Мартинус Велтман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мартинус Велтман
Martinus Veltman.jpg
Роден 27 јуни 1931 (1931-06-27) (воз. 86 г.)
Валвејк, Холандија
Националност Холандија Холанѓанец
Полиња Физика
Установи Мичигенски универзитет
Утрехтски универзитет
Образование Утрехтски универзитет
Докторанди Герард ’т Хофт
Питер ван Њувенхузен
Бернар де Вит
Поважни награди Нобелова награда за физика (1999)

Мартинус „Тини“ Велтман (холандски: Martinus Justinus Godefriedus Veltman 27 јуни 1931) е холандски теоретски физичар. Во 1999 ја споделил Нобеловата награда за физика со неговиот поранешен студент Герард ’т Хофт за нивната работа окулу честичната теорија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Мартинус Велтман бил роден во Валвејк, Холандија, на 27 јуни 1931. Почнал да изучува математика и физика во Утрехтскиот универзитет во 1948. Тој докторирал во теориската физика во 1963 и станал професор во Утрехтскиот универзитет во 1966.

Во 1963/64, за време на продолжен престој во Стенфордскиот линеарен акцелераторски центар (SLAC) тој го дизајнирал компјутерскиот програм "Schoonschip" за симболична манипулација на математички равенки, кој сега се смета за првиот компјутерски алгебарски систем.

Во 1971, Герард ’т Хофт, кој се подготвувал за докторатот под надзор на Велтман, ја ренормализирал Јанг-Милсовата теорија. Тие покажале дека ако симетрија на Јанг-Милсовата теорија треба да се реализира во спонтано скршен режим, наречен Хигсов механизам, тогаш Јанг-Милсовата теорија може да биде ренормализирана.[1][2] Ренормализацијата на на Јанг-Милсовата теорија е главно достигнување во физиката во дваесеттиот век.

Во 1981, Велтман го напуштил Утрехтскиот универзитет за да премине во Мичигенскиот универзитет.[3]

На крајот, тој ја споделил Нобеловата награда за физика во 1999 со Герард ’т Хофт „за разјаснување на квантната структура на електрослабите заемодејства во физиката“.[4] Велтман и ’т Хофт се придружиле на прославата во Утрехтскиот универзитет кога била доделена наградата.

Велтман сега е во пензија и ја стекнал титулата професор емеритус во Мичигенскиот универзитет. Астероидот 9492 Велтман е наречен во негова чест.

Во 2003, Велтман објавил книга за честичната физика за пошироката публика, насловена "Facts and Mysteries in Elementary Particle Physics" („Факти и мистерии во елементарната честична физика“), објавена од "World Scientific".

Библиографија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. G. 't Hooft and M. Veltman. Regularization and Renormalization of Gauge Fields. „Nuclear Physics B“ том  44: 189–219. doi:10.1016/0550-3213(72)90279-9. Bibcode1972NuPhB..44..189T. 
  2. Regularization and Renormalization of Gauge Fields by 't Hooft and Veltman (PDF)
  3. Martinus J. G. Veltman
  4. The Nobel Prize in Physics 1999

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: