Брест
Изглед
| Брест | |
|---|---|
| Полски брест (Ulmus minor) | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Нерангирано: | Скриеносеменици |
| Ред: | Розовидни |
| Семејство: | Брестови |
| Род: | Брест L. |
Брест (науч. Ulmus) — род од семејството брестови (Ulmaceae) кој опфаќа околу 20 вида, застапени во умерениот појас на северната полутопка. Високи дрвја со јајцевидни и асиметрични листови со назабен раб, со косо пресечена основа и со кратка дршка. Цветаат рано пред пролистувањето, а плодовите се сплескани, крилести оревчиња, кои зреат многу рано (април). Имаат квалитетно дрво, но масовно страдаат и се сушат од нападот на габата Ophiostoma ulmi] (холандска болест).
Во Македонија се среќаваат: полскиот брест (U. minor), планинскиот брест (U. montana) и везот (U. effusa).[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Брест“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
| Оваа статија од областа на ботаниката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|