Лео Есаки
Лео Есаки | |
---|---|
Роден(а) | 12 март 1925 Осака, Јапонија |
Националност | Јапонец |
Полиња | Применета физика |
Познат по | електронско тунелирање, Есакиева диода |
Поважни награди | Асахиева награда (1959) Стјуарт Балантинов медал (1961) Нобелова награда за физика (1973) Харолд Пендерова награда (1989) IEEE медал на честа (1991) Јапонска награда(1998) |
Реона Есаки (јапонски: 江崎 玲於奈 12 март 1925) исто така познат како Лео Есаки е јапонски физичар кој ја споделил Нобеловата награда за физика во 1973 со Ивар Јевер и Брајан Џозефсон за неговото откритие на феноменот на електронско тунелирање. Познат е по неговиот пронајдок на есакиевата диода која го експлоатирала тој феномен. Ова истражување било изведено со "Tokyo Tsushin Kogyo" (сега познато како Sony). Тој придонел како пионер во полуспроводноста во подредени уредувања на одредени атоми на суперрешетката додека бил во ИБМ.
Животопис
[уреди | уреди извор]Бил роден во Осака, Јапонија. Студирал физика во Токискиот универзитет и таму дипломирал во 1947, а докторатот го завршил во 1959. Есаки бил награден со Нобелова награда[1] за истражување кое го спровел окулу 1958 во врска со електронско тунелирање[2] на цврсти материи. Се преселил во САД во 1960 и се придружил на ИБМ Томас Џ. Вотсоновиот истражен центар, каде што станал соработник со ИБМ во 1967. Неговата прва книга за полуспроводничката суперрешетка[3] била објавена додека бил со ИБМ. Коментар од Есаки во 1987 број на тековна содржина во врска со оригиналната книга за суперрешетките гласи:
- Оригиналната верзија на книгата била одбиена за објавување од весникот „Физичка ревизија“ под изговор за прозаичното тврдење дека било ’премногу шпекулативно‘ и ’не вклучувало нова физика‘. Сеедно, набрзо потоа овој предлог бил прифатен од армиската истражна канцеларија...[4]
Последователно, тој бил претседател на бројни јапонски универзитети, како што се Цукубискиот универзитет и Шибаурскиот институт за технологија. Од 2006 тој е претседател на Јокохамскиот аптекарски колеџ. Есаки исто така е добитник на Поредокот на културата (1974) и Поредокот на изгрејсонцето (1998).
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Голем обем на интегрирани технолошки кола : состојба на уметноста и изгледите : постапките на NATO институтот за напредно проучување на „Голем обем на интегрирани технолошки кола: Состојба на уметноста и изгледите“ Ерис, Италија, јули 15-27,1981 / уредено од Лео Есаки и Џовани Сончини (1982)
- Определување на кондензирана физичка состојба и идните изгледи / уредено од Лео Есаки (1991)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Esaki, Leo, "Long Journey into Tunneling," Nobel Lecture, Dec 12, 1973.
- ↑ doi:10.1103/PhysRev.109.603
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ Esaki, L.; Tsu, R. (1970). „Superlattice and Negative Differential Conductivity in Semiconductors“. IBM Journal of Research and Development. 14: 61. doi:10.1147/rd.141.0061.
- ↑ "This Weeks's Citation Classic", Current Contents No 28, July 13, 1987.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Leo Esaki – Biography. Retrieved Aug. 5, 2003 from http://www.nobel.se/physics/laureates/1973/esaki-bio.html Архивирано на 3 август 2004 г.
- IBM record
- IEEE History Center – Leo Esaki. Retrieved Jul. 19, 2011 from http://www.ieeeghn.org/wiki/index.php/Leo_Esaki
- Sony History – The Esaki Diode. Retrieved Aug. 5, 2003 from http://www.sony.net/Fun/SH/1-7/h5.html Архивирано на 4 август 2003 г.
- Freeview video 'An Interview with Leo Esaki' by the Vega Science Trust
|