Македонија на Евровизија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Македонија

Знаме

Медиумски организатор Македонска радио телевизија
Национален избор Скопје Фест
Број на учества 16
Прво учество 1998
Најдобар пласман 7. место, 2019
Најлош пласман 16. место ПФ, 2011, 2013;
Логото на македонската Евровизија

Македонија за првпат учествувала на Евровизија 1998, вкупно 19 пати до сега. Воедно, во 1996 Македонија за првпат зела учество, но не обезбедила учество во финалето. Најдобриот успех на Македонија бил забележан во 2019, на кој Тамара Тодевска го освоила седмото место во целокупен пласман и прво место од гласовите на жирито.

Историја[уреди | уреди извор]

Пред да прогласи независност во 1991, како дел од СФРЈ, Социјалистичка Република Македонија учествуваше во југословенската пред-селекција помеѓу федеративните држави, а исто така македонски композитори пишуваа песни за кандидати од другите држави во Југославија. Македонските учесници не победуваа и СР Македонија беше единствена држава што немаше пратено претставник на Југославија на Евровизија. Исклучок е кога Маја Оџаклиевска победи во 1979 на изборот за претставник на Југославија, но таа не учествуваше на Евровизија 1979 поради одлуката на Југославија да не учествува таа година.

Како Поранешна Југословенска Република Македонија, државата го испрати првиот претставник Само ти отпеана од Калиопи на Евровизија 1996. Сепак, не успеа да се квалификува преку пред-квалификациската рунда. Напорите да учествува на натпреварот беа оневозможени и на Евровизија 1997, кога нов систем беше претставен каде државите со најмалку просечни поени од претходните четири години беа исклучени од учество. Македонија дебитираше на Евровизија 1998 со песната Не зори зоро на Владо Јаневски.

Најдобриот резултат пред 2019 беше во 2006 кога Елена Ристеска ја отпеа Нинанајна во Атина, Грција и го освои 12тото место. Македонија е единствената држава која се квалификуваше во секое полуфинале од 2004 до 2007 (други држави се квалификуваа за секое финале, но поради тоа што беа во топ 10 во претходната година, не мораа да се натпреваруваат во полуфиналето). Иако никогаш немаше завршено во топ 10, рекордот за квалификување за секое финале беше урнат во 2008, кога гласовите на жирито користени во полуфиналето ја одбраа Шведска како финалист, а Тамара Тодевска, Врчак и Адријан Гаџа завршија на 10то место од телефонските гласови. Од тогаш, Македонија само во 2012 успеа да влезе во финалето, кога настапи Калиопи со Црно и бело.

Македонската радио телевизија што го пренесува фестивалот, го користеше Скопје Фест за да го одбере националниот претставник уште од дебитантското учество, но во 2004, 2005, 2006, 2007 и 2012 националните финалиња беа одржани како посебни фестивали.

Во 2019, државата за првпат учествуваше под новото име Северна Македонија, а МРТ ја одбра Тамара Тодевска со песната Proud со интерна селекција. Песната успеа да се квалификува во второто полуфинале, и го освои седмото место во финалето и прво место од гласовите на интернационалното жири. Ова е првото топ 10 место на Македонија и нејзин најдобар резултат до сега.

За Евровизија 2020 интерно беше одбран Васил Гарванлиев со песната You, но истата беше откажана поради состојбата предизвикана од пандемијата на коронавирусот во Европа и светот.

Натпреварувачи [1][уреди | уреди извор]

Година Пејач/ка Фото Наслов Композитор/Текст Финале Поени Полуфинале Поени
1998 Владо Јаневски Vlado Janevski 1998.jpg Не зори зоро Григор Копров, Владо Јаневски 19 16 X X
2000 XXL Xxl eurovision 2000.jpg 100% те љубам Драган Каранфиловски, Орце Зафировски, Владо Јаневски 15 29 X X
2002 Каролина Гочева Karolina eurovision 2002.jpg Од нас зависи Никола Перевски, Владимир Крстевски 19 25 X X
2004 Тоше Проески Tose Proeski.jpg Life Јован Јованов, Илија Николовски 14 44 10 71
2005 Мартин Вучиќ Make My Day Драган Вучиќ, Бранка Костиќ 17 52 9 97
2006 Елена Ристеска Elena risteska eurovision 2006.jpg Нинанајна Дарко Димитров, Врчак 12 56 10 76
2007 Каролина Гочева Goceva-ESC2007.jpg Мојот свет Григор Копров, Огнен Неделковски 14 73 9 97
2008 Тамара, Адријан и Врчак Tamara Todevska - ESC 2008.jpg Let Me Love You Врчак X X 10 64
2009 Next Time Next time eurovision 2009.jpg Нешто што ќе остане Јован Јованов, Дамјан Лазаров X X 10 45
2010 Ѓоко Танески, Били Ѕвер и Дамјан Пејчиноски[1][2][3] Gjoko taneski eurovision 2010.jpg Јас ја имам силата[1][2] Кристијан Габровски X X 15 37
2011 Влатко Илиевски Vlatko ilievski eurosong 2011.jpg Русинка[4] Григор Копров, Јован Јованов, Марко Маринкович, Владимир Дојчиновски X X 16 36
2012 Калиопи[5] Kaliopi koncert.jpg Црно и бело Ромео Грил, Калиопи 13 71 9 53
2013 Есма & Лозано ESC2013 - Macedonia 06.jpg Пред да се раздени Симеон Атанасов, Дарко Димитров, Лазар Цветковски, Магдалена Цветковска X X 16 28
2014 Тијана Дапчевиќ ESC2014 - Macedonia 01.jpg To the sky Дарко Димитров, Лазар Цветковски, Елена Ристевска X X 13 33
2015 Даниел Кајмакоски 20150515 ESC 2015 Daniel Kajmakoski 7113.jpg Autumn Leaves Даниел Кајмакоски, Јоацим Перссон, Роберт Библиов X X 15 28
2016 Калиопи ESC2016 - Macedonia 13.jpg Дона Ромео Грил X X 11 88
2017 Јана Бурческа Dance Alone Јоаким Персон, Алекс Омар, Флоренс А. и Боби-Леон Миланов X X 15 69
2018 Eye Cue Lost and Found Бојан Трајкоски и Дарко Димитров x x 18 24
2019 Тамара Тодевска Eurovision 2019 North Macedonia.jpg Proud Дарко Димитров, Роберт Билбилов, Лазар Цветкоски, Коста Петров и Сања Поповска 7 305 2 239
2020 Васил Гарванлиев You X X X X

Македонија има дадено најмногу бодови на....

Држава Бодови
1 Турција 61
2 Хрватска 56
3 Албанија 43
4 Босна и Херцеговина 41
5 Романија 33

Македонија има примено најмногу бодови од следниве држави...

Држава Бодови
1 Хрватска 49
2 Словенија 32
3 Босна и Херцеговина 31
4 Србија и Црна Гора 27
5 Романија 25

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Siim, Jarmo (2010-02-20). "Gjoko Taneski takes the FYR Macedonia ticket to Oslo". European Broadcasting Union. Посетено на 20 февруари 2010.
  2. 2,0 2,1 Grillhofer, Florian (2010-02-20). "FYR Macedonia sends Gjoko Taneski to Eurovision". ESCToday. Посетено на 20 февруари 2010. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  3. Career of Macedonian singer Gjoko Taneski, eurovision2010-candidats.blogspot.com
  4. A song and a dance about a Russian girl for F.Y.R. Macedonia, www.eurovision.tv
  5. "ESC 2012 Scoreboard". EBU.