Мартин Рајл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мартин Рајл
Роден 27 септември 1918(1918-09-27)
Брајтон, Англија
Починал 14 октомври 1984(1984-10-14) (воз. 66 г.)
Кембриџ, Англија
Националност Обединето Кралство Британец
Полиња Астрономија
Докторски ментор Ј. А. Ратклиф
Познат по Радиоастрономија
Поважни награди Хјузов медал (1954)
RAS златен медал (1964)
Хенри Драперов медал (1965)
Фарадеев медал (1971)
Кралски медал (1973)
Брусов медал (1974)
Нобелова награда за физика (1974)
Сопружник Ровена Палмер (в. 1947)

Сер Мартин Рајл (англиски: Sir Martin Ryle 27 септември 191814 октомври 1984) бил англиски радиоастроном кој ги развил револуционерните радио телескопски системи и ги употребил за прецизно локализирање и отсликување на слаби радио извори. Во 1946 Рајл и Венберг биле првите да ги објават интерферомагнетните астрономски мерења на радио брановата должина, Џозеф Пафси од Сиднејскиот универзитет тврдел дека всушност тој претходно направил интерферомагнетни мерења истата година. Со напредна опрема, Рајл ги набљудувал најдалечните познати галаксии во универзумот во тоа време. Тој бил првиот професор по радиоастрономија во Кембричкиот универзитет, и основач директор на Милардовата радиоастрономска опсерваторија. Тој бил кралски астроном од 1972 до 1982. Рајл и Ентони Хјуиш ја поделиле Нобеловата награда за физика во 1974, првата Нобелова награда доделена за признание на астромонско истражување.

Биографија[уреди | уреди извор]

Мартин Рајл се родил во Брајтон, син на професор Џон Алфред Рајл и Маријам (Скали). Тој бил внук на професорот по филозифија во Оксфордскиот универзитет, Гилберт Рајл.

По студирање во Бредфилдскиот колеџ, Рајл добил диплома по физика во Оксфордскиот универзитет. Во 1939, Рајл работел со „Телекомуникациското истражно воспоставување“ на дизајн на антени за воздушна радарска опрема за време на Втората светска војна. По војната тој добил стипендија во Кавендишката лабораторија.

Во почетокот на работата на Рајл во Кембриџ, во фокусот биле радиобрановите од Сонцето. Неговите интереси набрзо се насочиле на други подрачја, сеедно, се залагал за тоа дека кембричката груа треба да создаде нови набљудувачки техники. Како резултат, Рајл бил движечката сила во создавањето и подобрувањето на астрономската интерферометрија и апертурната синтеза, која го оворила патот за огромен напредок во квалитетот на радиоастрономските податоци. Во 1946 Рајл го изградил првиот мулти-елементен астрономски радио-интерферометер.

Рајл ја предводел кембричката радиоастрономска група во создавањето на неколку важни радио-изворни каталози. Еден таков каталог, Трет кембрички каталог за радио-извори (3C) во 1959 придонел за откривањето на првиот квази-стеларен објект (квазар).

Додека работел како универзитетски професор по физика во Кембриџ од 1948 до 1959, Рајл станал директор на Милардовата радиоастрономска опсерваторија во 1957 и професор по радиоастрономија во 1959. Тој бил избран за член на Кралското друштво во 1952, бил прогласен за витез во 1966 и го наследил Сер Ричард Вули како кралски астроном од 1972–1982. Рајл и Ентони Хјуиш ја поделиле Нобеловата награда за физика во 1974, првата Нобелова награда доделена за признание на астромонско истражување. Во 1968 Рајл работел како професор по астрономија во Грешамскиот колеџ, Лондон.

Рајл починал на 14 октомви 1984, во Кембриџ. Тој се оженил со Ровена Палмер во 1947.

Астрономија[уреди | уреди извор]

Рајл понекогаш бил сметан за проблематичен соработник - тој често работел во канцеларија во Милардовата радиоастрономска опсерваторија за да не биде вознемируван од членови на Кавендишката лабораторија и да не запаѓа во вжештени расправии, како што Рајл не бил многу темпераментен. Рајл бил загрижен дека Кембрич ќе ја загуби репутацијата во радиоастрономското друштво поради тоа што други радиоастономски групи биле подобро финансирани, така што тој ги држел во тајност неговите методи на отворна синтеза со цел да ја заджи предноста на кембричката група.

Рајл имал вжештени расправии со Фред Хојл од Кембричкиот институт за астрономија окулу Хојловата теоријата за постојана состојба, расправии кои претставувале пречка во соработката помеѓу кавендишката радиоастрономска група и институтот за астрономија во периодот на 1960-те.

Рајл напишал две кратки книги за ширењето на нуклеарното оружје, "Politics of Nuclear Disarmament" (македонски: „Политика на нуклеарно разоружување“), каде се расправа за тоа дека единствениот начин да се спаси планетата Земја од комплетно нуклеарно уништување е забрана на употреба на било какви нуклеарни уреди.

Рајл бил аматерски радио оператор[1] и водител на "GB-Callsign G3CY".

Почести и награди[уреди | уреди извор]

Предавања[уреди | уреди извор]

Во 1965 Рајл бил поканет да учествува во кралските институциски бижикни предавања за "Exploration of the Universe" (македонски: „Истражување на вселената“).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: