Васил Гарванлиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Васил Гарванлиев
Васил Гарванлиев
Животописни податоци
Роден(а)2 ноември 1984(1984-11-02)(39 г.)
ПотеклоСтрумица, СР Македонија, СФРЈ
ЖанровиПоп-музика
ЗанимањаПејач, текстописец
ИнструментиПејач, баритон
Период на активност1992– сѐ уште
Мреж. местоОфицијално мрежно место

Васил Гарванлиев (Струмица, 2 ноември 1984) — македонски пејач, баритон. Беше одбран да ја претставува Македонија со песната You на изборот за песна на Евровизија 2020 во Ротердам, пред да биде откажано шоуто. Настапувал со многу познати ѕвезди како Нели Фуртадо, Џули Ендрјус, „Њу кидс он д блок“, Енрике Иглесијас, Селин Дион и др.

Животопис[уреди | уреди извор]

Гарванлиев е роден во Струмица на 2 ноември 1984 година. На музичката сцена првпат се појавува на 7 години, а со детската песна „Марионка“ со која настапил на Златно Славејче, станал популарен, а песната станала евергрин. На 10 годишна возраст се преселил со семејството во САД. Кога имал 17 години, неговото семејство било депортирано од САД. Во Чикаго, пред да почне да се занимава со оперската музика, тој пеел поп соло. Потоа живеел во Милано, Италија. На аудиција во Торонто, во Кралскиот конзерваториум бил примен со целосна стипендија и таму останал 9 години.

Од 2018 година повторно се вратил во Македонија и живее и работи во Струмица.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Надворешни страници[уреди | уреди извор]