Џим Пиблс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џим Пиблс
Jim Peebles 2010.jpg
Пиблис во 2010 година.
РоденФилип Џејмс Едвин Пиблс
25 април 1935 (1935-04-25) (84 г.)
Винипег, Манитоба, Канада
НационалностКанаѓанец, Американец
ПолињаТеоретска физика
Физичка космологија
УстановиПринстон
Институт за напредни студии
Теза„Набљудувачки проверки на теориските проблеми поврзани со замислата дека силата на електромагнетното заемнодејство може да биде променлива“ (1962)
Докторски менторРоберт Дике
Докторанди
Познат поПозадинско микробраново зрачење
Позадинско инфрацрвено зрачење
Ладна темна материја
Лајманов алфа оддавач
Исконски изозакривен барионов модел
Квинтесенција
Рекомбинација
Острикер–Пибелсова релација
Поважни наградиЕдингтонов медал (1981)
Хајнеманова награда (1982)
Брусов медал (1995)
Златен медал на Кралското астрономско друштво (1998)
Груберова награда (2000)
Харвиева награда (2001)
Шовова награда (2004)
Крафордова награда (2005)
Дираков медал (2013)
Медал на Манитоба (2017)
Нобелова награда за физика (2019)

Филип Џејмс Едвин Пиблс OM FRS (25 април 1935) — канадско-американски астрофизичар, астроном и теориски космолог, кој моментално е пензиониран Алберт Ајнштајн професор по науки при Принстон.[1][2] На далеку е познат како еден од светските водечки теориски космолози во периодот по 1970 година, со значајни теориски придонеси за исконската нуклеосинтеза, темната материја, позадинското микробраново зрачење и создавањето на структури.

Пиблс е добитник на половина од Нобеловата награда за физика во 2019 година, за неговите теориски откритија во физичката космологија.[3] Тој ја поделил наградата со Мишел Мајор и Дидје Кело за нивното откритие на вонсончева планета во орбита околу ѕвезда налик на Сонцето.[4][5][6] При доделувањето на наградата, Пиблс забележал дека не го прифаќа поимот „Голема експлозија“, бидејќи „се однесува на настан и местоположба, а всушност тие се погрешни.“ Иако поголемиот дел од неговата работа се однесува на развојот на универзумот од неговите први секунди, тој е многу скептичен за тоа дали можеме да го осознаеме самиот почеток, и изјавил, „За голема несреќа некој мисли за почетокот, додека пак се уште ние немаме добра теорија за такво нешто како почетокот."[7]

Пиблс себеси се опишува како убедлив агностик.[8]

Младост[уреди | уреди извор]

Пиблс е роден на 25 април 1935 година во Сен Бонифас, денешен Винипег, Манитоба, Канада, како син на Ада Марион (Грин), домаќинка, и Ендру Чарлс Пиблс, кој бил вработен во Винипешката житна берза.[9] Тој дипломирал на Манитобскиот универзитет. Ја напуштил Манитоба есента 1958 година за да го продолжи своето школување на Принстон, каде и го стекнал својот докторат во 1962 година[10][11] под менторство на физичарот Роберт Дике.[12] Тој продолжил да работи на Оринстон во текот на својата кариера. Пиблс бил член на Школата за природни науки при Институтот за природни студии во текот 1977–78, тој направил дополнителни посети во текот на 1990–91 и 1998–99.[13]

Академска кариера[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел од Пиблосовата работа од 1964 година па натака е поврзана со полето на физичката космологија за да се определи потеклото на универзумот. Во 1964 година, постоел мал интерес за полето и се сметало дека претставува „слеп крај“ но Пиблс бил посветен на неговото изучување.[14] Пиблс дал големи доприноси за моделот на Големата експлозија. Со Дике и останатите (скоро две децении по Џорџ Гамов, Ралф Алфер и Роберт Херман), Пиблс го предвидел позадинското микробраново зрачење. Исто така има и значајни доприноси и за исконската нуклеосинтеза, темната материја и темната енергија, тој е водечки пионер за тероијата на космичко создавање на структури во 1970-ите. Долго пред да се смета за сериозна, квантитативна гранка на физиката, Пиблс ја изучувал физичката космологија и направил многу за нејзиното воспоставување.[15] Пиблс има изјавено, „Не станува збор за единствен чекор, некои критични откритија кој одеднаш ја направија космологијата значајна, но полето самата наука низ бројни експериментални набљудувања. Јасно е дека е едно од најважните откритија во текот на мојата кариера е откривањето на позадинското микробраново зрачење (ПМЗ), зрачење кое веднаш го привлече вниманието [...] истовремено експерименталистите заинтересирани за мерење на својствата на ова зрачење и теоретичарите, кои се придружија за анализирање на последиците“.[16] Неговиот говор за Шовова награда вели „Тој ги постави темелите за скоро сите современи истражувања во космологијата, како теориски така и набљудувачки, трансформирајќи високо шпекулативно поле во прецизна наука.“[17]

Пиблс има долго досие на иновации и основни идеи, кои подоцна биле изучувани од други научници. На пример, во 1987 година, тој го предложи исконкиот изозакривен барионски модел за развојот на раниот универзум.[18] Слично, Пиблс дал придонес и во воспоставувањето на проблемот на темната материја во почетокот на 1970-ите.[19] Пиблс е познат и по Острикер–Пибелсовата релација, за стабилноста на создавањето на галаксиите.[20]

Peebles' body of workПиблсовата работа била препозната кога р=тој ја добива Нобеловата награда за физика во 2019 година за „откритијата во теориската физичка космологија“, Пиблс поделил половина од наградата со Мишел Мајор и Дидје Кело кои биле првите кои откриле вонсончева планета околу ѕвезда од главната низа.[21]

Почести[уреди | уреди извор]

