Чандрасекара Венката Раман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сер Чандрасекара Раман
КД
சந்திரசேகர் வேங்கட ராமன்
Sir CV Raman.JPG
Роден 7 ноември 1888(1888-11-07)
Тируванекавал, Тиручирапали, Провинција Мадрас, Британска Индија
Починал 21 ноември 1970(1970-11-21) (воз. 82 г.)
Бангалор, Карнатака, Индија
Националност Индиец
Полиња Физика
Установи Индиски сектор за финансии[1]
Универзитет во Калкута
Универзитет Банарас Хинду
Индиска асоцијација за култивирање на наука
Индиски научен институт
Раманов институт за истражување
Образование Претседателски колеџ, Универзитет во Мадрас
Докторанди Г. Н. Рамачандран
Викрам Амбалал Сарабхаи
Познат по Раманов ефект
Поважни награди Knight-Bachelor.ribbon.png Витешка диплома (1929)
Хјузов медал (1930)
Nobel Prize in Physics (1930)
Барат Ратна (1954)
Ленинова награда за мир (1957)

Кралско друштво[2]
Сопружник Локасундари Аммал (1907–1970)

Сер Чандрасекара Венката Раман, КД[2] (7 ноември 1888 – 21 ноември 1970) бил индиски физичар, роден во поранешната провинција Мадрас, чии важни истражувања во полето на расејување на светлина го здобиле со нобелова награда за физика во 1930. Тој открил дека, кога светлината преминува на транспарентен матерјал, дел од отклонатата светлина ја менува брановата должина. Овој феномен сега е наречен раманово расејување и е резултат на рамановиот ефект.[3] Во 1954, тој беше почестен со највисоката граѓанска награда на Индија, Барат Ратна.[4][5]

Рани години[уреди | уреди извор]

Раман е роден во семејството Тамил Брахмин Ујер во Тируванекавал, Тиручирапали, (денеска Тиручирапали) , провинција Мадрас Тамил Наду, во Британска Индија на Парвати Амма.

Семејство[уреди | уреди извор]

Таткото на Раман најпрво предавал во училиште во Тируванекавал, станал професор по математика и физика во колеџот А.В. Нарасимха Рао, Визагапатнам (тогаш Визагапатнам) во индиската држава Андра Прадеш, а подоцна се придружил на Претседателски колеџ во Мадрас (сега Ченај).[6][1]

Рано образование[уреди | уреди извор]

На рана возраст, Раман се преселил во градот Визагапатнам и учел во Св. Алојзиус англо-индиско средно училиште. Раман го положил полуматурскиот испит на 11 години и неговиот средношколски испит (еквивалентен на денешниот матурски испит, ПУК и +2) со стипендија на 13 години.

Во 1902, Раман се придружил на претседателскиот колеџ во Мадрас каде неговиот татко предавал математика и физика.[7] Во 1904 тој го положил бакалауреатскиот испит: Тој бил прв и го освоил златниот медал по физика. Во 1907 тој добил магистарска диплома со највисок степен на почести.[1]

Kариера[уреди | уреди извор]

Во 1917, Раман поднесе оставка од својата државна служба откако тој беше назначен за прв професор по физика во универзитетот во Калкута. Во исто време, тој продолжил со истражување во индиската асоцијација за култивирање на наука (ИАКН), Колката, каде тој станал почесен секретар. На Раман овој период му бил познат како златната ера на неговата кариера. Многу од студентите се собираа околу него во ИАКН и универзитетот во Калкута.

Дијаграм за енергетско ниво кој ги покажува состојбите во рамановиот сигнал

На 28 февруари 1928, Раман предводел експерименти во ИАКН со соработниците, вклучувајќи го и К. С. Кришнан, на расејување на светлината, кога го открил она кое сега е познато како раманов ефект.[8] За овој период е направен детален опис во биографијата од Г. Венкатраман.[9] Беше веднаш јасно дека ова откритие беше од огромна вредност. Даде уште еден доказ за квантната природа на светлината. Раман имал комплициран професионален однос со К. С. Кришнан, кој изненадувачки не ја поделил наградата, но се споменува видно дури и во нобеловото предавање.[10]

Рамановата спектроскопија се појавила врз основа на оваа појава, и Ернест Радерфорд го вклучил и во неговата претседателска адреса во Кралското друштво во 1929. Раман бил претседател на 16-то заседание на индискиот научен конгрес во 1929. На него му беа доделени витезштво, и медали и почесни докторати од различни универзитети. Раман бил убеден дека ќе освои нобелова награда за физика, но се разочарал кога нобеловата награда била доделена на Овен Виланс Ричардсон во 1928 и на Луј де Број во 1929. Тој беше толку сигурен дека ќе освои награда во 1930 што дури резервирал билети во јули, иако наградите требале да бидат објавени во ноември, и ги гледал весниците секој ден за да ја види најавата за наградата , фрлајќи ги ако во нив немало ништо за тоа.[11] Тој на крај ја освоил нобеловата награда за физика во 1930 "за неговата работа на расејување на светлината и за откривање на рамановиот ефект".[12] Тој бил првиот азиец и првиот небелец да добие било каква нобелова награда за науката. Пред него Рабиндранат Тагор (исто индиец) добил нобелова награфа за литература во 1913.

Раман и Сури Бхагавантам го откриле квантниот фотонски спин во 1932, кој уште повеќе ја потврдил квантната природа на светлината.[13]

Раман соработувал со Универзитет Банарас Хинду во Варанаси; тој присуствувал на основачката церемонија на УБХ[14] и држел предавања по "математика" и "некои нови патишта по физика" за време на серија предавања организирани во УБХ од 5 фебруари до 8, 1916.[15] Исто така, тој имал функција како постојан гостински професор во УБХ.[16]

За време на неговиот мандат во ИНИ, тој го регрутирал талентираниот електротехнички студент, Г. Н. Рамачандран, кој подоцна станал истакнат рендгенски кристалографер.

Раман исто така работел на акустика на музички инструменти. Тој направил теорија за попречни вибрации за жици на гудачки инструменти, врз основа на суперпозициони брзини. Исто така, тој бил првиот кој кој ја испитувал хармоничната природа на звукот на индиските тапани како што се табла и мриданга.[17] Тој исто така бил заинтересиран за својствата на други музички инструменти базирани врз присилните вибрации како кај виолината. Исто така, тој истражувал за ширење на звукот во шептоливи галерии.[18] Рамановата работа за акустиката беше важен вовед, и експериментално и концептуално, се до неговата подоцнежна работа за оптиката и квантната механика.[19]

Раман и неговиот ученик, Нагендра Нат, дале точно теоретско објаснување за Акусто-оптичкиот ефект (светлинско расејување од звучни бранови), во серија артикли кои резултирале со прославената Раман–Натова теорија.[20] Модулатори, и прекинувачки системи засновани на овој ефект овозможија оптички комуникациони системи врз основа на ласерски системи.

Раман бил наследен од Дебендра Мохан Бозе како прв професор по физика во 1932. Во 1933, Раман го напуштил ИАКН за да се придружи на индискиот научен институт во Бангалор како негов прв директор.[21] Други истражувања спроведени од страна на Раман беа експериментални и теоретски студии за дифракција на светлината од акустични бранови од ултразвук и хиперзвучни фрекфенции (обј. 1934–1942), и оние продуцирани од ефект на X-зраци на ифрацрвени вибрации во кристали изложени на обична светлина.

Исто така, тој ја оформил компанијата Траванкор Хемикал и Мануфакторинг. (сега позната како TCM Limited) која произведлубала калиум хлорат за индустројата за чкорчиња[22] во 1943 заедно со Др. Кришнамурти. Компанијата потоа поставила четири фабрики во јужна Индија. Во 1947, тој беше назначен за прв национален професор од новата влада за независна Индија.[23]

Во 1948, Раман, преку проучување спектроскопско однесување на кристалите, пристапил на нов начин кон фундаменталните проблеми со кристалната динамика. Тој се занимавал со структурата и својствата на дијамантот, структурата и оптичкото однесување на бројни ириденсцентни супстанци (лабрадорит, бисерен фелдспат, ахат, опал, and бисери). Меѓу неговите други интереси беа оптиките на колоиди, електрична и магнетна анизотропија, и психологијата на човечкиот вид.

Раман се пенионирал од индискиот институт за наука ви 1948 и го основал Рамановиот институт за истражување| во Бангалор, Карнатака, година подоцна. Тој работел како директор и останал активен таму неговата смрт во 1970, во Бангалор, на возраст од 82.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Тој се оженил на 6 May 1907 со Локасундари Аммал (1892–1980).[24] Тие имаа два сина, Чандрасекар и и радио-астрономот Радакришна.

Раман бил татковски вујко на Субраманијан Чандрасекар, кој подоцна освоил нобелова награда за физика (1983) за неговото откритие за чандрасекарова граница во 1931 и за неговите подоцнежни трудови за нуклеарни реакции неопходни за ѕвезден развој.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

За време на патувањето во Европа во 1921, Раман ја заебележал сината боја на глечерите и Средоземното Море. Тој беше мотивиран да ја открие причината за сината боја. Раман вршел експерименти во врска со расејување на светлината од вода и транспарентни блокови од мраз, кој го објаснил феноменот.

