Прејди на содржината

Ламбе Алабаковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ламбе Алабаковски
Роден(а)15 ноември 1987(1987-11-15)(37 г.)
Љубојно, СР Македонија, СФРЈ
Жанровипоп
Занимањапејач
Период на активност2004–сè уште активен
Ламбе Алабаковски и Полина Тасева на фестивалот Макфест во 2023 година.

Ламбе Алабаковски (роден на 15 ноември 1987 во Љубојно[1]) — македонски пејач.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Алабаковски покажал интерес за музиката уште како дете и бил охрабрен од својот татко. Студирал на Еуро-колеџот во Куманово. Станал познат откако победил на М2 продукција „Плеј - потрага по ѕвезди 2004". Неговиот прв хит бил Спаси ме, компониран од страна на познатиот македонски композитор Дарко Димитров. Заедно со него биле откриени и новите М2 ѕвезди Елена Ристеска и Александра Пилева. Во 2005 тој ја снимил својата втора песна Каде песно моја, компонирана од Славе Димитров. Во 2005 година тој заедно со Александра Пилева отпатувал во Брашов, Романија каде учествувал на фестивалот Golden Stag. Во октомври истата година учествувал на домашниот фестивал Макфест, каде ја промовирал неговата песна Ех, да можам.

Алабаковски се натпреваруваше на македонскиот избор на песна за Евровизија Скопје фест во 2007 годиа. Тој ја изведе песната „Бело е се“ која е напишана од Елена Ристеска, а компонирана од Роберт Билбилов. Исто така, Алабаковски се натпреваруваше на истиот фестивал во 2008 година со песната „Земјо моја“.

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Во 2013 се оженил со Магдалена Лена Јовчевска.[2] Алабаковски пет години живеел во Америка, но во јули 2021 година се вратил во Македонија.[3]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Море од солзи
  • Врати ми го срцето
  • Да не те љубев (2009)
  • Спаси ме
  • Каде песно моја
  • Ех, да можам
  • Кажано е сè
  • Море од солзи
  • И после сè
  • Бело е сè
  • Врати ми го срцето
  • Земјо моја
  • Сè е по старо
  • Да не те љубев
  • Најдобро до сега
  • Биди пријател наш
  • Зар не е добро
  • Кога сонце грее, плачам
СпотГодинаРежисер
Каде песно моја 2005
Ех, да можам 2005
Кажано е сè2006
Море од солзи2006
Врати ми го срцето2007
Сè е по старо2007
Да не те љубев2008Чедо Поповски
Научи да се радуваш2009
Сакам да те ах...2009
Биди пријател наш 2010Томато продукција
Најдобро до сега2011Томато продукција
Кога сонце грее плачам2011Принц
Зар не е добро2012Даниел Јовески
Земи се 2013Фабрика
Дојди ми 2014Plan B Production
Ќе те чекам јас 2014Фабрика
Што е твое,твое е 2014Plan B Production
Ти само кажи 2015Фабрика
Оган да го гори 2023Скендеровски Продукција
Дејгиди луди млади години 2024
Како пиреј 2025Скендеровски Продукција
  • (2006) Хит на годината „Море од солзи“ (според слушателите на Радио Фортуна)
  1. „Lambe biography“. Last.fm (англиски). Посетено на 2020-11-13.
  2. „Во кругот на семејството, колегите и пријателите Ламбе Алабаковски се ожени (Фото)“. MUZIKA24.MK. Посетено на 2020-10-14.
  3. „Ламбе се врати дома по пет години во Америка: Научив повеќе да ценам што е татковина и дом“. Женски Магазин. Посетено на 2022-06-07.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]