Србија и Црна Гора на Евровизија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Србија и Црна Гора

Знаме

Медиумски организатор Радио Телевизија Србија и Радио Телевизија Црна Гора
Национален избор Европесма / Беовизија (Србија) Монтевизија (Црна Гора)
Број на учества {{{Број на учества}}}
Прво учество {{{Прво учество}}}
Најдобар пласман 2. место, 2004
Најлош пласман 7. место, 2005

Србија и Црна Гора за првпат учествуваше на Евровизија 2004 која се одржа во Истанбул, Турција, каде ги претставуваше Жељко Јоксимовиќ кој го освои одличното второ место. Во 2005, црногорската група No Name, ја претставуваше државната заедница во Киев каде го освоија седмото место. Во 2006. поради нерегуларности, државната заедница требаше повторно да биде претставена од групата No Name, но поради скандал околу гласањето Србија и Црна Гора се повлече од Евровизија. На 20 март 2006, Србија и Црна Гора официјално се повлекоа од Евровизија. Државата сепак учествуваше во гласањето на Евровизија 2006, во Атина. Евровизиското полуфинале не беше емитувано во Црна Гора, така што гласовите од Србија и Црна Гора, беа всушност само од Србија.

Србија и Црна Гора требаше да учествува на Евровизија 2003 во Рига, латвија. Но сепак, тие не можеа да учествуваат поради тоа што Европскиот радиодифузен сојуз одлучи дека премногу држави ќе бидат дисквалификувани ако државата учествува. РТС ја одржа Беовизија 2003 која беше користена како "проба" за дебито на Евровизија 2004, која беше одржана меѓу 12-14 април. Победник беше Тоше Проески со песната "Чија си" - Проески ќе ја претставува Македонија на Евровизија веќе следната година.

Во склоп на СФРЈ, Србија и Црна Гора, која тогаш беше позната под името Сојузна Република Југославија, се натпреваруваше последен пат на Евровизија 1992. Со распадот на СФРЈ, и меѓународните санкции, Србија и Црна Гора беа спречени да учествуваат на Евровизија. Србија и Црна Гора е една од неколкуте држави кои ги испратија сите песни на еден од службените јазици во државата.

Со прогласувањето на Црна Гора за независна држава во 2006, на Евровизија 2007, Србија и Црна Гора се натпреваруваа одделно, како независни држави. На Евровизија 2007, Црна Гора беше претставувана од Стеван Феди со песната "Хајде крочи". Србија беше претставувана од Марија Шерифовиќ со песната "Молитва", која го освои првото место. Србија стана и првата држава која победила на Евровизија на своето прво учество како независна држава.

Резултати и натпреварувачи[уреди | уреди извор]

Година Артист Јазик Песна Финале Полуфинале
Бодови Место Бодови Место
 Ирска 1994 Борис Бизетиќ српски Mi Se Vidjamo Svakog Dana дк дк - -
 Ирска 1995 Раде Радивојевиќ & Маја Оџаклиевска српски Budi dobar kao što sam ja дк дк - -
 Норвешка 1996 Маја Оџаклиевска српски Rastanak - - дк дк
 Латвија 2003 Тоше Проески српски чија си дк дк - -
 Турција 2004 Жељко Јоксимовиќ српски Lane moje 263 2 263 1
 Украина 2005 No Name црногорски Zauvijek moja 137 7 - -
 Грција 2006 No Name црногорски Moja ljubavi дк дк - -

Историја на гласањето (2004-2006)[уреди | уреди извор]

2004 - 2006[уреди | уреди извор]

Србија и Црна Гора се откажаа од Евровизија 2006, но нив сепак му беше дозволено да гласаат. Србија и Црна гора му имаат дадено најмногу бодови на...

Ранк Држава Бодови
1  Македонија 27
2  Хрватска 25
=  Грција 25
3  Босна и Херцеговина 22
4  Албанија 16
5  Украина 12

2004 - 2005[уреди | уреди извор]

Србија и Црна Гора "добија" најмногу бодови од...

Ранг Држава Бодови
1  Австрија 24
=  Хрватска 24
=  Швајцарија 24
2  Босна и Херцеговина 22
=  Словенија 22
3  Кипар 20
=  Македонија 20
4  Франција 16
=  Русија 16
=  Шведска 16
5  Украина 15

Забелешка: Вкупниот број на бодови на горните табели ги вклучува само бодовите дадени во Евровизиските финалиња, но не во полуфиналињата.