Има настан кој служел како инспирација за рамановиот ефект. Една декемвриска вечер во 1927, рамановиот студент К. С. Кришнан (кој подоцна станал директор на националната лабораторија по физика) му ја пренел веста дека професорот Комптон ја освоил нобеловата награда за неговите студии за расејување на рендгенските зраци. Ова го доведе Раман да теоризира дека доколку комптоновиот ефект е применлив за X-зраци, тогаш тоа може да важи и за светлината, и да се извршат неколку експерименти.

Раман употребил монохроматска светлина од живина ламба која пробивала преку транспарентен материјал и паѓала на спектрограф за да го сними спектарот. Тој открил линии во спектрумот кои подоцна ги нарекол Раманови линии. Тој ја презентирал својата теорија на состанок на научници во Бангалор на 16 март 1928, и ја освоил нобеловата награда за физика во 1930.

Kниги[уреди | уреди извор]

За компактни трудови, види: Научни трудови на Ч.В. Раман, С. Рамасешан (издание).

  • Том 1 – Расејување на светлината (из. С. Рамасешан)
  • Том 2 – Акустика
  • Том 3 – Оптика
  • Том 4 – Оптика за минерали и дијаманти
  • Том 5 – Физика на кристали
  • Том 6 – Флорални бои и визуелна перцепција

Почести и награди[уреди | уреди извор]

Биста на Чандрасекара Венката Раман која се наоѓа во дворот на Бирла Индустрис и технолошкиот музеј.

Раман беше почестен со голем број на почесни докторати и членство на научни друштва.

Индија го слави националниот ден на науката на 28 февруари секоја година во чест на откривањето на рамановиот ефект во 1928.[27]

Архива на Раман научни трудови[уреди | уреди извор]

Рамановиот институт за истражување, основан од Раман по неговиот мандат во ИНИ, составува збирка од рамановите научни трудови, и артикли на интернет.[28]

Смрт[уреди | уреди извор]

На крајот на октомври 1970, тој паднал во својата лабораторија, од срцев удар. Тој бил однесен во болница каде докторите му дале уште четири часа за живеење. Тој преживеал и по неколку дена тој одбил да остане во болницата бидејќи тој преферирал да умре во градината во неговиот институт до неговите цвеќиња.

Два дена пред да умре Раман, тој им кажал на своите поранешни студенти, "Не дозволувајте списанијата на академијата да умрат, зашто тие се сензитивни индикатори за квалитетот на науката која се истражува во земјата и дали науката пушта корења во неа или не." Истата вечер, Раман се сретнал со одборот на директори од неговиот институт и дискутирал (од неговиот кревет) со нив во врска со управувањето на институтот. Раман починал од природна смрт рано следното утро на 21 ноември 1970.

Постхумно признание и современи референци[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 The Nobel Prize in Physics 1930 Sir Venkata Raman, Official Nobel prize biography, nobelprize.org
  2. 2,0 2,1 2,2 Bhagavantam, S.. Chandrasekhara Venkata Raman 1888-1970. „Biographical Memoirs of Fellows of the Royal Society“ том  17: 564–526. doi:10.1098/rsbm.1971.0022. 
  3. „Sir Venkata Raman - Biographical“. Nobel Peace Prize - Official website. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1930/raman-bio.html. конс. 6 ноември 2013 г. 
  4. „Raman, Sir Chandrasekhara Venkata“. Encyclopædia Britannica, Inc.. 2007. http://www.britannica.com/nobelprize/print?articleId=62569&fullArticle=true&tocId=9062569. конс. 11 септември 2007 г. 
  5. G. Venkataraman, Journey into light: Life and Science of C. V. Raman, Indian Academy of Science, 1988. ISBN 818532400X.
  6. Prasar, Vigyan. „Chandrasekhara Venkata Raman A Legend of Modern Indian Science“. Government of India. http://www.vigyanprasar.gov.in/scientists/cvraman/raman1.htm. конс. 7 ноември 2013 г. 
  7. This Month in Physics History February 1928: Raman scattering discovered APS News Archives February 2009 vol.18 no.2
  8. „Raman Effect Visualized“. http://www.youtube.com/watch?v=Beq0D5nFR00. конс. 15 мај 2014 г. 
  9. Journey into Light: Life and Science of C. V. Raman by G. Venkataraman, 1988, [1]
  10. „Nobel Lecture, C.V. Raman“. NobelPrize.org. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1930/raman-lecture.pdf. конс. 15 мај 2014 г. 
  11. G. Venkataraman (1995), Raman and His Effect, Orient Blackswan, стр. 50, ISBN 9788173710087 
  12. „The Nobel Prize in Physics 1930“. Nobel Foundation. http://nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1930/index.html. конс. 9 октомври 2008 г. 
  13. Nature Physics Portal
  14. BHU preserves CV Raman's association with university“, The Times of India, 8 ноември 2013 (конс. 17 јуни 2015 г).
  15. Dwivedi, B. N.. „Madan Mohan Malaviya and Banaras Hindu University“. http://www.currentscience.ac.in/Volumes/101/08/1091.pdf. конс. 17 јуни 2015 г. 
  16. Prakash, Satya (May 20, 2014). Vision for Science Education. Allied Publishers. стр. 45. ISBN 818424908X. 
  17. Raman, C.V. & Sivakali Kumar. Musical drums with harmonic overtones. „Nature“ том  104 (2620): 500. doi:10.1038/104500a0. Bibcode1920Natur.104..500R. 
  18. Raman, C.V.. On whispering galleries. „Bulletin of the Indian Association for the Cultivation of Science“ том  7: 159–172. http://repository.ias.ac.in/69841/1/69841.pdf. 
  19. Banerjee, Somaditya. C. V. Raman and Colonial Physics: Acoustics and the Quantum. „Physics in Perspective“ том  16 (2): 146–178. doi:10.1007/s00016-014-0134-8. Bibcode2014PhP....16..146B. http://link.springer.com/article/10.1007/s00016-014-0134-8. 
  20. C. V. Raman, N. S. Nagendra Nath, "The diffraction of light by high frequency sound waves. Part I", Proc. Ind. Acad. Sci., 1935
  21. „Indian Association for the Cultivation of Science (1876-)“. Indian Association for the Cultivation of Science. http://www.iacs.res.in/archive.html. 
  22. „About us“. TCM Limited - Official website. http://tcmlimited.in/tcmlimited/generalinfo/Contact.asp. конс. 6 ноември 2013 г. 
  23. Parameswaran, Umma (2011). C.V.Raman : A biography. India: Penguin. ISBN 0143066897. http://www.goodreads.com/book/show/13061583-c-v-raman. 
  24. Raman, Sir (Chandrasekhara) Venkata. Oxford University Press. 2004. http://www.oxforddnb.com/templates/article.jsp?articleid=35659. конс. октомври 2013 г. 
  25. „Padma Awards Directory (1954–2007)“ (pdf). Ministry of Home Affairs. http://www.mha.nic.in/pdfs/PadmaAwards1954-2007.pdf. конс. 26 ноември 2010 г. 
  26. „C. V. Raman: The Raman Effect“. American Chemical Society. http://portal.acs.org/portal/PublicWebSite/education/whatischemistry/landmarks/ramaneffect/index.htm. конс. 6 јуни 2012 г. 
  27. Science Day: Remembering Raman“, 27 февруари 2009.
  28. The Raman papers archive curated by Raman Research Institute, Bangalore, India. C.V. Raman and his work
  29. „Google doodle to honour Dr. C.V.Raman“. Uncle Penkle website. http://unclepenkle.com/2013/11/google-doodel-honourable-dr-c-v-raman-greatest-scientists-of-india-nov-7th/. конс. 6 ноември 2013 г. 
  30. „C.V. Raman's 125th Birthday“. Google. 7 ноември 2013. http://www.google.com/doodles/cv-ramans-125th-birthday. 
  31. Google doodle honours Indian physicist Dr. C. V. Raman“, 6 ноември 2013 (конс. 6 ноември 2013 г).
  32. „C.V.Raman Marg“. New Delhi. Wikimapia. http://wikimapia.org/street/875502/CV-Raman-Marg. конс. 6 ноември 2013 г. 
  33. „C.V.Raman nagar“. Google maps. https://maps.google.co.in/maps/ms?gl=in&ie=UTF8&oe=UTF8&msa=0&msid=111635580913567329015.00047fb1cd5ad7ba033c8. конс. 6 ноември 2013 г. 
  34. „C.V.Raman road- Bangalore“. Google maps. https://maps.google.co.in/maps?f=q&source=s_q&hl=en&authuser=0&q=CV+Raman+Rd&aq=&vps=1&jsv=468d&sll=12.987856,77.67025&sspn=0.004129,0.006899&vpsrc=0&gl=in&ie=UTF8&ct=clnk&cd=1&geocode=FRiWxgAdZqOfBA&split=0. конс. 6 ноември 2013 г. 
  35. „Center of Nano science and engineering“. Indian Institute of Sciences. http://www.cense.iisc.ernet.in/people/faculty/ambarish_students.htm. конс. 6 ноември 2013 г. 

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: