајќи ја Болоња, северен Марче, и јужен Венето, вклучувајќи ја и Венеција.[34]
- Свет
- Емитување во живо за во цел свет на Изборот на Песна на Евровизија беше овозможено од страна на европските телевизии кои се емитуваат сателитски како романската TVRi, грчката ERT World, јавната телевизија на Ерменија (ARMTV), шпанската TVE Internacional, турската TRT International, полската TVP Polonia, португалската RTP Internacional, српската РТС Сат и шведската SVT Europa. Официјалното мрежно место на Евровизија исто така го емитуваше фестивалот во живо без коментар користејќи ја p2p мрежата Octoshape.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Welcome to Belgrade Arena“. Eurovision.TV. 2007-05-13. Посетено на 2007-05-14. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Eurovision 2008 - format confirmed!“. ESCToday.com. Посетено на 2007-11-24.
- ↑ During the UK national final (Eurovision: Your Decision), Terry Wogan confirmed both semi-finals would be broadcast on BBC Three.
- ↑ „Croatia: We will broadcast both semi finals“.
- ↑ „Supporters of German finalists and broadcast details revealed“. ESCToday.com. Посетено на 2007-02-26.
- ↑ „Netherlands: We will broadcast live both semi-finals“. ESCToday.com. Посетено на 2007-03-07.
- ↑ VG Nett - TV-guiden Архивирано на 25 октомври 2007 г., VG, May 22, 2008
- ↑ „exclusive PBSmalta to air both semifinals“. ogaemalta.com. Архивирано од изворникот на 2008-05-01. Посетено на 2008-05-07.
- ↑ „Oba polufinala u direktnom prenosu“. evropesma.org. Архивирано од изворникот на 2008-05-29. Посетено на 2007-11-15.
- ↑ „Finland: YLE to broadcast both semi finals“. ESCToday.com. Посетено на 2008-03-29.
- ↑ „BHRT goes Euromaniac“. oikotimes.com. Архивирано од изворникот на 2010-01-03. Посетено на 2008-03-29.
- ↑ „Denmark: DR to broadcast both semi finals“. ESCToday.com. Посетено на 2008-04-04.
- ↑ „RTP to broadcast both Eurovision semi-finals“. oikotimes.com. Архивирано од изворникот на 2010-02-10. Посетено на 2008-04-16.
- ↑ „Cyprus: CyBC to air both semis and preview shows“. ESCToday.com. Посетено на 2007-04-24.
- ↑ „OGAE Israel: 12 points to Sweden!“. ESCToday.com. Посетено на 2007-05-07.
- ↑ „Estonia: Sahlene to be ETV's spokeperson“. esctoday.com. Архивирано од изворникот на 2008-10-18. Посетено на 2008-05-09.
- ↑ „Turkey: TRT will broadcast both semi-finals live“. ESCToday.com. Посетено на 2008-05-09.
- ↑ „Latvia: Wolves of the Sea release first CD“. ESCToday.com. Посетено на 2008-05-10.
- ↑ „Slovenia: Rebeka danes na poti v Beograd (Rebeka will today go to Belgrade)“. RTVSLO.SI. Посетено на 2008-05-10.
- ↑ „Eurovision: Rossija“. Rossija. Архивирано од изворникот на 2008-05-17. Посетено на 2008-05-10.
- ↑ „Eurovision: fair play“. NTU. Архивирано од изворникот на 2008-05-29. Посетено на 2008-05-17.
- ↑ „Czech Republic: Broadcasting both semi finals“. esctoday.com. Посетено на 2008-05-20.
- ↑ „RTVA Official Schedule for Thursday has slot marked for Semi Final 2 as well“. RTVA. Архивирано од изворникот 2007-07-01. Посетено на 2008-05-21.
- ↑ „TVSH Official Schedule for Tuesday has slot marked for Semi Final 1 as well“. TVSH. Посетено на 2008-05-21.
- ↑ „RUV Official Schedule for Tuesday has slot marked for Semi Final 1 as well“. RUV. Архивирано од изворникот на 2008-05-23. Посетено на 2008-05-21.
- ↑ „SVT Official Schedule for Tuesday has slot marked for Semi Final 1 as well“. SVT. Посетено на 2008-05-21.
- ↑ „TVR1/29 May 2008 - 30 May 2008“.
- ↑ „Australia: SBS to air both Eurovision semi finals“. TVtonight.com.au. 2008-04-26. Посетено на 2008-04-26.
- ↑ Mitchell, Simone (2008-05-23). „Eurovision 2008“. The Vine. Fairfax Digital. Архивирано од изворникот на 2008-08-12. Посетено на 2008-05-26.
- ↑ Nicholson, Sarah (2008-05-21). „Top of the Euro pops“. Courier Mail. news.com.au. Архивирано од изворникот на 2008-05-29. Посетено на 2008-05-26.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Broadcasting of Eurovision in Australia“. OZEurovision. 2008-02-07. Посетено на 2008-02-07.[мртва врска]
- ↑ „The Who We Are update: week 24“. smh.com.au. 2008-05-26. Архивирано од изворникот на 2012-05-12. Посетено на 2008-07-13.
- ↑ „ORF to broadcast the Eurovision final live“. oikotimes.com. 2008-03-16. Архивирано од изворникот на 2010-01-03. Посетено на 2008-03-29.
- ↑ „San Marino to air both Eurovision semi finals“. ESCtoday.com. Архивирано од изворникот на 2008-04-05. Посетено на 2008-03-31.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница
- Радио Телевизија Србија
- Снимки и видео клипови Архивирано на 28 мај 2008 г.
1956 ·
1957 ·
1958 ·
1959 ·
1960 ·
1961 ·
1962 ·
1963 ·
1964 ·
1965 ·
1966 ·
1967 ·
1968 ·
1969 ·
1970 ·
1971 ·
1972 ·
1973 ·
1974 ·
1975 ·
1976 ·
1977 ·
1978 ·
1979 ·
1980 ·
1981 ·
1982 ·
1983 ·
1984 ·
1985 ·
1986 ·
1987 ·
1988 ·
1989 ·
1990 ·
1991 ·
1992 ·
1993 ·
1994 ·
1995 ·
1996 ·
1997 ·
1998 ·
1999 ·
2000 ·
2001 ·
2002 ·
2003 ·
2004 ·
2005 ·
2006 ·
2007 ·
2008 ·
2009 ·
2010 ·
2011 ·
2012 ·
2013 ·
2014 ·
2015 ·
2016 ·
2017 ·
2018 ·
2019 ·
2020 ·
2021
2022 · ·
2023
|
|