Кнежевство Полоцк

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Полоцко Кнежевство)
Кнежевство Полоцк
Полацкае княства
Печат
Главен градПолоцк
Уредување Кнежевство
Законодавство Veche

Полоцко Кнежевство (белоруски: По́лацкае кня́ства; руски: По́лоцкое кня́жество), познато и како Војводство Полоцк или Полоцка Русија[1] — средновековно кнежевство на ранословенски Словени[2] кое се одделило од Киевска Рус, а подоцна станало независно. Потеклото и датата на воспоставувањето на државата е неизвесна. Руските летописи го споменуваат Полоцк дека бил освоен од Владимир Велики[3].

Кнежевството наводно било воспоставено околу античкиот град Полоцк во Белорусија од племенскиот сојуз на Кривичите. Во втората половина на 10 век, Полоцк владеел со својата династија. Нејзиниот прв владетел спомнат во хрониките бил полулегендарниот Рогволод (? -978), попознат како татко на Рогнеда. Кнежевството имало интензивни наследни кризи во текот на 11 и 12 век и војна со Новгород. Во XIV век било дел од Големото Литванско Војводство. Главниот град бил Полоцк (Полотеск), во моментов центар на регионот Витебск во Белорусија.

Во времето на најголема мера, кнежевството се протегало над поголемите делови на денешната северна и централна Белорусија и помал дел од денешната југоисточна Латвија.

Историја[уреди | уреди извор]

Основање[уреди | уреди извор]

Денеска постојат неколку извори кои датираат од средината на првиот милениум на нашата ера за големиот метрополитен град на Двина кај Рутените.

Во саксо Граматик Gesta Danorum (на крајот од XII-XIII век) се зборува за освојувањето на Полоцк во 5-6 век од страна на кралот Фродо I, син на Хадинг, кој, прибегнувајќи кон воените трикови, го убил царот Веспасиј

На крајот на 9 век, со заминувањето на принцот Олег Вештиот во Киев, моќта на киевските кнезови се проширила на владението на новгородските кнезови. Во втората половина на 10 век Полоцк имал свој независен владетел. На крајот на X век (980), кнезот Владимир Велики од Новгород го уништил Полоцк, го убил Рогволод, кој владеел таму, насилно ја зел неговата ќерка Рогнеда како сопруга и го припоил градот како своја сопственост.

Според Лаврентиевата хроника од околу 987 година, Владимир одлучил да го обнови уништеното половско кнежевство. Првите неколку години главниот град бил градот Заславје, изграден од Владимир. Подоцна Изјаслав Владимирович повторно го изградил уништениот Полоцк, преместувајќи го градот на повисоко и недостапно место.

Според исландските саги, Полоцк бил покрстен во околу 1000 од Торвалд Кодрансон, кој од византискиот цар Василиј II добил писмо од „овластениот претставник на Византија во руските градови на Источниот Балтик“.

Поделба на кнежевството[уреди | уреди извор]

Изолацијата на Полоцк од Киев и неговата трансформација во независно кнежевство всушност започнало уште од времето на Изјаслав Владимирович. „Скандинавскиот фактор“ играл главна улога во овој период во регионот: Полоцк имал своја династија Рогволодович-Изјаславич. Во тоа време, Полоцк веќе зазимал прилично голема територија на северозападна Русија, која опфаќала територии во басенот на р. Западна Двина, горната река Березина и Неман. Близината на Горен Днепар и средниот тек на Западна Двина обезбедило удобен превоз на стоки од Црното Море до Балтичкото Море, кои му дале големи предности на Кнежевството. Ловот, риболовот, како и производството на железо, во голема мера придонеле за просперитет на кнежевството. Наследник на Изјаслав станал неговиот син, Брјачислав Изјаславич. Во 1021 година, тој го нападнал Новгород, а на пат, натоварен со ограбен плен, бил поразен од Јарослав Мудриот на реката Судома. По поразот тој успеал да побегне, оставајќи ги затворениците и пленот на победникот. Меѓутоа, следната година, според условите на мировниот договор, тој присвоил два града кон неговото кнежевство: Витебск и Усвјати. И покрај ова, воените акции не престанале.

Всеслав Полоцки[уреди | уреди извор]

Старата руска држава во XI век

Најголемиот процут кнежевството го доживеало за време на владеењето на Всеслав Полоцки (1044-1101).

