Владо Јаневски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Владо Јаневски
Роден(а) 27 ноември, 1960
Потекло Скопје, Македонија
Жанрови Поп музика
Занимања Пејач, текстописец
Инструменти Глас, клавир, гитара, тапани
Период на активност 1991– сѐ уште
Издавачи Моби Арт
Мистер Компани
Авалон
Аворд Ентертејнмент
Мреж. место www.vladojanevski.com.mk

Владо Јаневски (27 ноември 1960 во Скопје)[1]македонски поп-пејач и композитор. Има издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ итн.

Биографија[уреди | уреди извор]

Има завршено Филолошки факултет, отсек англиски јазик и литература.[1] Членувал во музичките групи Тост сендвич (1979), Бон Тон (1986), Фотомодел (1989), Ластовица (1992). Свири на клавир, гитара и тапани. Има учествувано на многу домашни и странски фестивали и е првиот официјален преставник на Република Македонија на Изборот за песна на Евровизија со темата „Не зори зоро“ во Бирмингем, 1998.

Има учествувано и на Југовизија (Белград, 1992) и имал ревијални настапи на Славјански базар (Белорусија, 1994, 1995, 1996), Кавен (Ирска, 1994), Памуккале (Турција, 1994, 1995, 1996), Каиро (Египет, 1998, 1999) и на многу други реномирани фестивали.

Зборува англиски, германски, италијански и руски јазик.

Дискографија[уреди | уреди извор]

  • 1993: Парче душа (Моби Арт)
  • 1996: Сѐ најдобро (Мистер Компани)
  • 1996: Далеку е небото (Мистер Компани)
  • 2002: Има нешто посилно од сѐ (Авалон)
  • 2004: Ваков или таков (Авалон)
  • 2006: Повторно се заљубувам во тебе (Аворд Ентертејнмент)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]