Феликс Блох

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Феликс Блох
Felix Bloch, Stanford University.jpg
Роденоктомври 23, 1905(1905-10-23)
Цирих, Швајцарија
Починалсептември 10, 1983(1983-09-10) (воз. 77 г.)
Цирих, Швајцарија
ДржавјанствоШвајцарско, американско
НационалностШвајцарија Швајцарец
ПолињаФизика
УстановиКалифорниски универзитет
Стенфордски универзитет
ОбразованиеЕТХ Цирих
Лајпцишки универзитет
Докторски менторВернер Хајзенберг
ДокторандиКарсон Д. Џефрис
Познат поНМР
Блохов ѕид
Блохов бран
Блохова сфера
Поважни наградиНобелова награда за физика (1952)

Феликс Блох (германски: Felix Bloch 23 октомври 190510 септември 1983) бил швајцарски физичар, кој главно работел во САД.[1]

Живот и работа[уреди | уреди извор]

Блох се родил во Цирих, Швајцарија, син на евреи,[2] Густав и Агнес Блох. Се образувал во ЕТХ Цирих. Првенствено студирал инженеринг, но подоцна се префрлил на физиката. Во овој период тој посетувал семинари и предавања на Петер Дебај и Херман Вајл во ЕТХ Цирих и Ервин Шредингер во соседниот Циришки универзитет. Негов пријател студент на овие семинари бил Џон фон Нојман. По дипломирањето во 1927 продолжил со изучувањето на физиката во Лајпцишкиот универзитет со Вернер Хајзенберг, докторирајќи во 1928. Неговата докторска теза се засновала на квантната теорија за цврстите материи, употребувајќи ги Блоховите бранови да ги опише електроните.

Останал во европската академија, студирајќи со Волфганг Паули во Цирих, Нилс Бор во Копенхаген и Енрико Ферми во Рим пред за замине во Лајпциг сметајќи на позицијата како постојан професор. Во 1933, одма по доаѓањето на Хитлер на власт, ја напуштил Германија бидејќи бил Евреин.[3] Емигрирал за да работи во Стенфордскиот универзитет во 1934. Есента 1938, почнал да работи со Калифорнискиот универзитет во Беркли за да го определи магнетниот момент на неутронот.[4] Блох заминал со цел да стане првиот професор по теоретска физика во Стенфорд. Во 1939, станал официјален граѓанин на САД. За време на Втората светска војна работел на нуклеарната енергија во националната лабораторија во Лос Аламос, пред да одбие да се придружи на проектот Радар во Харвард.

По војната се фокусирал на истажувањето на нуклеарна индукција и нуклеарна магнетна резонанција.[5] Во 1946 ги предложил Блоховите равенки кои ја определувале временската еволуција на нуклеарната магнетизација. Тој и Едвард Милс Персел биле наградени во 1952 со Нобелова награда „за развојот на нови методи за прецизни магнетни нуклеарни мерења и откритијата поврзани со нив“.[6] Во 1954-1955, работел една година како прв генерален директор во CERN. Во 1961, бил прогласен за Макс Штајнов професор по физика во Стенфордскиот универзитет.

Во Стенфорд, бил советник на Карсон Д. Џефрис, кој станал професор по физика на Калифорнискиот универзитет во Беркли.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hofstadter, Robert (март 1984 г). Obituary: Felix Bloch. „Physics Today“ том  37 (3): 115–116. doi:10.1063/1.2916128. Bibcode1984PhT....37c.115H. http://www.physicstoday.org/resource/1/phtoad/v37/i3/p115_s1?bypassSSO=1. 
  2. Fraser, Gordon (2012). „Chapter 7“. The Quantum Exodus. Oxford University Press. стр. 182. ISBN 978-0-19-959215-9. http://books.google.com/books?id=xwGhmwYyDLQC&pg=PA182; hbk 
  3. "Bloch, Felix", Current Biography, H. W. Wilson Company, 1954. Accessed February 24, 2013. "Because of his Jewish faith, his position soon became uncomfortable and he went to Paris, where he lectured at the Institut Henri Poincaré."
  4. http://www.osti.gov/accomplishments/bloch.html
  5. Shampo, M A; Kyle R A (септември 1995 г). Felix Bloch--developer of magnetic resonance imaging. „Mayo Clin. Proc.“ том  70 (9): 889. doi:10.4065/70.9.889. PMID 7643644. 
  6. - Sohlman, M (Ed.) Nobel Foundation directory 2003. Vastervik, Sweden: AB CO Ekblad; 2003.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]