Всеслав започнал да владее со проширување на територијата на неговото кнежевство. Во балтичките земји, племињата Ливи, Семгали, Курши, Латгалци, Сели и Литванци биле под контрола потчинети на Полоцк. Во јужниот дел на полоцките граници, територијата на Дреговичи била одземена исто така.

На почетокот на владеењето, Всеслав живеел во хармонија со Јарослав и во 1060 г. учествувал во експедицијата против Узите. Но подоцна тој започнал успешно да ја практикува политиката на своите претходници, водејќи активна борба со Киев за хегемонија во северозападна Русија. Во 1065 година, Всеслав неочекувано го нападнла Псков. Откако не успеал, тој направил катастрофален напад врз Новгород во 1066 или 1067, и по враќањето бил поразен во битка на реката Немига во близина на Минск од страна на Изјаслав Јарославич. Тој успеал да побегне од битката по кое кнезот на Киев му понудил мировни преговори на Всеслав, гарантирајќи ја безбедноста со заклетва на крстот. Така тој заминал во Орша да преговара со неговите два сина, меѓутоа, кршејќи ја заклетвата, Јарославич го заробил, го одвел во Киев и го фрлил во затвор.

Во 1068 година почнала инвазијата на Куманите, предводена од хан Шарукан. По поразот во Битката кај реката Алта, Изјаслав и неговите браќа побегнале, оставајќи го Киев без заштита. На 15 септември 1068 година, жителите на Киев го ослободиле Всеслав и го прогласиле за Голем Војвода.

Кога тој се вратил со помош на Полска, Всеслав побегнал во Полоцк (април 1069). Изјаслав, кој си го вратил Киев, започнал воена експедиција до Полоцк каде го поставил својот син Мстислав за владетел, кој многу бргу починал и бил заменет од неговиот брат Светополк Изјаславич. Всеслав регрутирал армија и на 23 октомври истата година се појавил во Новгород, но бил поразен.

Во 1071 година, тој го освоил Полоцк. Во годините 1077-1078, Всеслав тврдоглаво се борел со Всеволод I Јарославич. Владимир Мономах во 1083 година направил нов катастрофален поход против Полоцк.

Колапс на кнежевството[уреди | уреди извор]

Во текот на својот живот, Всеслав го поделил кнежевството меѓу неговите синови, кои, пак, почнале понатаму да ја прецртуваат територијата, што неизбежно довело до фрагментација на досега единственото и моќно кнежевство. Како резултат на тоа, Кнежевство Полоцк било поделено прво на 6, а потоа и повеќе делови (Минск, Витебск, Дротск, Изјаславски, Логоски, Стрежевско и Городовско Кнежевство). Полоцк го добил најстариот од синовите, Давид.

Протерување во Византија[уреди | уреди извор]

Во 1127 година, принцот на Киев Мстислав Владимирович Велики испратил огромна војска кон Полоцка, го уништил и го покорил Полоцк, но не за долго. Во 1129 година, Мстислав ги испратил сите кнезови на Полоцк во Византија и го поставил синот Изјаслав Мстиславич за владетел на Полоцк.

Реставрација на независноста[уреди | уреди извор]

Владеењето на синовите на Мстислав во Полоцк траело само три години. Потоа тие биле соборени преку востание. Веќе во 1132 година, во Полоцк се појавил претставник на полоцката линија Рурикович, Василко Светославич.

По смртта на Василко Светославич, борбата за Полоцк започнала помеѓу претставниците на трите линии на потомците на Всеслав, од Витебск, Минск и Друцк. Оттогаш информациите за владетелите на Полоцк се фрагментарни, а по 1186 година речиси целосно исчезнуваат. Во тоа време, кнежевството постепено ослабнало. Со текот на времето, влијанието на смоленските кнезови и литвански кнезови веројатно се зголемило. Дел од градовите на исток од кнежевството привремено биле освоени од Смоленск.

