Жорес Алферов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жорес Алферов
Zhores Alferov.jpg
Роден Жорес Иванович Алферов
15 март 1930 (1930-03-15) (88 г.)
Витебск, ССР Белорусија, Советски Сојуз
Националност советско (до 1991) / руско (од 1991)
Полиња Применета физика
Установи Јофески физичко-технолошки институт
Образование Санктпетербуршки државен електротехнички универзитет
Познат по Хетеротранзистори
Поважни награди Светска енергетска награда (2005)
Награда „Кјото“ за напредна технологија (2001)
Нобелова награда за физика (2000)
Демидова награда (1999)
Јофеска награда
Државна награда на СССР (1984)
Ленинова награда (1972)
Медал „Стујарт Балентин“ (1971)
Орден на Ленин (1986)
Сопружник Тамара Дарскаја (о. 1967)

Жорес Иванович Алферов (на руски: Жоре́с Ива́нович Алфёров; 15 март 1930) е белоруски, советски и руски физичар и академик кој има значителен придонес во создавањето на модерната хетороструктурна физика и електроника. Тој е пронаоѓач на хетеротранзисторот и добитник на Нобеловата награда за физика. Тој е исто така и руски политичар кој бил член на Рускиот парламент, Државната дума, уште од 1995 г. После тоа, тој станал еден од највлијателните членови на Комунистичката партија на Руската Федерација.

Раѓање и образование[уреди | уреди извор]

Алферов бил роден во Витебск, Белоруска ССР, Советски Сојуз, од татко Белорусин, Иван Карпович Алферов, кој бил раководител на фабрика, и од мајка Еврејка, Ана Владимировна. Жорес го добил името по францускиот социјалист Жан Жорес (Jean Jaurès) додека неговиот постар брат, Маркс го добил своето име по Карл Маркс. Во 1947 г. завршил средно училиште во Минск и се запишал на Белорускиот технички факултет. Во 1952 г. дипломирал на Електротехничкиот институт во Ленинград. Од 1953 г. работел во Физичко-техничкиот институт на Академијата на науки на СССР. Од институтот добил неколку дипломи: Член на Технолошките науки во 1961 г. и доктор на науки по физика и математика во 1970 г. Бил директор на институтот уште од 1987 г. Бил избран како член на Академијата на науки на СССР во 1972 г. и како редовен член во 1979 г. Од 1989 г. тој е заменик-претседател на Академијата на науки во СССР и претседател на Научниот центар во Санкт Петербург. Од 1995 г. член е на Државната дума и е на листата на Комунистичката партија на Руската Федерација. Во 2000 г. ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Херберт Кромер за „развој на полуспроводнички хетероструктури користени во оптоелектрониката“.

Алферов го измислил хетеротранзисторот кој се справувал со повисоки фреквенции за разлика од своите претходници, и ги револуционирал мобилните телефони и сателитските комуникации. Алферов и Кромер самостојно ја примениле оваа технологија за употреба на ласерски зраци. За возврат се револуционирал полуспроводничкиот дизајн во голем број на области, вклучувајќи ги и светлечките диоди, читачите на баркодови и компактните дискови.

Херман Гримес од Кралската академија на науките којашто доделува Нобелови награди, изјавил: Без Алферов не би било возможно да се префрлаат информациите од сателитите кон Земјата или да се има толку многу телефонски линии меѓу градовите."[1]

Истражувачка област[уреди | уреди извор]

Уште од 1962 година работел во областа на полуспроводнички хетероструктури. Неговите придонеси во физиката и технологијата на полуспроводнички хетероструктури, а особено истражувањата на инјектирање на својства, развојот на ласери, сончеви ќелии, светлечки диоди и епитаксични процеси довеле до создавање на модерната хетероструктурна физика и електроника.

Тој има речиси месијанска концепција за хетероструктурите, велејќи: „Многу научници придонеле на овој извонреден напредок, кој не само што ја одредува иднината на физиката на тврди тела во огромна мера, туку и во одредена смисла влијае врз иднината на човековата заедница.“[2]

Политичка активност[уреди | уреди извор]

Алферов со Владимир Путин

Алферов беше избран за член на Рускиот парламент, Државната дума во 1995 година како пратеник на политичката партија „Нашиот дом е Русија“, и се сметал за поддржувач на политиката на претседателот Борис Елцин. Во 1999 година тој повторно бил избран, само сега на листата на Комунистичката партија на Руската Федерација. Тој бил повторно избран во 2003 и во 2007 година, кога бил поставен на второ место на федералната изборна листа на партијата, зад Генадиј Зјуганов и пред Николај Каритонов, иако тој не бил член на партијата. Тој бил еден од потписниците на отвореното писмо до претседателот Владимир Путин од членовите на Руската академија на науки.

Непрофитни услуги[уреди | уреди извор]

Алферов служи на советодавниот совет на Цивилното истражување и Фондацијата за развој на САД.[3]

Награди[уреди | уреди извор]

Алферов говори на отворањето на Интернационалниот форум на нанотехнологијата во Москва, ноември 2010.
Руски и советски награди
  • Орден за заслуги на татковината:
    • (14 март, 2005 г.) - за исклучителен придонес за развојот на националната наука и активно учество во законодавните активности;
    • (2000 г.);
    • (4 јуни, 1999 г.) - за исклучителен придонес за развојот на националната наука и обука на висококвалификуван персонал, во врска со 275 годишнината од Руската академија на науките;
    • (15 март, 2010 г.) - за државниот придонес за развој на националната наука и многу години плодна дејност — Орден на Ленин (1986);
  • Орден на Октомвриската револуција (1980)
  • Орден на Црвеното знаме на трудот (1975)
  • Орден на Значка за чест (1959)
  • Државната награда на Руската Федерација (2001) во наука и технологија (5 август, 2002 г.), за својата работа, „основните студии на формирањето и својства на хетероструктури со квантни точки како и создавање на ласери врз основа на нив“
  • Ленинова награда (1972 г.) - за основните истражувања во полуспроводниците и хетероструктурниот развој на нови уреди врз основа на нив
  • СССР Државната награда (1984 г.) - за развивање на ISO периодични хетероструктури базирани на кватернерни цврсти раствори на A3B5 полуспроводнички соединенија
Странски награди
  • Орден на Францис Скорина (Белорусија, 17 мај, 2001 г.) - за неговиот голем личен придонес за развојот на физички науки, организацијата на белоруско-руската научна и техничка соработка, јакнење на пријателството меѓу народите на Белорусија и Русија
  • Орден на кнезот Јарослав Мудриот, (Украина, 15 мај 2003 г.) - за личен придонес за развојот на соработка меѓу Украина и Руската Федерација во социо-економските и хуманитарните сфери
  • Офицер на Легијата на честа (Франција)
Други награди
  • Нобелова награда за физика (Шведска, 2000; со Херберт Кромер и Џек Килби) - за развој на полуспроводнички хетероструктури за брза оптоелектроника
  • Ник Холоњак награда (Oптичко друштво на САД, 2000)
  • ЕПС Еврофизичка награда (Eвропското просторно друштво, 1978) - за нови дела од областа на хетероструктурата
  • Карпинска награда (Германија, 1989) - за неговиот придонес за физиката и технологијата на хетероструктурите
  • Јофеска награда (РАН, 1996) - за работа, „фотоелектрични конвертори на сончевото зрачење врз основа на хетероструктури“
  • Демејдовска награда (Научна Фондација Демејдов, Русија, 1999)
  • Награда од Кјото (Фондација Инамори, Јапонија, 2001) - за успех во создавањето на полуспроводнички ласери што работат во континуиран режим на собна температура - пионерски чекор во оптоелектрониката
  • Вернандска награда (NAS, 2001)
  • „Руската национална олимпијада“. Насловот „жива легенда“ (Русија, 2001 година)
  • Меѓународната „Награда за глобална енергија“ (Русија, 2005)
  • Знатен медал од Х. Велкер (1987) - за пионерска работа на теоријата и технологија на уредите базирани од III-V соединенија на групи
  • Медал од Стјуарт Балантин (Френклински институт, САД, 1971) - за теоретски и експериментални студии на двоен хетероструктурен ласер, кои беа креирани од страна на извори на ласерска светлина со мали димензии, кои работат во континуиран режим на собна температура
  • Златен медал од Попов (Академија на Науки, 1999)
  • SPIE Златен медал (2002)
  • Наградата Симпозиум за GaAs (1987) - за пионерската работа во полуспроводнички хетероструктури базирани на III-V соединенија и развој од групи на диодни ласери и фотодиоди
  • Доделена наградата „Златна плоча“ (Академија на достигнувања, САД, 2002)
  • XLIX Менделеев читач - 19 февруари, 1993
  • Почесен професор на медалот и MIPT (2008)
  • Почесен доктор на руско-ерменскиот универзитет (државно образовна институција на руско-ерменскиот универзитет, Ерменија, 2011)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Staff writers (10 October 2000).
  2. Lib.semi.ac.cn
  3. "Dr. Zhores I. Alferov".

Надворешни врски[уреди | уреди извор]