Прејди на содржината

Фриц Цернике

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фриц Цернике
Роден(а)16 јули 1888
Амстердам, Холандија
Починал(а)10 март 1966(1966-03-10) (возр. 77)
Амерсфорт, Холандија
НационалностХоландија Холанѓанец
ПолињаФизика
УстановиГронингенски универзитет
ОбразованиеАмстердамски универзитет
ДокторандиКристофел Бувкамп
Херман де Боер
Бернард Ниџбоер
Познат поОрнштајн-Церникова равенка
Церникови полиноми
Микроскопија на фазен контраст
Влијание одЈакобус Каптајн
Поважни наградиРумфордов медал (1952)
Нобелова награда за физика (1953)
Член на Кралското друштво

Фриц Цернике (холандски: Frits Zernike 16 јули 188810 март 1966) — холандски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика во 1953 за измислениоит фазноконтрастен микроскоп, инструмент кој овозможува проучување на внатрешната клеточна градба без потреба од боење кое ги умртвува клетките.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Цернике се родил во Амстердам, Холандија, син на Фридрих Август Цернике и Антје Дјеперинк. Двајцата родители биле професори по математика и особено ја споделил наклоноста на неговиот татко кон физиката. Тој студирал хемија, математика и физика во Амстердамскиот универзитет. Во 1912 бил награден со награда за неговата работа на опалесценција во гасовите. Во 1913 станал асистент на Јакобус Каптајн во астрономската лабораторија во Гронингенскиот универзитет. Во 1914, тој бил одговорен заедно со Леонард Саломон Орнштајн за деривацијата на Орнштајн-Церниковата равенка на теориска критична точка. Во 1915, се здобил со позицијата на теориска физика во истиот универзитет и во 1920 бил унапреден како постојан професор по теориска физика.

Истражување за физичка оптика

[уреди | уреди извор]

Во 1930, Цернике спровел истражување за спектралните линии и открил дека т.н. „духови линии“ кои се појавуваат на лево и десно од секоја примарна линија во спектри создадени од дифракција, имаат своја фаза прфрлена од таа на примарната линија за 90 степени. Тоа се случило на физичкиот и медицинскиот конгрес во Вагенинген во 1933 каде што Цернике за првпат ја опишал неговата фазноконтрастна техника во микроскопијата. Тој го проширил својот метод да ја тесира сликата на вдлабнати огледала. Неговото откритие подлежи на базата на првиот фазноконтрастен микроскоп, изграден за време на Втората светска војна.

Уште еден придонес во полето на оптиката во врска со ефикасниот опис на дефектите на сликите или оптичка аберација како микроскопите и телескопите. Застапеноста на аберациите оригинално била заснована на теорија создадена од Филип Лудвиг фон Зајдел во средината на XIX век. Зајделовата састапеност била заснована на проширување на степеновиот ред и не дозволувајќи јасна поделба помеѓу различни типови и закони на аберациите. Ортогоналниот полиномски круг на Цернике понудил решение за долготрајниот проблем на оптималното „балансирање“ на различни аберации на оптички инструмент. Од 1960-те, полиномскиот круг на Цернике е широко употребуван во оптичкиот дизајн, оптичката метрологија и анализирањето на слики.

Работата на Цернике го помогнала побудувањето на интересот за кохерентна теорија, проучувањето на делумно кохерентни светлосни извори, сега познати како Ван Читерт-Церникова теорема. Тој починал во болница во Амерсфорт, Холандија во 1966 по тешко боледување во последните години од неговиот живот.[1]

Почести и награди

[уреди | уреди извор]

Цернике бил избран за странски член на Кралското друштво и има Ердешов број од шестте.[2] Универзитетскиот комплекс на северот од градот Гронинген е именуван по него (Церников парк), исто како што е кратерот Цернике на Месечината. Правнукот на Цернике, Герард ’т Хофт, ја добил Нобеловата награда за физика во 1999.[3]

  1. Van Berkel, Klaas; Van Helden, A.; Palm, L. (1999). „Frits Zernike 1888–1966“. A History of Science in The Netherlands. Survey, Themes and Reference. Leiden: Brill. стр. 609–611. ISBN 90-04-10006-7.
  2. Jerry Grossman (April 22, 2008). „Some Famous People with Finite Erdös Numbers“. The Erdös Number Project. Архивирано од изворникот 2008-06-18. Посетено на 2008-07-15.
  3. Robert Goldwyn. „Gerardus 't Hooft Science Video Interview“.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со: