Херберт Кремер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Херберт Кремер
Податотека:Kroemer postcard.jpg
Роден 25 август 1928 (1928-08-25) (воз. 89 г.)
Вајмар, Германија
Живеалиште САД
Националност Германија Германец
САД Американец
Полиња Електротехника, Применета физика
Установи Телекомуникациско-техничка централна канцеларија
RCA лаборатории
Варијански соработништва
Колорадски универзитет
Калифорниски универзитет
Образование Јенски универзитет
Гетингенски универзитет
Докторски ментор Фриц Шутер
Докторанди Вилијам Френсли
Познат по базен транзистор
Двоен хетероструктурен ласер
Влијание од Фридрих Хунд
Фриц Хутерманс
Поважни награди Еберсова награда (1973)
Нобелова награда за физика (2000)
IEEE медал на честа[1](2002)

Херберт Кремер (германски: Herbert Kroemer 25 август 1928) германски професор по електротехника и компјутерски инженеринг во Калифорнискиот универзитет, а го добил неговиот докторат по теоретска физика во 1952 од Гетингенскиот универзите, Германија, со есејот за топлотните електронски ефекти во тогаш новиот транзистор, поставувајќи ја основата на кариера за истражување на физичките својства на полупроводнички уреди. Во 2000, Кремер, заедно со Жорес Алферов, бил награден со Нобеловата награда за физика „за развојот на полупроводнички хетероструктури кои се користат во големобрзинската електроника и оптоелектрониката“. Другиот кодобитник на Нобеловата награда бил Џeк Килби за неговиот пронајдок и развој на интегралното коло и микрочиповите“.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тој работел во бројни истражни лаборатории во Германија и во САД и предавал електротехника во Колорадскиот универзитет од 1968 до 1976. Се придружил на факултетот UCSB во 1976, фокусирајки се на неговиот полупроводничи истражен програм за зголемување на технологијата на полупроводнички материи наместо на силиконската технологија.

Кремер бил избран како член на Националната академија на инженерство во 1997 и Американската академија на науките во 2003. Тој отсекогаш работел на проблеми кои се понапредни од мејнстрим технологијата. Во 1950-те, тој го пронашол базниот транзистор и бил првиот кој посочил дека може да се стекне предност во бројни полупроводнички уреди преку инкорпорирање на хетероструктури. Најважно, во 1963 тој го предложил концептот на двојниот хетероструктурен ласер, кој сега е централен концепт во полето на полупроводничките ласери. Кремер станал ран пионер во молекуларната снопова епитаксија, концентрирајќи се на применување на технологијата врз нови неиспробани материјали.

Заедно со Чарлс Кител е ко-автор на полуларното дело "Thermal Physics" (македонски: „Термиска физика“), првпат објавено во 1980 и сеуште употребувано и денес. Тој исто така е автор на делото "Quantum Mechanics for Engineering, Materials Science and Applied Physics" (македонски: „Квантна механика за инженерство, материјална наука и применета физика“).[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Herbert Kroemer“. IEEE Global History Network. IEEE. http://www.ieeeghn.org/wiki/index.php/Herbert_Kroemer. конс. 10 август 2011 г. 
  2. H. Kroemer, Quantum Mechanics, Prentice Hall (1994)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: