Македонија на Евровизија 2008

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Македонија учествуваше на Евровизија 2008 со песната Во име на љубовта отпеана од Тамара Тодевска, Врчак и Адријан Гаџа.

Скопје Фест 2008[уреди | уреди извор]

Македонската радио телевизија отвори конкурс за избор на песни кон крајот на 2007 и го затвори пред нова година. 130 песни беа поднесени, од кои 15 беа одбрани од комисија, која меѓу другите се состоеше и од претходни евровизиски претставници. Како дополнување, МТВ предложи 6 песни од добро познати композитори, сепак овие песни беа изоставени од натпреварот со интерна одлука. Скопје Фест 2008 се одржа во Метрополис Арена каде настапија 15 песни. Победникот беше одбран со телефонско гласање (50%) и експертско жири (50%). Селекцијата беше пренесувана преку кабелска и сателитска телевизија.

Евровизија 2008[уреди | уреди извор]

На Евровизија, Македонија настапи во второто полуфинале на 22 мај 2008, и иако заврши 10., не успеа да се квалификува во финалето, бидејќи таа година десеттиот што ќе оди во финале се избираше со поени од жири комисија, и тоа место ѝ припадна на Шведска.