Филип Ворен Андерсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Филип Ворен Андерсон
Andersonphoto.jpg
Роден 13 декември 1923 (1923-12-13) (воз. 93 г.)
Индианаполис, САД
Националност Американец
Полиња Физика
Установи Белови лаборатории
Принстон
Кембрички универзитет
Образование Харвард
Американски поморска истражма лабораторија
Докторски ментор Џон Хазбрук ван Флек
Поважни награди Баклиева награда (1964)
Нобелова награда за физика (1977)
Национален медал за наука (1982)

Филип Ворен Андерсон (англиски: Philip Warren Anderson 13 декември 1923) — американски физичар и добитник на Нобелова награда за физика. Андерсон има големи придонеси и во теориите за локализација, антиферомагнетизмот, нарушувањето на симетријата, високотемпературна суперпроводливост и за филозофијата на науката низ неговите записи за емергенцијата.[1]

Биграфија[уреди | уреди извор]

Андерсон е роден во Индианаполис, Индијана и израснал во Урбана, Илиноис. Тој дипломирал во месното училиште во Урбана во 1940 година. Подоцна, тој се запишал на Харвард на додипломски и подипломски студии, каде за време на војната работел во Американската поморска истражна лабораторија. додека бил дипломец ментор му бил Џон Хазбрук ван Флек.

Од 1949 до 1984 година тој работел за Беловите лаборатории во Њу Џерси, каде раотл на ралични проблеми кај кондензирана материја. За време на овој период тој ја равива т.н. Андерсонова локализација (идејата била дека издолжените состојби можат да се локализираат со присуство на неред во системот), го измисил Андерсоновиот хамилтонијан, кој го опишува месното заемодејство електроните кај преодните метали, го развил денес познатиот „Хигсовиот“ механизам за создавање на масата кај елементарните честички, го создал псевдоспинскиот пристап до BCS теоријата на суперпроводливоста, има направено истражувања во областа на не-S брановото спарување (оние за нарушување на симетријата и микоскопскиот механизам) кај супертечниот He3, и помогнал да се основа областа на вртежните-стакла. Тој бил избран за член на Американската академија на уметностите и науките во 1963 година.[2]

Од 1967 до 1975 година, Андерсон бил и професор по теориска физика на Кембричкиот универзитет. Во 1977 година Андерсон бил награден со Нобелова награда за физика за неговите истражувања на електронската структура на магнетните и неуредните системи, кои овозможиле развој на електронското прекинување и мемориските направи кај сметачите. Коистражувачите Невил Франсис Мот и Џон Хазбрук ван Флек ја поделиле Нобеловата награда. во 1982 година, бил награден со Национален медал за наука. Тој се пензионирал од Беловите лаборатории во 1984 година и денес е Џозеф Хенриев професор по физика, во пензија на Принстон.

Андерсоновите Концепти на цврстите тела (Concepts of Solids), Основни поими во физиката на кондензираната материја (Basic Notions of Condensed Matter Physics) и Теоријата на суперпроведливоста на високо-Tc купрати (The Theory of Superconductivity in the High-Tc Cuprates). Андерсон моментално е член на одборот на советници на Научници и инженери за Америка, и организација за промовирање на науката во американската влада. Тој е сертифициран првпстепен мајстор за кинеската игра Го.

Андерсон има направено важни придонеси за филозофијата на науката низ неговото објаснување на емергенцијата. Во 1972 година тој напишал мошне цитиран натпис наречен „Повеќе е поразличнп“ во кој се опфатени ограничувањата на редуктитизмот и опстојувањето на хиерархиските нивоа на науката, од која секоја побарува сопствени основни принципи за напредок.[3]

Во 2006 година статистичката анализа на научните истражувања од Хозе Солер, кој спредува бројни наводи во трудот со бројот на цитати, го прогласил Андерсон за најкративен меѓу десетте први физичари во светот.[4]

Андерсон е атеист[5] и е еден од дваесетдвајцата добитници на Нобелова награда кои го потпишале Хуманистичкиот манифест.[6]

Објавени дела[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Horgan, J. (1994) Profile: Philip W. Anderson – Gruff Guru of Condensed Matter Physics, Scientific American 271(5), 34-35.
  2. „Book of Members, 1780-2010: Chapter A“. American Academy of Arts and Sciences. http://www.amacad.org/publications/BookofMembers/ChapterA.pdf. конс. 18 април 2011 г. 
  3. Anderson, P.W.. More is Different. „Science“ том  177 (4047): 393–396. doi:10.1126/science.177.4047.393. PMID 17796623. Bibcode1972Sci...177..393A. http://robotics.cs.tamu.edu/dshell/cs689/papers/anderson72more_is_different.pdf. 
  4. A Rational Indicator of Scientific Creativity, José M. Soler, 2006.
  5. Philip W. Anderson (2011). „Imaginary Friend, Who Art in Heaven“. More and Different: Notes from a Thoughtful Curmudgeon. World Scientific. стр. 177. ISBN 9789814350129. „We atheists can, as he does, argue that, with the modern revolution in attitudes toward homosexuals, we have become the only group that may not reveal itself in normal social discourse.“ 
  6. „Notable Signers“. Humanism and Its Aspirations. American Humanist Association. http://www.americanhumanist.org/Humanism/Humanist_Manifesto_III/Notable_Signers. конс. 15 септември 2012 г. 

Извори[уреди | уреди извор]

  • Anderson, P.W. (1997). THE Theory of Superconductivity in High- Cuprates. Princeton: Princeton University Press. ISBN 0-691-04365-5. 
  • Anderson, P.W. (1997). Basic Notions of Condensed Matter Physics. Reading: Addison-Wesley. ISBN 0-201-32830-5. 
  • Anderson, P.W. (1998). Concepts in Solids: Lectures on the Theory of Solids. Singapore: World Scientific. ISBN 981-02-3231-4. 
  • Bernstein, Jeremy (1987). Three degrees above zero: Bell Laboratories in the information age. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-32983-3. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]