Награди
Именувани во негова чест

Наводи[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. „Princeton University Physics Department“. Архивирано од изворникот на May 11, 2011. 
  2. „Princeton University News“. Архивирано од изворникот на April 13, 2016. 
  3. Hooper, Dan. „A Well-Deserved Physics Nobel - Jim Peebles' award honors modern cosmological theory at last“, „Scientific American“, 12 октомври 2019 (посет. 13 октомври 2019 г).
  4. „The Nobel Prize in Physics 2019“. Nobel Media AB. конс. October 8, 2019. 
  5. Nobel Prize in Physics Awarded for Cosmic Discoveries - The cosmologist James Peebles split the prize with the astrophysicists Michel Mayor and Didier Queloz, for work the Nobel judges said "transformed our ideas about the cosmos."“, „The New York Times“, 8 октомври 2019 (посет. 8 октомври 2019 г).
  6. Nobel Prize in physics awarded for research on exoplanets and the structure of the universe“, „Washington Post“, 8 октомври 2019 (посет. 13 октомври 2019 г).
  7. Couronne, Ivan. „Top cosmologist's lonely battle against 'Big Bang' theory“, „Phys.org“, 14 ноември 2019 (посет. 14 ноември 2019 г).
  8. „Jim Peebles - Session II“. www.aip.org. 2015-04-01. конс. 2019-10-29. 
  9. Narins, Brigham, уред (2001). Notable Scientists from 1900 to the Present. 4 (N–S) (2 издание). Gale Group. ISBN 9780787617554. https://books.google.com/?id=piQvAQAAIAAJ&q=%22Andrew+Charles+Peebles%22&dq=%22Andrew+Charles+Peebles%22. 
  10. „Phillip James E. Peebles Astronomy, Astrophysics and Space Science“. science.ca. GCS Research Society. October 8, 2019. конс. October 8, 2019. 
  11. Peebles, Phillip James Edwin (1962). Observational tests and theoretical problems relating to the conjecture that the strength of the electromagnetic interaction may be variable (Труд). Princeton University. OCLC 83718695 – преку ProQuest.  Unknown parameter |url-access= ignored (помош)
  12. Peebles, P.J.E.. Seeing Cosmology Grow. „Annual Review of Astronomy and Astrophysics“ том  50: 1–28. doi:10.1146/annurev-astro-081811-125526. Bibcode2012ARA&A..50....1P. 
  13. „Phillip James E. Peebles“. Institute for Advanced Study. конс. October 8, 2019. 
  14. Garlinghouse, Tom (October 8, 2019). „A 'joy ride' of a career: Peebles wins Nobel Prize in Physics for tackling big questions about the universe“. Princeton University. конс. October 9, 2019. 
  15. „General Relativity's Influence and Mysteries“. Institute for Advanced Study. конс. October 8, 2019. 
  16. „Interview with James Peebles“. CERN EP newsletter. конс. May 4, 2016. 
  17. „Announcement-The Shaw Laureate in Astronomy 2004“. Shaw Foundation. конс. January 27, 2016. 
  18. Hu (June 28, 1994)
  19. de Swart, J. G.; Bertone, G.; van Dongen, J. (2017 г). How dark matter came to matter. „Nature Astronomy“ том  1 (3): 0059. doi:10.1038/s41550-017-0059. 0059. Bibcode2017NatAs...1E..59D. 
  20. Binney, James; Tremaine, Scott (1987) (на en). Galactic Dynamics. Princeton University Press. стр. 374. ISBN 9780691084459. https://books.google.com/books?id=01yNf7mipb0C&pg=PA374. 
  21. Chang, Kenneth; Specia, Megan (October 8, 2019). „Nobel Prize in Physics Awarded for Studies of Earth's Place in the Universe“. The New York Times. конс. October 9, 2019. 
  22. 22,0 22,1 Weintraub, David A. (2011) (на en). How Old Is the Universe?. Princeton University Press. стр. 317. ISBN 9780691147314. https://books.google.co.uk/books?id=oWmGcsV7N6sC. посет. 8 октомври 2019 г. 
  23. „Dannie Heineman Prize for Astrophysics | American Astronomical Society“. aas.org. конс. October 8, 2019. 
  24. „Phillip Peebles biography“. Royal Society. конс. January 24, 2017. 
  25. „The Bruce Medalists“. www.phys-astro.sonoma.edu. конс. October 8, 2019. 
  26. „Earlier Lectures - Oskar Klein Centre“. www.okc.albanova.se. конс. October 8, 2019. 
  27. Williams, D. A. (June 1, 1999). „Prof. P J E Peebles: 1998 Gold Medal“. Astronomy & Geophysics 40 (3). стр. 3.6–a–3.6. doi:10.1093/astrog/40.3.3.6-a. конс. October 8, 2019. 
  28. „2000 Gruber Cosmology Prize | Gruber Foundation“. gruber.yale.edu. конс. October 8, 2019. 
  29. „Princeton Announcements, June 2001 - Archived“. www.princeton.edu. конс. October 8, 2019. 
  30. „The Shaw Prize - Top prizes for astronomy, life science and mathematics“. www.shawprize.org. конс. October 8, 2019. 
  31. „The Crafoord Prize 2005“. www.crafoordprize.se. конс. October 8, 2019. 
  32. „Charles M. and Martha Hitchcock Lectures | Series | Berkeley Graduate Lectures“. gradlectures.berkeley.edu. конс. October 8, 2019. 
  33. „FACULTY AWARD: Peebles awarded 2013 Dirac Medal for work in theoretical physics“. Princeton University. конс. October 8, 2019. 
  34. 12 Manitobans to receive province's highest honour this summer“, „CBC.ca“, 12 мај 2017 (посет. 8 октомври 2019 г).
  35. „The Nobel Prize in Physics 2019“. Nobel Media AB. конс. October 8, 2019. 
  36. „Asteroid (18242) Peebles“. Royal Astronomical Society of Canada. конс. October 9, 2019. 

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Hu, Wayne (28 јуни 1994 г). The Nature versus Nurture of Anisotropies. „CMB Anisotropies Two Years After Cobe: Observations“: 188. Bibcode1994caty.conf..188H. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: