Николас Блумберген
Николас Блумберген | |
---|---|
![]() Николас Блумберген во 1981 | |
Роден | 11 март 1920 Дордрехт, Холандија |
Живеалиште | САД |
Државјанство | Холанѓанец американец |
Полиња | Применета физика |
Установи | Аризонски универзитет |
Образование | Лајденски универзитет Утрешки универзитет |
Докторски ментор | Едвард Милс Персел |
Други ментори | Корнелис Јакоб Гортер |
Докторанди | Петер Першан Михаел Даувнер |
Познат по | Ласерска спектроскопија |
Поважни награди | Баклиева награда (1958) Национален медал за наука (1974) Lorentz Medal (1978) Nobel Prize in Physics (1981) Медал на честа (1983) Дираков медал (1983) |
Николас Блумберген (холандски: Nicolaas Bloembergen 11 март 1920) — холандско-американски физичар и добитник на Нобелова награда за физика.
Тој својот докторат го стекнал на Лајденскиот универзитет под менторство на Корнелис Јакоб Гортер во 1948 година додека го работел својот докторат на Харвард, Блумберген исто така работел полувремено како подипломец истражен асистент за Едвард Милс Персел при МИТ радијационата лабораторија [1]. Тој станал професор на Харвард на одделот за применета физика.[1]Тој исто така бил израснат во протестантско домаќинство.[2]
Блумберген се запишал на во 1938 година на Утешкиот универзитет а да учи физика. Тој ја напушта воено разрушената Холандија во 1945 година за да продолжи со студиите на Харвард. Шест недели пред неговото пристигнување, харвардскиот професор Едвард Милс Персел (заедно со неговите подипломци Тори и Паунд) ја откриле нуклеарната магнетна резонанса. Тој бил најмен да ја изработи првата НМР машина. Додека бил на Харвард тој уживал да ги следи часовите на Џулијан Швингер, Џон Хазбрук ван Флек и Едвин Кембл. Неговата теза Нуклеарно магнетно опуштање било поднесено до Лајденскиот универзитет, каде ги поминал квалификационите критериуми. По краткиот подокторски состанок со Корнелис Јакоб Гортер во Холандија, се вработил на Харвард каде бил именуван за млад член на Друштвото на научните соработници во 1949 година и помошник професор во 1951 година.
Во 1958 година, тој станал амаерикански граѓанин.
Бил награден со Лоренцов медал во 1978 година. Блумберген ја поделил Нобеловата награда за физика во 1981 година со Артур Леонид Шавлов и Кај Сигбан за нивната работа на ласерската спектроскопија. Блумберген и Шавлов ги испитале својствата на материјата која не би можела да се забележи без ласери. Тој претходно го преобликувал масерот на Чарлс Хард Таунс. Блумберген работи на Аризонскиот универзитет.
Блумберген е припадник на плодното Томсоново академско наследно дрво, следејќи ги чекорите на другите добитнивци на Нобеловата награда започнувајки со Лородот Рејли и Џ. Џ. Томсон, и продолжува со Ернест Радерфорд, Овен Виланс Ричардсон и на крај со менторот на Блумберген, Едвард Милс Персел. Професорот Блумберген е член на одборот на спонзори на Билтенот на атомските физичари и почесен уредник на списанието списанието за нелиниска оптика физика и материјали.[3] Други кои влијаеле на неговите истражувања се Џон Хазбрук ван Флек и Перси Бриџман.
Почести[уреди | уреди извор]
- Дописен член на Кралската холандска академија на науките, Амстердам, 1956
- Член на Американска академија на науките и уметностите, 1956
- Член на Националната академија на науките, Вашингтон, 1959
- Странски почесен член на Индиската академија на науките, Бангалор, 1978
- Странски соработник на Академијата на науките, Париз, 1980
- Гугенхајмов член, 1957
- Баклиева анграда, Американско друштво на физичарите, 1958
- Либманова награда, Институт на радиоинженери, 1959
- Балентинов медал, Франклинов институт, Филаделфија, 1961
- Национален медал за наука, Претседателот на САД, 1974
- Лоренцов медал, Кралската холандска академија на науките, Амстердам, 1978
- медал, Американско друштво на оптичарите, 1979
- фон Хумболтов постар научник, 1980
- Член пензионер, Американска национална акдемија за инженерство, 1984
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ "Nicolaas Bloembergen". IEEE Global History Network. IEEE. конс. 18 July 2011.
- ↑ http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1981/bloembergen.html
- ↑ World Scientific. Journal of Nonlinear Optical Physics & Materials. Journal Editorial Board.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Николас Блумберген“ на Ризницата ? |
- Freeview video 'An Interview with Nicolaas Bloembergen' by the Vega Science Trust
- Nicolaas Bloembergen
- their contribution to the development of laser spectroscopy
- Oral History interview transcript with Nicolaas Bloembergen 27 June 1983, American Institute of Physics, Niels Bohr Library and Archives
- Autobiography at the Nobel Prize website
|
- Родени во 1920 година
- Членови на Националната академија на науките на САД
- Американски нобеловци
- Американски физичари
- Холандски нобеловци
- Холандски физичари
- Експериментални физичари
- Оптички физичари
- Членови на Француската академија на науките
- Добитници на Националниот научен медал
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Луѓе од Дордрехт
- Спектроскопичари