Влатко Лозаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Влатко Лозаноски
Биографски податоци
Родено имеВлатко Лозаноски
Роден(а)јуни 27 1985 (1985-06-27) (34 г.)
ПотеклоКичево, Македонија
Жанровипоп, рок, диско
Занимањавокалист, музичар, текстописец
Инструментиклавир, гитара
Период на активност2007 – денес
Соработници

Влатко Лозаноски - Лозано е македонски пејач. Роден е на 27 јуни 1985 година во Кичево. Заедно со Есма Реџепова, ја претставувал Македонија на Евровизија 2013 година во Малме, Шведска.

Кариера[уреди | уреди извор]

Негов прв јавен настап беше како член на македонското талент шоу Мак Ѕвезди во септември 2007 година. Еден месец подоцна, тој доби гран при награда на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен Ѕвездена ноќ. Ја пееше песната Врати ме, што воедно е и неговиот прв сингл, додека негов втор сингл е Обичен без тебе. Во октомври 2008, со неговиот трет сингл Времето да застане ја доби наградата од жирито на фестивалот Макфест, најпрестижниот фестивал во Македонија. Во 2009 учествуваше во македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Блиску до мене и се пласираше четврт. Во јуни истата година настапи на фестивалот Pjesma Mediterana во Будва, Црна Гора. Во јули, пак, настапи на фестивалот Slavianski Bazar во Витебск, Белорусија каде доби втора награда. Следно, заедно со Магдалена Цветкоска, со песната I'm your angel настапи на фестивалот Golden Wings во Молдавија, каде го освоија второто место. Неговиот прв албум се појави во 2010 година. Истата година учествуваше на македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Летам кон тебе, но го освои четвртото место.

Евровизија 2013[уреди | уреди извор]

Во декември 2012, Македонската Радио Телевизија најави дека Лозано, заедно со Eсма Реџепова ќе ја претставуваат Македонија на изборот во Малме со песната Пред да се раздени. Не успеаа да се пласираат во финале, го освоија 16-тото место од вкупно 17.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Албуми[уреди | уреди извор]

  • Лозано 2010
  • Преку седум мориња 2012
  • Десет 2018

Спотови[уреди | уреди извор]

Спот Година Режисер
Обичен без тебе 2008 -
Сонце не ме грее 2009 -
Како ден јасно е 2010 Владимир Митревски-Ѓуле
Кога мене ќе ме немаш 2011 Juliany - REC Production
Нема ден,нема ноќ 2012 Даниел Јовески
Империја 2013 -
If I Could Change The World 2013 -
Мандарина 2014 Gorilla Films/Огнен Шапковски
Како тебе нема друга 2015 Gorilla Films/ Горан Костадинов
Жена како ти 2016 Горан Костадинов
Бомбона 2016 Gorilla Films
Ова лето ќе се памти 2017 Vesta Production
Километри 2018 Vesta Production
Јако јако 2018 Даниел Јовески
Надеж 2018 Бојан Тасетовиќ
Мајко 2019 Даниел Јовески

Настани и награди[уреди | уреди извор]

  • Радиски Фестивал Ѕвездена ноќ, Охрид, Македонија (2008) - Гранд при награда
  • Макфест, Штип, Македонија - Гранд при награда
  • Скопје фест (2009) - 4-то место
  • Pjesma Mediterana, Будва, Црна Гора (2009)
  • Slavianski Bazar, Витебск, Белорусија (2009) - 2-ро место
  • Golden Wings, Кишињев, Молдавија (2009) - 2-ро место
  • Скопје фест (2010) - 4-то место
  • Sea Songs festival, Севастопол, Украина (2010) - 4-то место

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Види уште[уреди | уреди извор]