Губење на територии во Ливонија[уреди | уреди извор]

Во раниот среден век, Источниот Балтик бил сфера на трајно политичко влијание првенствено на Кнежевство Полоцк. Католичкиот мисионер Мејнард Сегеберг, барајќи дозвола од полоцкиот принц да проповеда во земјата, добил согласност и основал епархија (Ливонска епархија). Кога Ливонците одбиле да платат данок, започнала крстоносна војна на устието на Двина. Во 1201, градот Рига бил основан на устието на Западна Двина. Надворешната трговија на Полоцк, во зависност од артеријата на реката Двина, била ставена под закана. Протокот на данок од вазалите на Полоцк во долниот крај на Западна Двина, исто така, се намалил. Во 1203 година, Владимир Полоцки ја спровел првата кампања ставајќи ги под опсада Икшќиле и Саласпилс. Во истото лето на 1203 година, Всеволод (Принцот од Герсик), во сојуз со Литванците, се приближил до ѕидините на Рига но не успеал да го освои.

Во 1206 година, преговорите на епископот од Рига со Владимир Полоцки биле фрустрирани, бидејќи во исто време и принцот преговарал со старешината на Ливонците кои сакале да ги истераат крстоносците од нивните земји. За разлика од Ливонците, Латгалците одбиле да застанат на страната на Принцот од Полоцк[4].

Ливонците ја започнале војната, освојувајќи го Холм. Неколку дена подоцна, 150 добро вооружени витези на орденот „Ливонски браќа на мечот“ ги победиле Ливонците, кои биле слабо вооружени. Замокот на витезите бил повторно освоен. Тогаш витезите, со помош на Семгалите, ги освоиле Торејда (денес Сигулда) и Дабрела. Ливонците биле принудени да склучат мир, но потоа се свртеле кон принцот на Полоцк и побарале помош.

Принцот од Полоцк ја ззапочнал опсадата на Холм. Ливонците, исто така, учествувале во опсадата. По 11 дена, гледајќи ги бродовите на морето што се приближувале кон Рига, силите на Полоцк се повлекле.

Во 1207 година, принцот Вјачко од Кнежевство Кокнесе побарал од владиката Алберт да му помогне против нападите на Литванците, ветувајќи половина од своите земји и замокот. Литванците, сеќавајќи се на нападите на жителите на Рига и Земгали, започнале да собираат голема војска низ цела Литванија. Ја преминале Двина на 24 декември 1207 година, го освоиле Тораида, го ограбиле и се повлекле.

Епископот Алберт ги повикал Ливонските браќа на мечот и ги испратил амбасадорите кај Ливонците со закана: „Секој кој не оди и не пристапи во христијанската војска ќе плати три марки како парична казна“. Целата армија се собрала во Лиелварде. Откако ја преминале Двина, тие ја поразиле литванската војска. Потоа го освоиле замокот Вецселпилс, протерувајќи ги Литванците и потчинувајќи го соседството.

Потоа, владиката ги испратил своите витези во замокот на принцот Вјачко, сметајќи дека поседува половина од замокот. Сепак, принцот Вјачко и неговиот народ не го дозволиле тоа. Потоа побарал од принцот Владимир Полоцк да собере војска и да заминат и да ја заземат Рига. Во исто време, епископот Алберт собрал 300 витези и заминале во Рига со Ливонците. Кога дознал за тоа, принцот Вјачко го запалил својот замок и побегнал.

Во 1209 година, Орденот го освоил Кнежевството Јерсика со која управувал Всеволод (неговата сопруга била ќерка на литванскиот принц Довгерд). Тој бил принуден да прифати вазалски статус кај крстоносците. Сепак, тој подоцна заборавил на овие ветувања и до 1215 година се борел против Ливонските браќа на мечот.

Во 1212 година, епоископот Алберт се сретнал со принцот Владимир, а исто така биле присутни и старешините на Ливонците. Ливонците сакале да се ослободат од зависноста на Полоцк, но во исто време не сакале да платат на крстоносците. По преговорите, принцот од Полоцк бил принуден да го напушти своето влијание во Ливонија. Во 1216 година, Владимир неочекувано починал за време на подготовките за првата заедничка кампања на руските кнезови против крстоносците.

Така, контролата над Полоцк преминала во рацете на германските крстоносци.

