Витебск

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Витебск
Skyline of Витебск
Знаме на Витебск
Знаме
Грб на Витебск
Грб
Витебск се наоѓа во Белорусија
Витебск
Местоположба во Белорусија
Координати: 55°11′ СГШ 30°10′ ИГД / 
Држава  Белорусија
Област Витепска област
Основан 947 г.
Управа
 • Градоначалник Виктор Павлович Николајкин
Површина
 • Вкупна 124,54 км2
Надм. вис. 172 м
Население (2015)[1]
 • Вкупно 368.574
 • Густина 3.597/km2
Часовен појас FET (UTC+3)
 • Лете (DST) FET (UTC+3)
Поштенски код 210000
Повик. бр. +375-212
Регист. таблички 2
Мреж. место Официјален веб-сајт

Витебск или Вицебск (белоруски: Віцебск, литвански: Vitebskas, руски: Витебск, полски: Witebsk, јидиш: װיטעבסק), — град во северот на Белорусија. Градот е административен центар на Витепската област, и е четврти најнаселен град во државата со 368.574 жители (2016).

Историја[уреди | уреди извор]

Поглед на Витебск во раниот XIX век од Јозеф Пешка.

Витепбк се развил од речно пристаниште каде реката Витба (Віцьба, од каде што потекнува неговото име) се влева во поголемата река Западна Двина.

Археолошките истражувања покажуваат дека на утоката на Витба постоеле населби од балтички племиња, кои биле заменети во 9. век од словенските племиња Кривичи. Според хрониките на Михаел Бригандин (1760), Витебск (исто така споменуван како Дбеск, Видбеск, Видепск, Витепеск, Витпеск) бил основан од кнегињата Олга Киевска во 974 година. Според други верзии градот бил основан или во 947 година или во 914 година. Академикот Борис Рибаков и историчарот Леонид Алексејев, врз основа на хрониките, дошле до заклучок дека кнегиња Олга Киевска можно е да го основала Витебск во 947 година. Алексејев посочил дека хроничарите, при поместувањето на датумот од византиска ера во новата ера, ја добиле 947 година, но подоцна погрешно напишана во ракописите како 974 година.

Официјална година на основање на Витебск е 974 година, врз основа на анахроничната легенда дека е основан од Олга Киевска, но првото спомнување во историски запис датира од 1021 година, кога Јарослав I Мудриот од Киев го дал градот на Брачислав Изјаславич, кнез од Полоцк.[2]

Во 12. и 13. век, Витебск бил главен град на Витепското кнежество, кнежество кое се развило на крстосницата на речни текови меѓу Балтичкото и Црното Море. Во 1320 година, градот бил вклучен во Големото кнежество Литванија како мираз за кнегињата Марија, првата сопруга на литванскиот кнез Алгирдас. До 1351 година градот издигнал камени горен и долен замок, кои претставувале дворци на кнезот.

Во 1597 година, градот добил градски права. Сепак, правата биле одземени во 1623 година кога граѓаните се побуниле против наметнатата Брестовска унија и го убиле архиепископот Јозафат Кунцевич. Во текот на првата поделба на Полска во 1772 година, Витебск бил припоен од Руското Царство. Под руско владеење историскиот центар на Витебск бил повторно изграден во неокласична архитектура.

До втората светска војна, Витебск во голема мера имал еврејско население: според рускиот попис од 1897 година, од вкупно 65,900 жители, Евреи биле 34,400 жители (околу 52% проценти).[3] Најпознат од нив бил сликарот Марк Шагал.

Во 1866 година низ Витебск била поставена железничката пруга Рига-Орел, подоцна железнички линии го поврзале градот со Москва, Брест, Санкт Петерсбург и Киев. Во 1898 година во Витебск бил пуштен во употреба првиот трамвај во Белорусија.[4] Во 1913 година во градот живееле 109 илјади жители. Тој бил еден од најзначајните индустриски центри. Во градот работеле 45 фабрики и погони. Вкупно во индустријата во тој период биле вработени околу 8 илјади лица, од кои 40% во текстилната и околу 20% во металопреработувачката индустрија.[5].

Во 1919 година, Витебск бил прогласен да стане дел од Советска Социјалистичка Република Белорусија, но набрзо подоцна бил префрлен во Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република а подоцна и во Литванско-Белоруската Советска Социјалистичка Република. Во 1924 година, градот бил вратен на Белоруската Советска Социјалистичка Република.

Црквата „Св. Барбара“

Во текот на втората светска војна, градот бил под окупација на Нацистичка Германија (10 јули 1941 - 26 јуни 1944). Голем дел од стариот град бил уништен во битките помеѓу германските сили и војниците на црвената армија. Најголем дел од локалните Евреи загинале во масакрот во Витепското гето.

Независна Белорусија[уреди | уреди извор]

Во јануари 1991 година, Витебск го прославил првиот фестивал посветен на Марк Шагал. Во јуни 1992 година, споменик на Шагал бил поставен на улицата Покровскаја каде што се наоѓа неговата родна куќа и меморијален натпис бил поставен на нејзиниот ѕид.

Од 1992 година, во Витебск годишно се одржува меѓународниот музички фестивал Славјански базар под покровителство на Владата на Белорусија. Главни изведувачи на фестивалот се музичари од Русија, Белорусија и Украина, како и гости од многу други држави. Во 1999 година, била отворена слободната економска зона „Витебск“. Градот ја изградил Палатата на зимски спортови и било извршено значително подобрување и проширување на градот. Главниот стадион и летниот амфитеатар биле реконструирани, железничката станица и другите историски локалитети и објекти биле обновени, и биле изградени многу нови цркви и јавни објекти, заедно со изградбата на нови станбени области.

Атракции[уреди | уреди извор]

Градското собрание (1775)
Катедрала на Пресвета Богородица

Градот ја има зачувано една од најстарите градби во државата: црквата Благовештение. Овој величенствен шест-столбен објект датира од периодот на Киевскиот Рус, период во кој градот бил пагански и не припаѓал ниту на Украинската православна црква ниту на Руската православна црква. Таа е изградена во 1140 години како паганска црква, во 14. и 17. век била обновена во римокатоличка црква, била поправена во 1883 година и уништена од комунистичката управа во 1961 година. Остатоците од црквата биле зачувани до 1992 година, кога таа била обновена во својот првобитен изглед.[6]

Црквите од Полско-литванскиот период исто така биле уништени, иако црквата Воскресение (1772–77) била обновена. Праволавната катедрала, посветена на Богородица Марија, била изградена во 1760 година. Постојат исто така објектот на градското собрание (1775); руската гувернерска палата, во која Наполеон го прославил својот 43. роденден во 1812 година; римокатоличката катедрала изградена во неороманика (1884–85); и обелиск во чест на стогодишнинатата од руската победа над Наполеон.

Во Витебск се наоѓа челична телевизиска кула на која е поставен хоризонтален крст на кој е обезбедена антената. Оваа кула, која е висока 245 метри била изградена во 1983 година. Во градот исто така се наоѓаат музејот Марк Шагал и Витепскиот регионален музеј.

Движење на население[уреди | уреди извор]

Движење на бројот на население во Витебск (18-21 век)

Клима[уреди | уреди извор]

Витебск е најсеверен регионален центар во Белорусија, со местоположба меѓу 55—56 СГШ. Се карактеризира со умерено-континентална клима, со умерено топли лета (просечна јулска температура +17°, +20 °C) и умерено ладни зими (просечна јануарска температура −8°, −10 °C).

Климатски податоци за Витебск
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 10.4
(51)
10.9
(52)
19.1
(66)
28.5
(83)
32.5
(91)
32.2
(90)
34.7
(94)
37.8
(100)
30.1
(86)
24.6
(76)
15.0
(59)
10.7
(51)
37.8
(100)
Прос. висока °C (°F) −2.9
(27)
−2.6
(27)
2.9
(37)
11.6
(53)
18.5
(65)
21.4
(71)
23.5
(74)
22.2
(72)
16.2
(61)
9.5
(49)
2.1
(36)
−2.0
(28)
10.0
(50)
Сред. дневна °C (°F) −5.3
(22)
−5.5
(22)
−0.6
(31)
6.8
(44)
13.1
(56)
16.4
(62)
18.4
(65)
17.0
(63)
11.6
(53)
6.1
(43)
−0.1
(32)
−4.2
(24)
6.1
(43)
Прос. ниска °C (°F) −7.7
(18)
−8.5
(17)
−3.9
(25)
2.5
(37)
7.9
(46)
11.6
(53)
13.6
(56)
12.3
(54)
7.7
(46)
3.3
(38)
−2.1
(28)
−6.5
(20)
2.5
(37)
Најниска забележана °C (°F) −36.1
(−33)
−38.9
(−38)
−27.8
(−18)
−13.9
(7)
−4.0
(25)
−1.6
(29)
4.0
(39)
1.0
(34)
−4.0
(25)
−15.0
(5)
−24.0
(−11)
−35.0
(−31)
−38.9
(−38)
Прос. врнежи мм (ин) 51
(2.01)
45
(1.77)
46
(1.81)
36
(1.42)
57
(2.24)
86
(3.39)
82
(3.23)
83
(3.27)
66
(2.6)
62
(2.44)
55
(2.17)
55
(2.17)
724
(28.5)
Прос. бр. дождливи денови 8 6 9 13 16 17 17 14 16 17 14 10 157
Прос. бр. снежни денови 23 21 14 4 0.3 0 0 0 0.2 3 13 22 101
Прос. релативна влажност (%) 85 81 76 67 66 72 73 75 80 83 87 87 78
Извор: Pogoda.ru.net [7]

Значајни личности[уреди | уреди извор]

Фестивалот Славјански базар во 2009 година.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Шишанов В. (2007). Vitebsk Museum of Modern Art: history of creation and collection. 1918-1941.. Minsk: Medisont. стр. 144.  На руски. eastview.com
  • Любезный мне город Витебск…. Мемуары и документы. Конец XVIII — начало XIX в. / Вступ. ст., науч., коммент., сост., публ. В. А. Шишанова. Мн.: Асобны Дах, 2005. 40 с. [1]
  • Шишанов В. 947 или 914? // Витебский проспект. 2005. №45. 10 нояб. С.3.
  • Изобразительное искусство Витебска 1918 - 1923 гг. в местной периодической печати : библиограф. указ. и тексты публ. / сост. В. А. Шишанов. - Минск : Медисонт, 2010. - 264 с. [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Belarus - The regions of the Republic of Belarus as well as all cities and urban settlements of more than 10,000 inhabitants.“. City Population. http://www.citypopulation.de/Belarus.html. конс. 17 август 2015 г. 
  2. History, Vitebsk Regional Executive Committee
  3. Joshua D. Zimmerman (2004). Poles, Jews, and the politics of nationality. Univ of Wisconsin Press. стр. 16. ISBN 0-299-19464-7. https://books.google.com/books?id=6sbr9cZyw_4C&pg=PA16&dq=population+Brest+Poles+Jews&lr=&as_brr=3&ei=HS_3SZ2-NITyzQSUtaWtBQ. 
  4. Віцебскі трамвай / аўтары тэкста У. А. Максімаў, Л. І. Пракапенкаў. — Мн., 1990 — 15 с.
  5. Полетаева, Н. И. Купечество Витебска : количественная динамика и социально-демографический состав : (60-я годы ХІХ — начало ХХ в.) / Н. И. Полетаева // Веснік Віцебскага дзяржаўнага ўніверсітэта. — 2002. — № 4. — С. 8-13.
  6. The Annunciation Church is a six-pillared building with one apse. It is built of hewn limestone quadras, each row being separated by two rows of brick, covered with a thin layer of stucco so as to emulate large blocks of stone. This technique was widespread in Byzantium; but there are only two examples north of Crimea — one in Vitebsk and another, unfinished and long ruined church in Navahrudak, probably by the same team of Byzantine builders. Another extraordinary feature of the church is that its bays are equal and the central nave is square in plan. The choir gallery occupies the western bay; it adjoins two secluded chapels over the lateral aisles. Stairs leading to the gallery are built into the western wall. russiancity.ru
  7. „Weather and Climate- The Climate of Vitebsk“ (на russian). Weather and Climate (Погода и климат). http://www.pogodaiklimat.ru/climate/26666.htm. конс. 28 ноември 2015 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]