Прејди на содржината

Марија Шерифовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марија Шерифовиќ
Основни податоци
Родено имеМарија Шерифовић
Роден(а)14 ноември 1984
Country flag Крагуевац, Југославија (денес Србија)
Жанр(ови)поп, српска музика
Занимање/њаПејачка
Години на активност2003 - сѐ уште
Продукциска куќа/ќиCity Records
Мрежно местоwww.marijaserifovic.net

Марија Шерифовиќ (српски: Марија Шерифовић) (р. 14 ноември 1984) е српска пејачка која се прослави со победата на Евровизија 2007.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Родена е во Крагуевац, Србија. Нејзината мајка, Верица Шерифовиќ, е исто така пејачка која е од српско и ромско потекло. Нејзиниот татко, Рајко, е од турско потекло.

Музичка кариера

[уреди | уреди извор]

Нејзиниот прв албум е „Нај, најбоља“, издаден во 2003 година, и бил многу добро прифатен. Најголем хит од овој албум била песната „Знај да знам“ компонирана од Дарко Димитров. Летото 2005, таа го издаде синглот „Агонија“, кој бил верзија на грчката супер ѕвезда Деспина Ванди (I Believe It).

Нејзиниот втор албум е „Без љубави“, издаден во 2006, и бил многу успешен. На почетокот на 2007, таа го издаде вториот сингл наречен „Без тебе“. На 28 јуни 2007 таа го издаде албумот наречен „Најдоброто од Марија Шерифовиќ“.

Фестивали

[уреди | уреди извор]

Во 2003, таа настапи на Будва фестивалот со песната „Горка чоколада“, повторно од Дарко Димитров. Во 2004, таа беше дел од истиот фестивал со песната „Бол до лудила“ и зема прва награда.

Концерти

[уреди | уреди извор]

На 21 февруари 2007, Марија Шерифовиќ го одржа својот прв соло концерт во белградската сала Сава Центар, што се смета за голем хит на српската музичка сцена. 4,000 луѓе беа присутни.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Видеографија

[уреди | уреди извор]
СпотГодинаРежисер
Бол до лудила2004
У недељу 2005MTS Beograd
Молитва 2007
Шта да заборавим 2009Vladimir Đukelić
Један види све2010Харис Дубица
Луда глава балканска2011
Ја волим свој грех2014Човек Машина
Мрш 2014
Паметна и луда2015Storyteller
Сама и нервозна2015Storyteller
Нисмо смели2016Петар Пашиќ
Чувам се2016
Своја и твоја2016
Део прошлости 2016Андреј Илиќ
112017NN Media
Није љубав то 2018NN Media
Ноктурно2020
Пријатељи 2020
Молитва 2020Miloš Đukelić
Добар вам дан2022Милош Шаровиќ
Мој град2023Милош Шаровиќ
Пола сунца2023Милош Шаровиќ
АЛООО!2023Милош Шаровиќ
Вози ме2023Милош Шаровиќ
Ко броји моје ране2023Милош Шаровиќ
Иди док те волим2023Милош Шаровиќ
Ја сам2023Милош Шаровиќ
Другачија2023Милош Шаровиќ
Демони2025Милош Шаровиќ