Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје
Виддржавен
Основан1974
Деканд-р Владимир Мартиновски
МестоСкопје, Македонија
flf.ukim.mk

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е највисока образовна и научна и јавна установа од областа на филолошките науки во Република Македонија. Наречен е по истакнатниот книжевник и јазичар Блаже Конески (1921-1993) — еден од првите негови професори.

Основање[уреди | уреди извор]

Филолошкиот факултет бил основан со закон што го донела Владата на НР Македонија за организирање универзитет во Скопје во 1945 година и со посебно решение во 1946 година. Првиот декан бил Михаил Петрушевски, а првите предавања започнале на 16 декември 1946 како дел од тогашниот прв македонски факултет - филозофскиот факултет, кој е темелник на тогаш идниот македонски универзитет, денешниот „Св. Кирил и Методиј”. Денес факултетот постои веќе 63 години, а како самостојна институција од 1974. Во 1995 година Филолошкиот факултет бил преименуван во Филолошки факултет „Блаже Конески“.

Први професори[уреди | уреди извор]

Првите петмина професори на Филолошкиот факултет на универзитетот во Скопје биле:

Катедри[уреди | уреди извор]

Додипломските студии на факултетот траат четири години, а од 2005 година наставата се изведува според критериумите на европскиот кредит трансфер систем и Болоњската декларација. Наставно-научната работа на факултетот се изведува преку единаесет катедри на првиот циклус студии[1]:

Постојат исто така уште два оддела:

  • Оддел за настава по странски јазик на нематичните факултети
  • Центар за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик

Покрај јазиците на катедрите, на факултетот се изучуваат и следниве јазици[2]:

Вториот циклус студии е организиран во четири научни области[3]:

  • Македонски јазик
  • Македонска книжевност
  • Наука за јазик (албански, турски, англиски, германски, романистика, славистика)
  • Наука за книжевност (општа и компаративна, албанска, англиска, турска, германска, романистика, славистика)
  • Конференциско толкување

На третиот циклус студии се нудат три студиски програми[4]:

  • Наука за јазик
  • Наука за книжевност
  • Македонистика

Библиотека[уреди | уреди извор]

Филолошкиот факултет располага со девет библиотеки при соодветните катедри. Библиотеките располагаат со богат фонд на книги и списанија што го користат голем број студенти, наставници и научни работници од факултетот и надвор од него. Фондот на книги и списанија се обновува постојано со средства на факултетот, но и со донации на странски амбасади, културни центри и други институции на земји чии јазици се изучуваат на филолошкиот факултет.

Издавачка дејност[уреди | уреди извор]

Факултетот има и издавачка дејност. Покрај издавањето учебници за потребите на наставата, разни информативни и прирачни книги за студентите, се издаваат и низа монографски трудови од разни области на филолошките науки, речници и други лексикографски трудови. Активно се издаваат списанијата „Славистички студии“ и „Современа филологија“.[5]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. „Прв циклус – додипломски студии – Филолошки факултет „Блаже Конески". Архивирано од изворникот на 2019-04-06. Посетено на 2019-04-08.
  2. Активни студиски програми Архивирано на 6 април 2019 г., Филолошки факултет „Блаже Конески“
  3. „Втор циклус – постдипломски студии – Филолошки факултет „Блаже Конески". Архивирано од изворникот на 2019-04-06. Посетено на 2019-04-08.
  4. „Трет циклус – докторски студии – Филолошки факултет „Блаже Конески". Архивирано од изворникот на 2019-04-09. Посетено на 2019-04-08.
  5. „Издавачка дејност – Филолошки факултет „Блаже Конески". Архивирано од изворникот на 2019-04-06. Посетено на 2019-04-08.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]