Борбата за Полоцк во првата половина на XIII век[уреди | уреди извор]

Во околу 1215 година, принцот Борис Давидович од династијата Друцк управувала со Полоцк. Неможноста на принцот Борис да ја спречи литванската офанзива, како и губењето на влијанието во земјите на Латвијците, довеле до револт на жителите на Полоцк. Смоленските кнезови го искористиле тоа. На 17 јануари 1222 година, смоленскиот принц Мстислав Давидович го освоил Полоцк и го затворил својот внук Свјатослав Мстиславич, син на тогашниот принц од Киев. Но во околу 1232 претставник на динаастијата Витебск, Брјачислав, повторно седнал на престолот во Полоцк. Тој бил последниот претставник на династијата Рурик во Кнежевство Полоцк. Во руските хроники тој се споменува во 1239 година, кога неговиот иден великодушен војвода на Владимир, Александар Невски, се оженил со неговата ќерка Василиса.

Вклучување на Полоцк во Големото Војводство Литванија[уреди | уреди извор]

Во Хроникат Биховец од 1190 година се зборува дека литванскиот принц Мингајло го освоил Полоцк и го дал градот на својот син Гинвил, кој го зел православното име Борис[5][6][7]. Сепак, оваа легенда нема историска основа.

Од почетокот на 1240-те на кнежевскиот престол во Полоцк повеќе и почесто биле кнезови со имиња на литванско потекло. Околу 1248 година, големиот војвода од Литванија, Миндовг го поставил Товтивил за принц на Полоцк, но наскоро го лишил од моќ. По помирувањето со Миндовг во 1253, Товтивил се вратил во Полоцк. Учествувал, заедно со Новгород и Псков, во кампањата за освојување на Тарту. Во 1263 година, Товивил бил убиен од принцот Тројнат во Литванија. Принцот Герден се појавил во Полоцк, но во 1267 година бил убиен.

Не е познато кој владеел со кнежевството по смртта на Герден. Можеби тоа бил принцот Изјаслав, спомнат во 1265 година како принцот од Полоцк. Во 1270-1280-тите Константин бил принц Полоцк. Со була на папата Климент V на 19 јули 1310 година, без наследници, Константин го препуштил кнежевството на архиепископот на Рига. Меѓутоа, во 1307 година, армијата на Големиот војводата Витен, на барање на Полоцк, го освоил градот. По некое време, за да не ги влоши односите со епископот, големиот војвода од Литванија го купил правото на Полоцк. Оттогаш, на престолот на Полоцк биле и неговиот брат Воин, а потоа и синот на Воин, Лубарт, кој починал во еден од судирите со витезите.

По смртта на Лубарт, на чело на Полоцк застанал најстариот син на Алгирдас, Андреј. Андреј учествувал во неколку кампањи против Редот, но по смртта на неговиот татко во август 1377 година, тој бил принуден да побегне во Псков. Новиот голем војводата од Литванија, Јагело, го дал Полоцк на својот брат, Скиргаила, кој го зел името Иван. Во 1386 година, тој бил назначен за гувернер на Јагело (кој станал крал на Полска под името Владислав II) во Литванија, а Андреј Олгедович повторно седнал на престолот во Полоцк. Подоцна, Андреј бил заробен од литванските сили.

Од 1392 година, Кнежевство Полоцк станало административна единица во рамките на Големото Литванско Војводство, управувано од гувернери. Во 1504 година, кнежевството било трансформирано во провинцијата Полоцк.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Linda Gordon (1983): Cossack Rebellions: Social Turmoil in the Sixteenth Century Ukraine (p. 241)
  2. Fennell, J. (2014). The Crisis of Medieval Russia 1200–1304. Longman History of Russia. Taylor & Francis. стр. 17. ISBN 978-1-317-87314-3. Посетено на 14 September 2018.
  3. Feldbrugge, Ferdinand J. M. (20 October 2017). A History of Russian Law: From Ancient Times to the Council Code (Ulozhenie) of Tsar Aleksei Mikhailovich of 1649 (англиски). BRILL. стр. 27. ISBN 9789004352148.
  4. „Хроника Генриха Латвийского. — С. 214“. Архивирано од изворникот на 2019-03-25. Посетено на 2019-03-25.
  5. Л. Војтович. Княжеские династии Восточной Европы
  6. Евреиновская летопись
  7. Александров Д. Н., Володихин Д. М. Борьба за Полоцк между Литвой и Русью в XII—XVI веках Архивирано на 25 август 2011 г.